Нефролитиаза

Нефролитеаза (латински: Nephrolithiasis; бубрежен камен) е болест на бубрегот, поточно на меките делови на овој орган - чашки, канали - каде што болеста формира цврсти материјални супстанции - од песок до камења со големина од неколку сантиметри, кои обично пречат на правилното функционирање на овој орган.

ЕтологијаУреди

Причините сè уште не се изјаснети, стручњаците се согласуваат дека станува збор за нарушена или погрешно размена на материите.

Таа може да биде:

  • внатрешна: поврзана со особеностите на индивидуалниот организам, или
  • надворешна: определена од режимот на исхрана.

Кристалите, кои ги образуваат бубрежниот песок или камења, според хемиски состав, се делат на оксалатни, фосфатна и уратни. Нефролитиазата е најчестото заболувања на бубрезите. Во конкретната смисла за болеста може да се зборува кога се претвори во хронично, т.е. кога песокот и комбинираните од нив "камења" се образуваат редовно.

СимптомитеУреди

Симптомите се остри колики, повраќање, сеопфатна омалаксаност, крв во урината - која се покажува во крајниот стадиум на болеста, по т.нар. бубрежни кризи, кога организмот ослободува наталожените, во него, кристали.

ПревенцијаУреди

Најголемата превенција се сведува на правилна исхрана, во зависност од типот на кристалите, кои се образуваат во урината на човекот. Лекувањето е медикаментозно во острите случаи се бара хируршка интервенција за отстранување на бубрежните камења