Несреќа на Air Algerie
5017 на „Air Algerie“ — редовен меѓународен патнички лет од Уагадугу, Буркина Фасо до Алжир, кој исчезнал во Северен Мали на 24 јули 2014.[4] Неидентификуван алжирски службеник тврди дека авионот се срушил,[5] додека „Air Algerie“ изјави дека авионот се срушил во близина на Тилемси.[1] Авионот бил директен лет од „Air Algerie“ со цел да обезбеди дополнителен капацитет за време на летната сезона.[6] На 25 јули 2014 година францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека нема преживеани.[7]
Авионот во јануари 2013 година | |
Сумирани податоци за несреќа | |
---|---|
Датум | 24 јули 2014 |
Вид | под истрага |
Место | Мали[1][2] |
Патници | 110[3] |
Екипаж | 6 |
Жртви | 116 (сите) |
Повредени (нефатално) | непознато |
Преживеани | непознато |
Тип на авионот | McDonnell Douglas MD-83 |
Оператор | Swiftair за Air Algérie |
Регистрација | EC-LTV |
Полетал од | Уагадугу Аеродром, Буркина Фасо |
Дестинација | Хуари Бумедине Аеродром, Алжир |
Патници и екипаж
уредиОд вкупно 116 патници на авионот,[8] 50 биле французи.[9][10] Според портпаролката на СЕПЛА, сојуз на шпански пилоти,[11] шесте членови на екипажот биле шпанци,[12] според Swiftair.[8]
Земја | Број |
---|---|
Алжир | 6 |
Белгија | 1 |
Буркина Фасо | 27 |
Камерун | 1 |
Канада | 5 |
Египет | 1 |
Франција | 50 |
Германија | 4 |
Либан | 8 |
Луксембург | 2 |
Мали | 1 |
Нигерија | 1 |
Романија | 1 |
Шпанија | 6 |
Швајцарија | 1 |
Украина | 1 |
Вкупно | 116[13] |
Очигледна несреќа
уредиАвионот полетал од аеродромот Уагадугу во 01:07 по месно време (UTC) на 24 јули 2014. Планирано било да слета на аеродромот Хуари Бумедине во Алжир во 05:10.[14] Министерот за транспорт на Франција Фредерик Кувилиер изјавил дека авионот исчезнал некаде над Северен Мали.[15] Во 09:56 на 24 јули, „Air Algerie“ започнале потрага по авионот.[16] Според портпаролот на француската армија, два француски орбени авиони се приклучиле во потрагата по исчезнатиот авион долж веројатната рута.[11]
Извештаи за остатоците
уредиФранцуските сили пријавиле дека откриле остатоци од авионот во областа помеѓу Гао и Кидал, во пустинска област која е тешко достапна.[1] Претседателот на Мали Ибраим Бубакар Кејта изјавил дека остатоци биле пронајдени во северните пустини на земјата помеѓу Агелхок и Кидал.[2] Генералот Гилберт Диндир од армијата на Буркина Фасо изјавил деа остатоци од авионот се наоѓаат во регионот Госи на Мали, 50 километри северно од границата со Буркина Фасо.[17]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Smith-Spark, Laura (2014-07-24). „Air Algerie says missing plane apparently crashed in Mali“. CNN. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Mali president says wreckage of Air Algerie flight spotted in north“. Reuters. 2014-07-24. Архивирано од изворникот на 2014-07-24. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ Bjork, Christopher; Wall, Robert; Meichtry, Stacy (24 July 2014). „Air Algerie Flight Reported Missing With 116 on Board“. The Wall Street Journal. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Algeria lost contact with Air Algerie aircraft“. APS State News Agency via Reuters. 24 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-26. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Missing Air Algerie flight has crashed – Algerian official“. Raidió Teilifís Éireann. 24 July 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Air Algérie leasing a Swiftair MD-83 for summer“. ch-aviation. 2 July 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Air Algerie AH5017: 'No survivors' from crash in Mali“. BBC News. 25 July 2014. Посетено на 25 July 2014.
- ↑ 8,0 8,1 „ITAR-TASS: World – Air Algerie plane crashes in Niger — Algerian TV“. En.itar-tass.com. Архивирано од изворникот на 2014-07-25. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ Gianluca, Mezzofiore (24 July 2014). „Missing Air Algerie Flight AH5017: 50 French Passengers Reported Aboard Crash Flight“. International Business Times. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „'At least 50 French on missing Air Algerie flight' – The Local“. Thelocal.fr. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ 11,0 11,1 „Missing Air Algerie plane has crashed: Algerian aviation official“. Dawn. Agencies. 24 July 2014. Архивирано од изворникот 2014-07-24. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Missing Air Algerie flight: Live updates as plane vanishes off radar with 116 on board“.
- ↑ „Air Algerie Plane Missing: Flight AH5017 Disappears From Radar“. Huffington Post. 2014-07-24. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ Kaminski-Morrow, David. „Swiftair MD-83 operating missing Air Algerie service“. London: Flightglobal. Архивирано од изворникот 2014-07-24. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Algeria confirms AH5017 crash“. Al Jazeera. Архивирано од изворникот 2014-07-23. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ Air Algerie Flight AH5017: Algeria 'Loses Contact With Plane'
- ↑ Belalloufi, Amal; Ouali, Amer (2014-07-24). „Wreckage of missing Algerian airliner 'found in Mali'“. AFP. Посетено на 24 July 2014.
Надворешни врски
уреди- Несреќа на Air Algerie на Ризницата ?
- Información Incidente Aéreo / Aviation Incident Information( Архивирано на 24 јули 2014 г.). Swiftair. (шпански)