Немања Вучиќ
Немања Вучиќ (роден 11 јуни 1996 година) е српски фудбалер, кој настапува на позицијата лев бек. Моментално настапува за екипата на ФК Вождовац.
Клупска кариера
уредиПочетните години
уредиНемања е роден во Косовска Митровица. Вучиќ се преселил во Чачак, каде што ги забележал првите сениорски настапи со локалниот клуб на Слобода во српската лига Запад. Додека бил во клубот, помеѓу 2012 и 2014 година тој одиграл вкупно 17 натпревари и постигнал 2 гола.[1] Во летото 2014 година, Вучиќ се преселил во екипата на Борац од Чачак, каде што вообичаено настапувал како член на младинскиот тим и тоа до крајот на календарската година,[2] по што преминал во Нови Пазар во пролетната половина од сезоната 2014–15.[3] Бидејќи не успеал да се појави на највисокото ниво во српската фудбалска пирамида, Вучиќ го напуштил клубот по долгиот младински престој и во летото 2015 година и заминал во екипата на ФАП. Во текот на првата половина од сезоната 2015–16 во српската лига Запад, Вучиќ одиграл 11 натпревари и постигнал 3 гола за тимот. Еднаш бил избран за играч на натпреварот,[1] против составот на Шумадија1903.[4] Вучиќ за време на полусезона решил да го напушти клубот.[5]
Земун
уредиНа почетокот на 2016 година, Вучиќ му се приклучил на српскиот прволигаш Земун. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 12 март 2016 година во поразот од 2:0 на гостински терен против екипата на ОФК Бачка.[6] Подоцна, до крајот на сезоната, Вучиќ одиграл вкупно 8 натпревари, добивајќи двоен жолт картон на 25-от натпревар од лигата против екипата на Пролетер од Нови Сад.[7] На почетокот на сезоната 2015–16 во Првата лига на Србија, Вучиќ вообичаено бил како резервен избор на тренерот Драгољуб Беквалац. Тој одиграл еден натпревар во нерешениот резултат од 0:0 против екипата на Слобода од Ужице. На тој натпревар во кој бил од 3 коло, Вучиќ влегол во игра во 77 минута од натпреварот на местото на соиграчот Срѓан Ајковиќ.[8] Тој се вратил на теренот во 9 коло на натпреварот против екипата на БСК од Борча. До крајот на сезоната ги одиграл сите натпревари како стартер под водство на тренерот Милан Милановиќ. Немања Вучиќ постигнал 4 гола во текот на втората полусезона во натпреварите и тоа против екипите на Раднички од Пирот,[9] ОФК од Оџаци,[10] Будуќност од Добановци[11] и Јагодина,[12] придонесувајќи за промоцијата на неговиот клуб во српската Суперлига.[13] Вучиќ својот прв натпревар во Суперлигата го имал на 22 јули 2017 година на воведниот натпревар од сезоната 2017–18 против екипата на Младост од Лучани.[14] Во остатокот од 2017 година, Вучиќ одиграл 18 натпревари во лигата и 1 натпревар од купот, постигнувајќи 3 гола, и тоа против екипите на Раднички од Ниш,[15] Мачва од Шабац,[16] и Рад од Белград.[17] На 25 февруари 2018 година, Вучиќ бил избран за играч на натпреварот во нерешениот натпревар од 1:1 против екипата на Партизан, реализирајќи го пеналот, кој претходно го изнудил во дуелот со играчот на екипата на Партизан Лука Чучин.[18] Вучиќ се здобил со повреда подоцна во 2018 година, по што го пропуштил остатокот од сезоната.[19][20]
Репрезентација
уредиНемања Вучиќ во 2017 година бил повикан во репрезентацијата на Србија до 20 години под водство на тренерот Милан Обрадовиќ. Тој одиграл два натпревари за тимот во јуни истата година, на натпреварите против репрезентациите на Израел и Грција, заменувајќи го соиграчот Јовица Благојевиќ и во двата натпревари.[21][22] Вучиќ во месец септември 2017 година го добил својот прв повик во српскиот тим до 21 година од страна на тренерот Горан Ѓоровиќ. Во репрезентацијата редовно бил користен како резервен играч за соиграчот[23] Мирослав Богошавац во натпреварите од квалификациите за Европското првенство на УЕФА до 21 година 2019 година. Својот прв натпревар за селекцијата на ниво до 21 година го одиграл на 17 декември 2017 година на пријателскиот натпревар на гостински терен против селекцијата на Катар. На овој натпревар Вучиќ постигнал автогол.[24]
Стил на игра
уредиНемања Вучиќ е висок 1,80 метри. Тој е играч со лева нога и обично настапувал на позицијата лев бек.[25] Додека бил во младинските категории, тој се појавувал и како централен бек или дефанзивен играч за врска. Во некои ситуации, ги користел лизгачките способности и одбранбените вештини.[26] Целосно и професионално играл на врвно ниво во српскиот фудбал. Вучиќ бил опишан како играч со поизразени офанзивни одлики, кој често ја пробивал средината од екипата на противникот, но со малку полоши особини во одбранбените задачи.[27] Тој бил и прецизен изведувач на пенали. Стрелец од пенали бил за екипата на Земун во две последователни победи во месец ноември 2017 година на домашен терен и тоа над екипата на Мачва од Шабац и над составот на Рад. Тој бил означен како играч со добро водство и големо влијание во тимот.[17] Немања Вучиќ го измамил репрезентативниот голман Владимир Стојковиќ користејќи стил на Паненка во нерешениот натпревар од 1:1 на гостински терен против екипата на Партизан.[28]
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уреди- Обновено на 24 Август 2019[29]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Останати натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Слобода од Чачак | 2012–13[1] | Српска лига Запад | 8 | 1 | - | - | - | 8 | 1 | |||
2013–14[1] | 9 | 1 | - | - | - | 9 | 1 | |||||
Вкупно | 17 | 2 | - | - | - | 17 | 2 | |||||
ФАП | 2015–16[1] | Српска лига Запад | 11 | 3 | - | - | - | 11 | 3 | |||
Земун | 2015–16 | Српска прва лига | 8 | 0 | - | - | - | 8 | 0 | |||
2016–17 | 23 | 4 | 0 | 0 | - | - | 23 | 4 | ||||
2017–18 | Српска Суперлига | 23 | 6 | 1 | 0 | - | - | 24 | 6 | |||
2018–19 | 18 | 3 | 0 | 0 | - | - | 18 | 3 | ||||
Вкупно | 72 | 13 | 1 | 0 | - | - | 73 | 13 | ||||
Војводина | 2019–20 | Српска Суперлига | 1 | 0 | 0 | 0 | - | - | 1 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 101 | 18 | 1 | 0 | - | - | 102 | 18 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Vucic, Nemanja“. srbijafudbal.com (српски). Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Omladinci - sezona 2014/15“. FK Borac Čačak official website (српски). Архивирано од изворникот на 2022-02-06. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Mladi fudbalski eksperti iz Novog Pazara na Sportifico društvenoj mreži“. sportifico.rs (српски). Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Fudbal: Grujičić spasao domaćina“. sumadijapress.co.rs (српски). 21 September 2015. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Sneg i mraz odložio početak priprema srpskoligaša FAP-a iz Priboja“. infoera.rs (српски). 18 January 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Bačka – Zemun 2:0 (0:0)“. OFK Bačka Bačka Palanka official website (српски). 12 March 2016. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „PLS 25.kolo – Zemun slavio, Slobodi bod u Bačkoj Palanci“. penal.rs (српски). 4 May 2016. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Sloboda i Zemun podelili bodove“. pasaz.rs (српски). 27 August 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-06. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Zemun dominantan, ispratio Radnički kući sa četiri komada!“. zemunskenovine.rs (српски). 9 April 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Zemun savladao ekipu Odžaka minimalnim rezultatom“. ico.rs (српски). 24 April 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Budućnost Dobanovci – Zemun 0-3“. penal.rs (српски). 17 May 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Vučić za slavlje Zemunaca“. noviput.rs (српски). 22 May 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Вучић после десет година донео елиту Земунцима голом у 21. минуту“. Sportski žurnal (српски). 21 May 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Mladost - Zemun 1:1(1:1)“. FK Mladost Lučani official website (српски). 22 July 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Раднички победио Земун“. FK Radnički Niš official website (српски). 5 August 2017. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Zemun slavi Vučića, pobeda posle dva meseca“. mondo.rs (српски). 19 November 2017. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ 17,0 17,1 „Opet taj Vučić!“. mozzartsport.com (српски). 29 November 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „РЕМИ ЦРНО-БЕЛИХ У ХУМСКОЈ: Здјелар донео бод Партизану“. Večernje novosti (српски). 25 February 2018. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Lalatović: Samo da na krovu ne izgubimo!“. supersport365.com (српски). 4 April 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-31. Посетено на 30 August 2018.
- ↑ „Земунци јачи пред долазак Грађевинара, потписао Живковић“. Sportski žurnal (српски). 30 August 2018. Посетено на 30 August 2018.
- ↑ „Добро издање у Израелу селекције (У-20) која се припрема за наредни циклус квалификација за младе – 0:0“. Football Association of Serbia (српски). 5 June 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Обрадовићеви "орлићи" после ремија у Израелу, победили Грчку у Новом Саду – 3:1(1:1)“. Football Association of Serbia (српски). 9 June 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Ђоровић позвао 23 играча за Македонију и Русију“. Sportski žurnal (српски). 27 September 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Никад млађа селекција Србије до 21 године славила у Дохи против Катара -2:1(1:1)“. Football Association of Serbia (српски). 17 December 2015. Архивирано од изворникот на 22 December 2017. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Nemanja Vučić za BUTASPORT.RS: Za Vardar sam čuo iz medija, nisam upućen“. butasport.rs (српски). 26 December 2017. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Vucic, Nemanja“. YouTube (српски). 22 June 2015. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „РСБ представљање: Земун“. redstarbelgrade.rs (српски). 29 October 2017. Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ „Partizan nije loš, nego očajan: Vučić majstorski za remi Zemuna (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 25 February 2018. Посетено на 2 March 2018.
- ↑ Немања Вучиќ на soccerway
Надворешни врски
уреди- Немања Вучиќ во Фудбалскиот сојуз на Србија
- Немања Вучиќ во прва лига на Србија
- Немања Вучиќ – Профил на сајтот на УЕФА