Нектариј (охридски архиепископ)

Нектариј бил православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1598 до 1606 година.[1]

Нектариј
Ракоположеноколу 1598
Службата завршилаоколу 1606
ПретходникВалаам
НаследникМитрофан
Лични податоци
Роден16 век
Починал3 јуни 1626
Други папи наречени Нектариј

На позицијата охридски архиепископ застанал по погубувањето на Варлаам во 1598 година. Во август истата година заминал за Молдавија каде се задржал подолго време. Во 1600 година раководил со црковниот собор во Јаш, по кое заминал за Полска. Кон 1604 година заминал за Русија, како и за Холандија. Не е познато кога заминал од охридскиот престол, но се знае дека тоа станало пред или околу 1606 година.

Во 1606 година станал архиепископ на Вологда, и во Русија останал до крајот на својот живот. Истата година учествувал во крунисувањето на Михаил Романов за нов руски цар. Починал во 1626 година.

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.