Неделен ручек (филм)

„Неделен ручек“ (српски: Недељни ручак) — филм на режисерот Милан Јелиќ од 1982 година. Главните улоги ги играат: Велимир Бата Живојиновиќ, Милена Дравиќ, Неда Арнериќ и Карло Булиќ.[1]

Синопсис

уреди

Еден хирург (го игра Живоиновиќ) на возраст од околу 50 години запаѓа во криза, а логиката со која го градел својот дотогашен успешен живот почнува да откажува. Тој е растргнат меѓу жената (ја игра Дравиќ) и љубовницата, а и во професијата повеќе не наоѓа задоволство. Оттука, ненадејната можност за напредок на скалата на општествената хиерархија му се чини спасоносна, меѓутоа не може да му се оствари сонот за нов и поинаков живот. Затоа, тој им се враќа на семејството и на стварноста од која не може да се побегне.

Наводи

уреди