Неговата нова работа (филм од 1915)

Неговата нова работа (англиски: His New Job) - краток американски филм од 1915 година, во режија на Чарли Чаплин. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Били Армстронг, Агнес Ајрес, Роберт Болдер, Глорија Свансон итн.[1]

Содржина уреди

 
Постерот на филмот „Неговата нова работа“

Во филмот, Чаплин игра човек кој бара работа во филмско студио. Уште додека чека да биде примен од менаџерот, тој прави серија сплетки. Тој добива работа како помошник на сценскиот работник, но постојано упаѓа за време на снимањето на филмот. Најпосле, откако режисерот ќе влезе во кавга со еден глумец, тој добива улога во филмот, при што по грешка влегува во гардеробата на главната филмска ѕвезда и го облекува неговиот костум. Повторно, тој прави повеќе сплетки: со мечот ги прободува режисерот и еден глумец, го искривува својот меч, на глумицата ѝ кине дел од фустанот итн. Кога доаѓа главниот глумец, открива дека му го зеле костумот и влегува во кавга со Чаплин, која набргу се претвора во тепачка. На крајот, Чаплин успева да ги нокаутира режисерот и главниот глумец.[2]

Наводи уреди