Најголемата раскажана приказна (филм)
„Најголемата раскажана приказна“ е американски филм од 1965 година, во режија на Џорџ Стивенс. Главната улога во филмот ја толкува Макс фон Сидов, кому тоа му била првата улога во филм од англиското говорно подрачје. Сепак, режисерот инистирал тој да ја игра улогата на Исус Христос, зашто за таа улога сакал глумец кој не бил познат кај американската публика. Во споредна улога, во филмот се појавува и Џон Вејн, кој игра римски војник во сцената на распнувањето на Исус. Овој филм во кој се раскажува целиот живот на Исус, од раѓањето до воскресението, до ден-денес е еден од најпопуларните филмови во САД за време на велигденските празници.[1]
Наводи
уреди- ↑ "Страдањата на Исус - инспирација за режисерите", Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 10-11.