Нашата сопруга (филм од 1941)

Нашата сопруга (англиски: Our wife) е американски филм од 1941 година, во режија на Џон Стал (John M. Stahl). Сценариото го напишале П.Ј. Волфсон (P. J. Wolfson) и Лилиен Деј (Lillian Day). Главните улоги во филмот ги играат: Мелвин Даглас (Melvyn Douglas), Рут Хаси (Ruth Hussey), и Елен Дру (Ellen Drew).

Содржина уреди

Талентираниот композитор и музичар, Џери Марвин (го игра Даглас,) жали поради разводот од сопругата Бејб (ја игра Дру). За среќа, тогаш се појавува новата љубов во неговиот живот - Сузан (ја игра Хаси), која го усреќува и му носи инспирација за компонирање. Така, тој настапува со своето ново дело кое станува голем хит, па двајцата вљубени планираат да се оженат. Меѓутоа, Бејб има поинакви планови и сака повторно да го освои Џери...

Наводи уреди