Отвори го главното мени
Унгарија Унгарија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Магичните Маѓари (во 1950-тите)
Златните единаесет
СојузMagyar Labdarúgó Szövetség (МЛСЗ)
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторБелгија Џорџес Лекенс
КапитенБалаш Џуџак
Најмногу натпревариГабор Кирали (108)
Најдобар стрелецФеренц Пушкаш (84)
Домашен стадионГрупама Арена - моментално
Ференц Пушкаш стадион - од 2019 год.
ФИФА кодHUN
ФИФА моментално рангирање
53 Линија-тире.png (23 ноември 2017)
ФИФА највисоко рангирање18 Линија-тире.png (април–мај 2016)
ФИФА најниско рангирање87 Линија-тире.png (јули 1996)
Ело моментално рангирање63 Линија-тире.png (15-ти ноември 2017)
Нaјвисоко Ело рангирање1   Линија-тире.png (1953–57, 1958, 1964, 1965)
Нaјниско Ело рангирање80 Линија-тире.png (ноември 2003)
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
Австрија Австрија 5–0 Унгарија Унгарија
(Виена, Австрија; 12 октомври, 1902)
Најголема победа
Унгарија Унгарија 13–1 Франција Франција
(Будимпешта, Унгарија; 9 јуни, 1927)
Унгарија Унгарија 12–0 Албанија Албанија
(Будимпешта, Унгарија; 24 септември, 1950)
Најлош пораз
Унгарија Унгарија 0 - 7 Англија Англија
(Будимпешта, Унгарија; 10 јуни, 1908)

Англија Англија Ам. 7 - 0 Унгарија Унгарија
(Солна, Шведска; 30 јуни, 1912)
Германија Германија 7 - 0 Унгарија Унгарија
(Келн, Германија; 6 април, 1941)

Холандија Холандија 8 - 1 Унгарија Унгарија
(Амстердам, Холандија; 11 октомври, 2013)
Светско првенство
Учества9 (Првпат во 1934)
Најдобар резултатФиналисти (во 1938 и 1954 година)
Европско првенство
Учества3 (Првпат во 1964)
Најдобар резултатТрето место (1964)
Медали
Состав на Унгарија
Фудбал (мажи)
Олимписки игри
Злато Хелсинки 1952
Бронза Рим 1960
Злато Токио 1964
Злато Мексико Сити 1968
Сребро Минхен 1972
Фудбалската репрезентација на Унгарија (унгарски: Magyar labdarúgó-válogatott) го представува унгарскиот интернационален фудбал и е под раководство од фудбалската федерација на Унгарија скр. МЛСЗ (унгарски: Magyar Labdarúgó Szövetség). Унгарија има респектибилна фудбалска историја, освојувајќи три титули олимписки шампион, две финалиња на светски првенства и тоа во 1938 и 1954 година, и едно трето место на европското првенство 1964 година. Унгарците спровеле револуција во овој спорт во 1950-тите години која се базирала на тотален фудбал и доминација во интернационалниот фудбал со неповторливиот златен тим во кој играле легенди како Ференц Пушкаш, најдобриот стрелец во 20-тиот век по кој ФИФА ја именувала наградата Пушкаш. Споредна улога во оваа ера е највисокиот ранг на Ело ранг-листата на сите времиња со 2166 поени во 1954 година, една од најдолигите низови без пораз во фудбалската историја, останувајќи непоразени на 31 натпревар во повеќе од четири години вклучувајќи го и Мечот на Столетието.

И покрај овие успеси, унгарскиот национален тим доживеал огромен пад почнувајќи од елиминацијата на светското првенство 1986 година, од кога 30 последователни години не успеале да се пласираат на едно големо натпреварување. Во годините на падот го стекнале и нај слабиот ранг на ФИФА ранг-листата 87 позиција во 1996 година како и завземање на последната шеста позиција во квалификациите за европско првенство 2008 година. Во квалификациите за европското првенство 2016 успеале да изборат место на европското првенство што било најдобар успех во последните 40 години.

ИсторијаУреди

ВоведУреди

Иако Унгарија и Австрија уставно биле една држава Австро-Унгарија, тие сепак формирале посебни фудбалски асоцијации и клубови во почетокот на 20-тиот век.

1910-титеУреди

 
Унгарската репрезентација на Олимпијада 1912 година

Фудбалската репрезентација на Унгарија за прв пат се појавила на летните олимписки игри 1912 година во Стокхолм, Шведска. Тимот морал да бара донации за да биде во можност да патува. Унгарија била поразена од Англија со 7–0 и на тој начин биле елиминирани од понатамошното натпреварување. По олимписките игри одиграле два меча со тимот на Русија во Москва. На првата средба унгарците победиле со 9–0 додека на втората победиле уште по убедливо со 12–0 што и ден денеска важи за рекорд на најголема победа на Унгарија над некоја екипа. Најдобар стрелец бил Имре Шлосер кој постигнал седум гола. Почетокот на првата светска војна донел многу проблеми во унгарскиот фудбал. Репрезентацијата и клубовите доживеле големи финансиски проблеми. Во текот на војната унгарците одиграле дури 16 мечеви со тимот на Австрија. Во 1919 година англичаните побарале да се казнат екипите што ги представувале централните сили (вклучувајќи ја и Унгарија) со исклучување од ФИФА. Кога ФИФА ја одбила оваа жалба, британците (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) одлучиле да одстапат од ФИФА.


1920-титеУреди

 
Унгарската репрезентација против Полска 1924 година

На Будимпешта и била одбиена можноста за домаќинство на летните олимписки игри 1920 година кои биле одржани во Белгија. Државите кои ги представувале централните сили во првата светска војна (Германија, Австро-Унгарија, Отоманската Империја и Бугарија) биле исклучени од овие олимписки игри. Во овој период браќата Фогл (Јожеф и Карољ Фогл) играле за националниот тим. Формацијата која ја користеле унгарците била 2–3–5 која била уникатна во тоа време. Националниот тим на Унгарија играл на летните олимписки игри 1924 година во Париз, Франција. Во првиот натпревар унгарците биле подобри од тимот на Полска, меѓутоа во втората рунда изгубиле од Египет. Како последица на овој пораз селекторот на фудбалската репрезентација како и председателот на фудбалската федерација на Унгарија си поднеле оставка.

Помеѓу 1927 и 1930 година, унгарската репрезентација учествувала на европскиот куп кој се смета за прв интернационален турнир во кој земале учество тимовите на Австрија, Чехословачка, Швајцарија, Русија и Југославија. Во финалето унгарците биле поразени од тимот на Русија. На 12-ти јуни 1927 година, Унгарија го победила тимот на Франција со 13–1 што се уште важи за рекорд. Јожеф Такач постигнал шест гола.

1930-титеУреди

 
Унгарската репрезентација се подготвува за светското првенство 1938 година

Првото светско првенство било одржано во Уругвај 1930 година меѓутоа унгарската репрезентација не била поканета да учествува и не била дел од овој турнир (не постоеле квалификации). Унгарија за прв пат се појавила на светското првенство 1934 година во Италија. Првиот натпревар на светските првенства воопшто тимот на Унгарија го одиграл на 27-ми мај 1934 година против тимот на Египет победувајќи го со 4–2. На овој натпревар головите ги постигнале Пал Телеки, Геза Толди и Јене Винце. Во четврт-финалето унгарците се сретнале со нивните соседи и најголеми ривали во тоа време австријците меѓутоа загубиле со 2–1. Единствениот гол за Унгарија го постигнал Ѓерѓ Шароши. На летните олимписки игри 1936 година унгарците биле елиминирани уште во првата рунда губејќи од тимот на Полска со 0–3.

Светското првенство 1938 година било одржано во Франција. На првиот натпревар унгарците забележале убедлива победа против Холандските Антили со 6–0. На овој натпревар Шароши и Женгелер погодиле по двапати додека по еднаш во листата на стрелците се запишале Кохут и Геза Толди. Во четврт-финалето унгарците уепале да го победат тимот на Шведска со 5–1 со головите на Шаш, Шароши по еден и хет-трик на Женгелер. Во финалето одиграно на стадионот Коломбе во Париз унгарците се сретнале со тимот на Италија меѓутоа загубиле со 4–2. Двата гола за унгарската репрезентација ги постигнале Пал Титкош и Ѓерѓ Шароши.

1950-титеУреди

1960-титеУреди

1970-титеУреди

1980-титеУреди

1990-титеУреди

2000-титеУреди

2010-титеУреди