Отвори го главното мени

Националниот фудбалски тим на Германија (германски: Die deutsche Fußballnationalmannschaft) е една од трите најуспешни национални фудбалски репрезентации во историјата на фудбалот.

Германија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)The Mannschaft
Панцирите
СојузГерманска Фудбалска Асоцијација
(Deutscher Fußball-Bund — DFB)
СелекторЈоаким Лев
КапитенМихаел Балак
Најмногу натпревариЛотар Матеус (150)
Најдобар стрелецГерд Милер (68)
ФИФА моментално рангирањеGreen Arrow Up.svg 2
ФИФА највисоко рангирање1 (август 1993)
ФИФА најниско рангирање28 (март 2006)
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
 Швајцарија 5 - 3  Германија
Базел, Швајцарија 5 април 1908
Најголема победа
 Германија 16 - 0  Русија
(Стокхолм, Шведска; 1 јули, 1912)
Најлош пораз
 Англија 9 - 0  Германија
(Оксфорд, Англија; 16 март, 1909)
Светско првенство
Учества16 (Првпат во 1934)
Најдобар резултатПобедници, 1954, 1974, 1990
Европско Фудбалско Првенство
Учества10 (Првпат во 1972)
Најдобар резултатПобедници, 1972, 1980, 1996

ИсторијаУреди

Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која три пати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората Светска Војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.

Клупското првенство во сојузно ниво, Бундеслигата, е основано во 1963 година. Во тоа време најпознат германски фудбалер бил Уве Зелтер, еден од почесните четири капитен, покрај Валтер, Бекенбауер и Матеус (сите биле светски прваци). Германците следната титула ја освоила во 1974 година со генерацијата на легендарниот Франц Бекенбауер, Пол Брајтнер и еден од најдобрите голгетери на сите времиња Герд Милер. Германските играчи отсекогаш ги карактеризирала дисциплина и упорност. Токму тие особини придонесуввале за многубројните успеси. За сега последната титула ја освоила во 1990 победувајќи ја Аргентина во Италија. Прваци на Европа биле исто така во три наврати. Титулата често се одлучувала во последното коло. Германските клубови биле шест пати прваци на Европа и безброј пати освојувачи на Купот на Европа и Купот на УЕФА. Клубовите и репрезентацијата на оваат земја често се обвинувани дека не играат атрактивно[се бара извор] , но уживаат големо почитување и статус во светот на фудбалот.

СтадионУреди

Германија нема национален стадион и натпреварите кои ги игра тимот се одржуваат на различни места во земјата. До сега, стадионите во Берлин биле домаќини на натпреварите. Случајно, Берлин бил домаќин на првиот натпревар на Германија во 1908 година против тимот на Англија. Други поголеми градови во кои Германија игра фудбал се: Хамбург, Штутгарт и Хановер. Вкупно, Германија играла во 39 германски градови.

ПрекарУреди

Во Германија, тимот најчесто се нарекува „Nationalmannschaft“ (национален тим) или „Nationalelf“ (националните единаесет), додека во странските медиуми се именувани како „Mannschaft“ или во превод тимот.

ДостигнувањаУреди

Светски првенстваУреди

Година Рунда Позиција GP Поб. Нер. Изб. GS GA
  1930 повлечено - - - - - - -
  1934 трето место 3 4 3 0 1 11 8
  1938 1 рунда 10 2 0 1 1 3 5
  1950 забранета - - - - - - -
  1954 Шампиони 1 6 5 0 1 25 14
  1958 четврто место 4 6 2 2 2 12 14
  1962 четврт финале 7 4 2 1 1 4 2
  1966 второ 2 6 4 1 1 15 6
  1970 трето 3 6 5 0 1 17 10
  1974 Шампиони 1 7 6 0 1 13 4
  1978 Втора рунда 6 6 1 4 1 10 5
  1982 второ место 2 7 3 2 2 12 10
  1986 второ место 2 7 3 2 2 8 7
  1990 Шампиони 1 7 5 2 0 15 5
  1994 четврт финале 5 5 3 1 1 9 7
  1998 четврт финале 7 5 3 1 1 8 6
   2002 второ место 2 7 5 1 1 14 3
  2006 трето место 3 7 5 1 1 14 6
Вкупно 16/18 3 титули 92 55 *19 18 190 112

Европски првенстваУреди

Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
  1960 не се квалиф. - - - - - -
  1964 не се квалиф. - - - - - -
  1968 не се квалиф. - - - - - -
  1972 Шампиони 2 2 0 0 5 1
  1976 второ место 2 1 1 0 6 4
  1980 Шампиони 4 3 1 0 6 3
  1984 1 рунда 3 1 1 1 2 2
  1988 полуфиналисти 4 2 1 1 6 3
  1992 второ место 5 2 1 2 7 8
  1996 Шампиони 6 4 2 0 10 3
   2000 1 рунда 3 0 1 2 1 5
  2004 1 рунда 3 0 2 1 2 3
   2008 второ место 6 4 0 2 10 7
   2012 - - - - - -
Вкупно 3 титули 38 19 10 9 55 39

Конфедерациски купУреди

Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
  1992 не се квалиф. - - - - - -
  1995 не се квалиф. - - - - - -
  1997 не се квалиф. - - - - - -
  1999 1 рунда 3 1 0 2 2 6
   2001 не се квалиф. - - - - - -
  2003 не се квалиф. - - - - - -
  2005 трето место 5 3 1 1 15 11
  2009 не се квалиф. - - - - - -
Вкупно 2/8 8 4 1 3 17 17

Надворешни врскиУреди