Национален парк Беловешка шума

Национален парк Беловешка шума (белоруски: Белавеская пушча) — шума која се наоѓа во Белорусија, на околу 70 километри северно од Брест. Објектот официјално од 1979 година бил вклучен во списокот на УНЕСКО. Претходно, со решение бр. 657 на Советот на СССР, гората била ставена под заштита, на 9 октомври 1944 година, заповед бр. 2252-П од Советот на министрите на СССР од 1957 година, и повторно од Советот на министрите од 1991 година.

Беловешка шума
Белавеская пушча
Puszcza Białowieska
светско наследство на УНЕСКО
Białowieża National Park
Białowieża National Park
КритериумПриродно: vii
Навод33bis
Запис1979 (3то заседание)
Дополнувања1992

Шумата вклучува лабораторија и зоолошка градина каде живеат бизони, коници, дива свиња, лос и други местни животни. Исто така, има и мал музеј, ресторан и бар. Поради недостиг на финансиски средства нема голема туристичка навала на регионот.

Гората е предмет на познатата руска балада „Беловешка шума“ издадена во 1975 година од страна на Александра Пахмутова.