Национален музеј на уметноста на Украина

Координати: 50°26′58″N 30°31′52″E / 50.44944° СГШ; 30.53111° ИГД / 50.44944; 30.53111

Националниот музеј на уметноста (украински: Національний художній музей України) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Национален музеј на уметноста на Украина
Національний художній музей України
Карта
Основан1898
МестоКиев, Украина
ДиректорАнатолиј Мелник
Мреж. местоwww.namu.kiev.ua

Овој музеј е еден од најголемите во земјата како и еден од најстарите. Во текот на еден долг период на постоење, во своите простории има донирано уникатна колекција на украинското сликарство, скулптура и графика од 12 век до денес.

Историја уреди

Музејот се наоѓа во еден објект кој бил изграден во текот на 1899 година од страна на архитектот Владислав Хородетски. Градбата била во неокласичен стил, а денеска претставува споменик на архитектурата на Украина. За изградба на зградата биле потрошени 249,000 рубли, од кое Владата донирала само 100 рубли.

Подготовките за основање на еден таков вид на музеј започнеле во 1897 година, за да на 1 август 1899 биде пуштен во употреба како изложба на археолошки изложби. Во 1904 година музејот бил наречен Музеј на киевската уметност, индустрија и наука на царот Николај Александрович.

Во 1910 година во музејот бил отворен воено-историски музеј на градот Киев. Во 1918 година, со владин декрет музејот станал Прв државен музеј во земјата. Во 1924 година, неговото име биле преименувано во Музеј на украинската историја - Тарас Шевченко. Во периодор од 1930 до 1932 година, музејот се реорганизирал во марксистички музеј. До 1972 година биле донирани голем број на експонати.

Денеска, Националниот музеј на уметноста на Украина брои околу 40.000 експонати.