Парична илузија

(Пренасочено од Наслов некаков)

Парична илузија или ценовна илузија — склоност кај луѓето да ја поимуваат валутата номинално наместо реално. Со други зборови, отпечатената бројчена (номинална) вредност на парите се меша со нејзината куповна моќ (реална вредност) во некој претходен момент на општото ниво на цените (во минатото). Ова е неточно гледање, бидејќи современите валути немаат суштинска сопствена вредност, а нивната реална вредност е изведена од сите вредносни системи што го окружуваат стопанството, како што се доброто управување, добрата економика, доброто образование, добриот правен систем, добрата одбрана итн. Промените во реалната вредност со текот на времето се гледаат по промените во индексот на потрошувачки цени.[1]

Поимот го измислил Ирвин Фишер во неговото дело Стабилизирање на доларот, а истиот е популазиран од Џон Мејнард Кејнс на почетокот на XX век. Во 1928 г. Фишер ја издал книгата Паричната илузија, која претставува важно дело на оваа тема. Постоењето на паричната илузија се оспорува од монетарните економисти, со тврдењето дека луѓето постапуваат рационално кога се работи за нивното богатство (т.е. поимуваат во реални цени).[2] Елдар Шафир, Питер Дајмонд и Амос Тверски (1997) даваат емпириски докази за постоењето на овој ефект, за кој е покажано дека влијае врз поведението на потрошувачите во разни опитни и вистински ситуации.

Според Шафир и др.[3], паричната илузија влијаe врз економското поведение на три начини:

Ригидност на цените — се претпоставува дека паричната илузија е една од причините за бавното менување на номиналните цени, дури и по накачувањето на реалните цени и трошоци поради инфлација.

Договорите и законите не се прилагодуваат според инфлацијата доволно често како што рационално би се очекувало.

Забуна во општествениот дискурс — реалната и номиналната вредност често се мешаат и во формалните и неформалните медиуми.

Нешто уреди

Паричната илузија може да влијае и врз гледањето на исходите кај луѓето. Направените опити покажуваат дека луѓето гледаат негативно на намалувањето на номиналниот приход за 2% без измени во номиналната вредност, но покачувањето од 2% во номиналниот приход при инфлација од 4% го сметаат за прифатливо, иако овие две работи рационално се истоветни. Овој резултат е складен со теоријата за краткогледо одбегнување на губитоци.[4] Ова значи дека номиналните измени во цените можат да влијаат на побарувачката, дури и кога реалните цени остануваат исти.[5]

Помал наслов уреди

Паричната илузија обично се објаснува на евристички начин. Номиналните цени давааат згоден начин на утврдување на вредноста, а реалните цени се пресметуваат само ако се сметаат за мошне важни (на пр. во периоди на хиперинфлација или долгорочни договори).

Некои велат дека паричната илузија го потврдува негативниот однос меѓу инфлацијата и невработеноста опишан од Филипсовата крива, наспроти макроекономските теории како „Филипсова крива дополнета со очекување“.[6] Доколку работниците ја гледаат номиналната плата кога одлучуваат каде да се вработат, фирмите можат да ги држат реалните плати релативно пониско во период на висока инфлација, бидејќи работниците го прифаќаат привидно големото накачување во номиналната плата. Овие пониски реални плати би им овозможиле на фирмите да вработуваат повеќе луѓе во периоди на голема инфлација.

Поврзано

Економско однесување Фискална илузија Хомо економикус

Наводи уреди

  1. Извор некојси

Надворешни врски уреди