Напад на титаните (ТВ-серија)

Напад на титаните (англиски: Attack on Titan, буквално: „Напад на Титан“; јапонски: 進 撃 の 巨人 Shingeki no Kyojin, букв. „Напаѓачкиот џин“) — јапонска манга напишана и илустрирана од Хаџиме Исајама. Серијализирана во Јапонија од 2009 до 2021. Во Македонија се серијализира српското издание под наслов „Напад Титана“ од издавачот Дарквуд, кој има лиценца за повеќе земји на Балканот.

Напад на Титан лого
Логото на Напад на титаните

Тој ден човештвото се потсети...стравот да се биде под нивна контрола... понижувањето да се живе како птици во кафез...

—Први зборови на Attack on Titan[1].

Поставување на светот

уреди
 
Шематски приказ на ѕидовите со сродните области

Во алтернативниот свет, во минатото се појавиле Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) , големи суштества, физички слични на луѓето, високи меѓу три и петнаесет метри и кои немаат репродуктивен систем. Тие се примитивни суштества со ограничена интелигенција, на кои не им треба храна за да живеат, но кои ги напаѓаат луѓето и ги голтаат нивните тела.

Она што останало од човештвото преживеало со засолниште во масовните концентрични ѕидови: Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), најоддалечениот; Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), централниот; и Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), највнатрешниот, кој го штити главниот град и кралскиот двор [2]. За да се осигура дека титаните не можат да ја нападнат територијата на луѓето, ѕидовите се високи педесет метри, а единствена слаба точка се вратите што овозможуваат премин. Ѕидовите му овозможија на човештвото да ужива повеќе од еден век мир, безбедно од нападите на гигантите [3] .

Луѓето воспоставиле три заштитни воени редови: Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), кој се состои од војници кои бранат ѕидови и градови; Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) , делот што го регулира јавниот ред во градовите и има привилегија лично да му служи на кралот и да работи безбедно во највнатрешниот круг од ѕидовите; Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), организација составена од војници кои се осмелуваат надвор од ѕидините да се борат против титаните на нивната територија, со цел да откријат повеќе за непријателите, нивното потекло, нивните слабости и да најде начин дефинитивно да се победат. Редот е тој што трпи најголеми ризици и трпи најголеми загуби.

Приказната се врти околу младиот Ерен Јегер, неговата посвоена сестра Микаша Акерман и нивниот пријател од детството Армин Арлет, чии животи се превртени од напад каде се појавува колосален титан висок 60 метри, што доведува до уништување на ѕидот кој го штитеше нивниот град смртта на мајката на Ерен. Тие се придружуваат на Извидачкиот Одред и чекор по чекор разознаваат што навистина се случива во светот.

Пресврт на приказната

уреди

Делото доживува ненадеен пресврт во 21та книга. Сето тоа што ликовите веруваа е лага. Човештвото надвор од ѕидовите не е исчезнато, напротив, продолжи да се развива. Ликовите кој ги следиме се Елдијци. Стара нација која поседувајќи ја моќта на титаните вршела многу злочини во светот. 145тиот крал на Елдија, Карл Фритц, одлучил да стави крај на злочините и се повлекол со својот народ на островот Парадис, изградувајќи големи ѕидови со помош на титаните и со нивната моќ бришејќи ја меморијата на Елдијците за надворешниот свет. Секој Елдијец под посебни услови може да се претвори во титан. На другата страна од морето, малцинствата Елдијци кој останале надвор се третирани како робови. И при најмал сомнеж нивната казна е да, со инекции, се претворат во титани кој го напаѓаат Парадис. Делото зазема политички аспект. Ако досега се работеше за борба против монструми, сега се работи за војни меѓу нации.

Aдаптации

уреди

Аниме-телевизиска серија со адаптација на мангата е произведена од Вит студио (сезони 1–3) и МАППА (сезона 4). Првата сезона со 25 епизоди беше емитувана од април до септември 2013 година, проследена со втора сезона со 12 епизоди од април до јуни 2017 година. Третата сезона од 22 епизоди беше емитувана во два дела, а првите 12 епизоди беа емитувани од јули до октомври 2018 година и последните 10 епизоди се емитуваат од април до јули 2019 година. Четвртата и последна сезона беше премиерно прикажана во декември 2020 година. А последната епизода беше емитувана во 2023. Исто така делото беше адаптирано во играни филмови во 2015 и 2018.

Награди

уреди

Напад на титаните постигна критичен и комерцијален успех. Од декември 2019 година, мангата има над 100 милиони примероци во печатење ширум светот, што ја прави една од најпродаваните серии на манга на сите времиња. Добитник е на повеќе награди, вклучувајќи ги и наградите „Коданша манга“, „Атилио Микелузи“ и „Харви“.

  1. Предлошка:Cita libro
  2. „L'attacco dei giganti“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2024-02-10.
  3. „First Impressions: Attack on Titan“ (англиски). 13 aprile 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2024-02-10. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)