Нанумеја (тувалски: Nanumea) — атол во Тувалу. Нанумеја се наоѓа на северозапад од државата. Атолот е воедно и еден од деветте окрузи на Тувалу.

Нанумеја
Nanumea
атол
Сателитска снимка на Нанумеја
Сателитска снимка на Нанумеја
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Tuvalu" nor "Шаблон:Location map Tuvalu" existsМестоположба во Тувалу
Координати: 05°41′S 176°12′E / 5.683° S; 176.200° E / -5.683; 176.200Координати: 05°41′S 176°12′E / 5.683° S; 176.200° E / -5.683; 176.200
ДржаваТувалу

ГеографијаУреди

Нанумеја се наоѓа јужно од Гилбертските Острови. Нанумеја е типичен атол, каде има лагуна и мали острови распоредени на корален гребен. Вкупната големина на атолот е 12 километри во должина и 2,5 километри во ширина. Според пописот од 2002 година, атолот имал население од 664 жители, кои воглавно живеат во главното село Нанумеја кое се наоѓа во северозападниот дел од атолот. Покрај селото, куќи можат да се најдат и околу лагуната и во југоисточниот дел од атолот. Најголемите атоли од кои е составена Нанимеја се Нанумеја и Лакена. Покрај нив, во околината има и помали островчиња како што се Темотуфолики, Лефогаки и Театуа а Таепоа.

Јазик и култураУреди

Како и Тувалците, така и Нанумејците, се полинезијци кои зборуваат тувалски јазик. Јазикот е сроден со останатите полинезиски јазици како токелауански јазик или самоански јазик. Скоро сите дијалекти се слични и се разбираат меѓу себе, освен дијалектот на островот Нуи кој е дел од кирибатскиот јазик. Сепак, тувалскиот јазик се говори низ целата држава, каде е и службен покрај англискиот.

Познати личностиУреди

Користена литератураУреди

  • Chambers, Keith S. and Anne 2001 Unity of Heart: Culture and Change in a Polynesian Atoll Society. Prospect Hts, Illinois: Waveland Press (ISBN 1-57766-166-4)
  • Chambers, Anne 1984 Nanumea. (No. 6 in Atoll Economy: Social Change in Kiribati and Tuvalu.) Canberra: Australian National University, Development Studies Centre (ISBN 86784-457-4)
  • Chambers, Keith S. 1984 Heirs of Tefolaha: Tradition and Social Organization in Nanumea, a Polynesian Atoll Community. Ph.D. Dissertation, Anthropology, University of California, Berkeley (pub. by University Microfilms, Ann Arbor, Michigan)
  • Laracy, Hugh (editor) 1983 Tuvalu: a History. Suva: University of the South Pacific, Institute of Pacific Studies and Extension Services, and Funafuti: Ministry of Social Services. [21 chapters, maps, photos, appendices. Chapters written by Tuvaluan authors]

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди