Муртеза Пеза

Муртеза Пеза — македонски писател, драмски писател, раскажувач, романописец, новинар и револуционер од албанско потекло, роден е на 20 јуни 1919 година во Елбасан, Албанија, а починал на 4 декември 1981 година во Ријека, Хрватска[1].

ЖивотописУреди

Муртеза Пеза завршил учителска школа во Елбасан (Албанија), а потоа заминал во Италија, каде во Фиренца студирал филозофија и музика. Поради свои напредни идеи, бидејќи не сакал да потпише верност кон кралот и не го прифатил предлогот да стане член на Мусолиниевата Фашистичка партија, бил прогнан од Италија. Од таму се преселил во Гостивар во 1941. Веднаш се придружил на комунистичкото движење, занимавајќи се со агитационо-пропагандна дејност и испраќање вести за Народно ослободителна борба до Радио Москва, Радио Лондон и подоцна Радио Слободна Југославија.

Извесно време бил вработен како претседател на Финансовата канцеларија во Кичево на квислиншкото Албанско Кралство на почеток 1942 година, а потоа се вклучил во Народно ослободителна борба, како политички комесар на чета, на баталјон, началник на Агит-проп и уредник на „Билтен“ на Седмата македонска шиптарска НО бригада, од пролетта 1943 година. Подоцна бил заменик началник на Политичкото одделение на Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ[2].

Автор е на поголем број радио, ТВ и театарски драми и на сценариото за играниот филм „Ука од проклетие“. Добитник е на наградата Крсте Мисирков.

ДелаУреди

  • Мејтуша, роман, 1960 година;
  • Во мојата улица, роман, 1963 година;
  • Дали ќе се вратиш, раскази, 1964 година;
  • Скалите на Кел, раскази, 1964 година.

НаводиУреди

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
  2. Македонска енциклопедија 2, МАНУ - Лексикографски центар, 2009