Музеј на историјата на Киев

Музеј на историјата на Киев (украински: Музей історії Києва) — музеј во Киев посветен на историјата на градот.

Музеј на историјата на Киев
Музей історії Києва
Карта
Основан1978
МестоКиев, Украина

Музејот бил основан од страна на советот на министри на СССР на 14 ноември 1978 година. Средствата односно експонатите биле доставени од страна на Институтот за археологија на академијата на науките, како и од разни донации од страна некои компании и институции.

Овој музеј најпрвин се наоѓал во куќата на Петар Велики, а подоцна во Кловскиот дворец. Во 2004 година, во дворецот бил сместен Врховниот суд на Украина, а по ова музејот бил пренесен во Украинскиот дом.

Денеска музејот поседува околу 250.000 експонати.

Надворешни врски уреди