Метрополитен (музеј)

(Пренасочено од Музеј Метрополитен)

Музејот на уметноста „Метрополитен“ или само Мет (англ. Metropolitan Museum of Art) е музеј на уметностите кој се наоѓа на источниот крај на Централ Парк, по познатата Музејска Милја во градот Њујорк, САД. Овој музеј поседува постојана збирка која се состои од повеќе од два милиони уметнички дела, распоредени низ деветнаесет кураторски оддели.[3] Главната зграда, честопати нарекувана едноставно „Мет“ е една од најголемите уметнички галерии во светот, а втората значително помала локација се наоѓа во Горен Менхетн, во т.н. „Конаци“ (засводен/четириаголен ходник), каде што се изложуваат средновековни уметнички дела.

Музеј на уметноста „Метрополитен“
Карта
Основан1870[1][2]
Посетеност5,2 милиони[1]
ДиректорТомас П. Кембел
Јавен превоз86th Street (линија IRT - Lexington Avenue)
Мреж. местоМузеј „Метрополитен“

Во рамките на постојаната збирка се уметничките дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и современата уметност. Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста од Африка, Азија, Океанија, Византија и исламската уметност.[4] Тој исто така претставува ризница од енциклопедиски збирки музички инструменти, костими (носии) и додатоци и прастари оружја и оклопи од целиот свет.[5] Многубројни познати ентериери, кои датираат од римско време па сè до современите американски дизајнери, постојано се поставуваат во галериите на Мет.[6]

Метрополитен музејот на уметноста е основан во 1897 година од група Американци. Дел од основачите беа стопанственици и финансиери, како и водечки уметници и мислители од тој период кои имале желба да отворат музеј со цел да ја доближат уметноста до американскиот народ.[2] Музејот е отворен на 20 февруари 1872 година, а најпрво се наоѓаше на Петта авенија бр. 681.

Од 2007 година, Мет се протега на приближно една четвртина милја и зафаќа повеќе од два милиони квадратни стапки.[7]

Вовед

уреди
 
Фасадата на Метрополитан музејот на уметност е една од главните одлики на градската музејска милја на Њујорк.

Постојаната збирка на Мет е изложенаво деветнаесет оддели, за секој од нив се грижи специјализиран тим куратори, реставратори и стручњаци.[3]

Постојаната збирка се состои од уметнички дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и модерната уметност. Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста од Африка, Азија, Океанија, Византија и исламската уметност.[4] Тој исто така претставува ризница од енциклопедиски збирки музички инструменти, костими (носии) и додатоци и прастари оружја и оклопи од целиот свет.[5] Многубројни познати ентериери, кои датираат од римско време па сè до современите американски дизајнери, постојано се поставуваат во галериите на Мет.[6]

Освен постојаните изложби, Мет организира и е домаќин на голем број патувачки изложби во текот на целата година.[8]

Од јануари 2009 година, директор на музејот е Томас П. Кемпбел, долгогодишен куратор кој го замени легендарниот Филип Де Монтебело по неговото пензионирање кон крајот на 2008 година.[9][10]

Историја

уреди

Предлошка:Infobox nrhp

 
Отворање во галеријата за слики на Петта авенија бр.681, 20 февруари 1872 година. Резба на дрво објавена во неделникот „Френк Лесли“ на 9 март 1872 година.

Властите од државата Џу Јорк направија со Метрополитен музејот на уметност Договор за здружување на 13 април 1870 година «со цел создавање и одржување на музеј и библиотека за уметностите во градот Џу Јорк, поддржување и развивање на студиите за ликовни уметности и примената на уметноста во производството и природниот живот, подобрување на општото познавање на сродни теми и унапредување на државното образование.»[11]

Музејот беше отворен за првпат на 20 февруари 1872 година, со седиште во зграда сместена на Петтата авенија бр.681 во Џу Јорк. Како прв претседател беше избран Џон Тејлор Џонстон, управник на железница, чија лична уметничка збирка го исполни музејот, а издавачот Џорџ Палмер Патнам беше надзорник. Уметникот Истман Џонсон беше во улога на соосновач на музејот. Под негова раководствена палка, поседите на Мет, кои најпрво се состоеја од римски камен саркофаг и 174 претежно европски слики, нарбзо го исполни достапниот простор. Во 1873 година, по повод купувањето на збирката „Цеснола“ на кипарски антиквитети, музејот се пресели од Петта авенија и се смести во Даглас Маншн на западна 14-та улица бр.128. Сепак, овие нови простории беа само привремени, бидејќи збирката постојано растеше и имаше потреба од повеќе простор.

По преговорите со градските васти на Џу Јорк во 1871 година, Мет доби зејмиште на источната страна на Централ Парк, каде што се изгради неговата постојана зграда, „мавзолеј“ од црвени цигли, дизајниран од американскиот архитект Калверт Во и неговиот соработник Џејкоб Реј Моулд.[12] Амбициозната зграда на Во не беше добро прифатена бидејќи високиот викторијански готски стил веќе излегуваше од мода уште пред таа да биде завршена. Претседателот на Мет го оцени проектот како „грешка“.[13] Во времетраење од 20 години се готвеше нов архитектонски план, кој ја вклучи зградата на Во само како ентериер, ослободувајќи ја од многуте специфични елементи, како на пример карактеристичната фасада во Beaux-Art стил, дизајнирана од архитектот и тутор на Мет Ричард Морис Хант, завршена во 1926 година, продолжи да ја шири физичката структура на музејот, со структурата дизјанирана од Во потполно опкружена со подоцна изградени делови. (Холот на главниот влез во Мет е исто така дизајниран од Хант, кој починал пред неговото завршување. Неговиот син, Ричард Хауланд Хант го надгледуваше завршувањето на холот според одредбите на татко му.)

Од 2007 година површината на Мет изнесува приближнî четвртина милја и повеќе од два милиони квадратни стапки, што е повеќе од дваесет пати поголема од првичната зграда од 1800 година.[7]

На 19 мај 2009 година, Мет повторно го отвори американското крило, со ново претставување на дванаесет соби според периоди.[14]

Збирки

уреди

Американска декоративна уметност

уреди

Одделот за американска декоративна уметност вбројува околу 12,000 примероци од американска декоративна уметност од крајот на седуманесеттиот до почетокот на дваесеттиот век. Иако Мет го доби својот прв голем посед американска декоративна уметност преку донацијата на Маргарет Оливија Слокум Сејџ во 1909 година, сопруга на финансиерот Расел Сејџ, одделот за декоративна уметност посветен исклучиво на американски дела не беше создаде сè до 1934 година. Една од најценетите збирки од одделот за американска декоративна уметност е големата збирка американски витражи. Оваа збирка, веројатно најподробната во светот, вклучува многу парчиња од Луис Комфорт Тифани. Одделот има дваесет и пет простории од различни периоди во музејот, секоја од нив претставува реплика на цела соба, целосно наместена, од даден период или дизајнер. Моментално во сопственост на овој оддел се вбројува и една подробна збирка на сребра која е значајна бидејќи содржи бројни парчиња од Пол Ревер, како и дела од Тифани и Ко.

Американско сликарство и вајарство

уреди

Од своето основање, Метрополитен музејот на уметност става акцент на создавање збирки американска уметност. Првото дело кое стана дел од збирката на Мет беше една алегориска скулптура на Хирам Пауерс насловена како Калифоорнија, поставена уште во 1870 година, а може да се види во галериите на Мет и денес. Во следните децении, збирката на Мет од американски слики и скулптури растеше, а денес се состои од повеќе од илјада слики, шестотини скулптури и две илјади и шестотини цртежи, кои ја покриваат целата американска уметност од раниот колонијален период до раниот дваесетти век. Многу од најпознатите американски слики се дел од збирката на Мет, како на пример портретот на Џорџ Вашингтон од Гилберт Стјуарт и монументалното дело Вашингтон, поминувајќи ја реката Делавер од Емануел Луц. Збирката исто така содржи ремек дела од значајни американски сликари како Винслоу Хомер, Џорџ Кејлеб Бингам, Џон Сингер Сарџент, Џејмс Мек Нил Вистлер и Томас Екинс.

Уметност од древниот Близок Исток

уреди

Започнувајќи кон крајот на 1800-те години, Мет започна да собира древни уметнички дела и артефакти од Блискиот Исток. Од неколку табли со клинести писма и печати, збирката на Мет од Блискиот Исток порасна до повеќе од 7 000 дела. Збирката претставува историја на еден регион која започнува да постои уште во неолитскиот период и егзистира при падот на Сасаниската империја и крајот на доцниот антички период, а содржи дела од сумерската, хетитската, сасанската, асирската, вавилонската и еламската култура (меѓу другите), како и голема збирка уникатни објекти од бронзеното време. Најважните дела од збирката е монументален камен „ламасу“ или фигури на чувари од северозападната палата на асирскиот крал Ашурнасирпал II.

Оружје и оклопи

уреди
 
Оружје и оклопи, главен хол на средновековниот оддел

Одделот за оружја и околпи на Мет ја поседуа една од најпопуларните збирки. Невообичаената „парада“ на оклопни фигури на коњ поставени во галеријата за оружја и оклопи на првиот кат од е една од најпрепознатливите глетки во музејот. Одделот се фокусира на „неверојатното занаетчиство и декорација“, како парчиња кои се исклучиво наменети за изложување, што значи дека збирката е најдобрата во конкуренцијата европски средновековни и јапонски дела од петтиот до деветнаесттиот век. Сепак, овие не се единствените култури кои се претставени во овој оддел. Збирката опфаќа повеќе географски региони од кој било друг оддел, со тоа што содржи оружја и оклопи од египетските династии, Римското Царство, древниот Близок Исток, Африка, Океанија и Америка, како и американски огнени оружја (осоебно огнени оружја Колт) од деветнаесеттиот и дваесеттиот век. Помеѓу 15 000 парчиња збирката содржи парчиња изработени и употребувани од кралеви и принцови, како на пример оклопите на Хенри VII од Англија, Хенри II од Франција и Фердинанд I од Германија.

Уметност од Африка, Океанија и Америка

уреди

Иако Мет уште во 1882 година набави група перуански антиквитети, не започна заедничкиот напор да собере дела од Африка, Океанија и Америка до 1969 година, кога американскиот стопанственик и филантроп Нелсон А. Рокфелер ја донира својата збирка од 3 000 парчиња. Денес, збирката на Мет содржи повеќе од 11 000 парчиња од потсахарска Африка, островите од Тихиот Океан и Америка и е поставена во крилото Рокфелер на 40 000 квадратни стапки (4 000 квадратни метри) на јужниот крај на музејот. Збирката содржи дела како 40 000 години старите слики насликани на карпа од австралиски абориџини, до група од меморијални столбови високи петнаесет стапки, изделкани од Асматите во Нова Гвинеја, до бесценета збирка церемонијални и лични предмети од нигерискиот двор во Бенин донирани од Клаус Перлс.[15] Разновидноста на материјалите претставени во збирката од Африка, Океанија и Америка е несомнено најопширна од сите оддели во Мет, вклучувајќи се од драгоцени метали до боцки од бодликаво прасе.

Азиска уметност

уреди
 
Големиот бран кај Канагава“ од Јацушика Хокусај

Азискиот оддел на Мет поседува збирка на азиски уметничкии дела која е веројатно најголема на Западот. Збирката датира уште од самото основање на музејот. Многумина од филантропите кои ги подаруваа првите дела на музејот поседуваа и азиски дела во нивните збирки. Денес, цело крило од музејот е посветено на азиската збирка, која содржи повеќе од 60 000 парчиња и се опфаќа 4 000 години од азиската уметност. Секоја азиска цивилизација е претставена во азискиот оддел на Мет и изложените дела вклучуваат секаков вид декоративна уметност, од слики и графики до скулптури и метални производи. Одделот е познат по својата подробна збирка кинеска калиграфија и сликарство, како и по делата од Непал и Тибет. Сепак, не се прикажани само „уметнички“ и ритуални предмети во оваа збирка, туку голем дел од најпознатите парчиња се и функционални предмети. азиското крило дури поседува комплетна градина од династијата Минг, создадена според двор во Градината на господарот на мрежите за фаќање риби во Суцоу.

Институт за костуми

уреди

Музејот за уметност на костуми беше основан од Алин Бернстајн и Ирене Левисон.[16] Во 1937 година тој се соедиуни со Мет и стана Оддел на институтот за костуми. Денес, збирката содржи повеќе од 80 000 костими и додатоцик. Поради кршливата природа на предметите од збирката, Институтот за костуми не прави постојана изложба. Наìесто тоа, секоја година одржува две посебни изложби во галериите на Мет со костуми од својата збирка, така што секоја изложба се концентрира на еден дизајнер или тема. Во изминативе години, Институтот за костуми организира изложби на познати дизајнери како Шанел и Џани Версаче кои привлекуваат занчителен број посетители во Мет. Годишната гала вечер со добротворни цели на Институтот за костуми, организиран заеднички со главниот уредник на Вог Ана Винтур, е исклучително популарен и екскузивен настан во модниот свет. Во 2007 година беа достапни билети со цени кои започнуваа од 6 500 американски долари по човек.[17]

Цртежи и репродукции

уреди
 
Меленхолија I од Албрехт Дирер

И покрај тоа што другите оддели содржат значителен број цртежи и репродукции, Одделот за цртежи и графики особено се фокусира на северноамерикански парчиња и западноевропски дела создадени по Средниот век. Моментално, збирката цртежи и репродукции содржи повеќе од 11 000 цртежи, 1,5 милиони репродукции и 12 000 илустрирани книги. Збирката постојано расте уште од првата оставина од 670 цртежи беше донирана на музејот од Корнелиус Вандербилт во 1880 година. Големите мајстори на европското сликарство се подробно прикажани во збирката цртежи и репродукции. Во збирката на овој оддел се наоѓаат значителни цртежи од Микеланџело, Леонардо Да Винчи и Рембрант, како и репродукции и гравури од Ван Дајк, Дирер и Дега меѓу другите.

Египетска уметност

уреди
 
Нилскиот коњ Вилијам е маскота на Мет

Иако поголемиот дел од првичните поседи на Мет од египетска уметност се добиени од приватни збирки, во моментов околу половина од збирката се дела пронајдени за време на археолошките ископувања на музејот направени од 1906 до 1941 година, кои дотогаш не биле откриени. Повеќе од 36 000 поединечни парчиња египетски дела од палеолеолитот, па сè до Стариот Рим се дел од египетската збирка на Мет, а скоро сите се изложени масивното крило на музејот кое се состои од 40 египетски галерии. Помеѓу највредните дела во египетската збирка на Мет се и 24 дрвени модели, откриени во гробот на Деир Ел-Бахри во 1920 година. Овие модели го опишуваат египетскиот живот во почетокот на Средното кралство: чамци, градини и сцени од секојдневниот живот претставени во минијатура. Сепак, најпопуларен дел од Одделот за египетска уметност останува Храмот од Дендур. Демонтиран од египетската влада за да се заштити од водите кои надоаѓаа поради градењето на високата брана Асван, големиот песочен храм беше подарен на САД во 1965 година и составен во крилото Саклер на Мет во 1978 година. Сместен во голема просторија, делумно заобиколен од рефлектирачки круг и осветлен од стаклен ѕид кој гледа кон Централ Парк, Храмот од Дендур е една од најдолготрајните атракции. Најстариот предмет во Мет, археулиски кремени од Деир Ел-Бахри кои датираат од раниот палеолитски период (помеѓу 300 000 - 75 000 година п.н.е.), сèе дел од египетската збирка.

Европско сликарство

уреди
 
Девојка со стомна“ од Јан Вермер

Иако збирката од европски слики на Мет брои само околу 2 200 дела, содржи голем број од светските најпрепознатливи слики. Најголемиот дел од набавките во Мет се врши во овој оддел, првенствено фокусирајќи се на европското сликарство, со акцент на француски, италијански и холандски сликари. Многу важни сликари се претставени во поседите на Мет: музејот поседува триесет и седум слики на Моне, дваесет и едно масло на платно од Пол Сезан и осумнаесет дела од Рембрант меѓу кои и „Аристотел со бистата на Хомер“. Петте слики на Јан Вермер се најголемата збирка на овој сликар во светот. Други значителни дела се Автопортрет со сламена шапка на Ван Гог, Жетварите на Питер Бројгел постариот, Гатачката на Жорж де ла Тур, Поглед на Толедо на Ел Греко, Колона слика зад олтар на Рафаел, Последна причесна на св. Џером на Ботичели и Смртта на Сократ на Јак Луј Давид. Во последниве децении, Мет ја смени својата политика на купување минорни дела со цел да набави помал број „првокласни“ дела. Иако оваа политика останува контроверзна, Мет доби бројни исклучителни (и исклучително скапи) ремек дела за збирката европски слики, почнувајќи со Хуан де Пареха на Диего Веласкес во 1971 година. Понеодамнешно купување е Мадона со дете на Дучио, која го чини музејот повеќе од 45 милиони американски долари, двапати повеќе од сумата за која било друга слика. Сликата е малку поолема од 150 мм (9 на 6 инчи), но се нарекува „Мона Лиза на Мет“.

Европско вајарство и декоративна уметност

уреди
 
Оддел за европски скулптури

Збирката европски скулптури и декоративна уметност е еден од најголемите оддели на Мет, со повеќе од 50 000 одделни парчиња од 1400-те години, па сè до почетокот на дваесеттиот век. Иако збирката е фокусирана особено на ренесансна скулптура, од која голм дел е обиколена со современ мебел и декорации, исто така содржи подробна збирка мебел, накит, стакло и керамика, таписерии, текстил и часовници и математички инструменти. Посетителите можат да влезат во дванаесетина целосно опремени простории од различен период, пренесени во целост во галериите на Мет. Збирката содржи дури и цело поплочено двориште од шеснаесеттиот век од шпанскиот дворец Велез Бланко, реконструиран во галерија од два ката. Вајарски главни дела во овој хаотичен оддел се Оргија на Бернини, калапот за Граѓаните од Кале на Роден и неколку уникатни дела на Худон, како на пример Биста на Волтер и неговиот славен портрет од ќерка му Сабина.

Грчка и римска уметност

уреди
 
Римска галерија

Збирката на Мет на грчка и римска уметност содржи повеќе од 35 000[18] дела кои датираат од 312 п.н.е. Грчката и римската збирка датираат од основањето на музејот, всушност првиот заведен предмет бил римски саркофаг, кој сѐ уште е изложен. Иако збирката најчесто се фокусира на предмети од Стара Грција и Римското Царство, овие историски региони претставуваат широк опсег на култури и уметнички стилови, од класичните грчки вази со црни и црвени фигури до гравирани значки од римски војнички облеки. Некои од главните дела од оваа збирка се Еуфрониос кратер сликајќи ја смртта на Сарпедон (која неодамна беше префлена во сопственост на Италија), монументалниот саркофаг Аматус и беспрекорно подробната етрурска кочија позната како Кочија Монтелеоне. Збирката исто така содржи многу парчиња кои датираат многу порано од грчката и римската империја, меѓу кои најзабележителна е збирката кикладски скулптури од средината на третиот милениум п.н.е., многу од нив се толку апстрактни што се чинат како современи уметнички дела. Грчката и римската галерија исто така содржат големи класични ѕидни слики и релјефи од различни периоди, како на пример целосно реконтруираната спална соба од една благородничка вила во Боскореале, ископана по нејзиното затрупување од ерупцијата на Везув во 79 година п.н.е. Во 2007 година, грчките и римските галерии бåа проширени за околу 6 000 квадратни метри (60 000 квадратни стапки), што овозможи поголемиот дел од збирката да биде постојано изложена.[19]

Исламска уметност

уреди

Збирката на исламска уметност на Мет не е строго определена на религиската уметност, но сепак содржи значителна бројка предмети кои биле создадени за религиски цели или како декоративни елементи во џамиите. Голем дел од големата збирка од 12 000 парчиња се состои од свтовни предмети, како керамика и текстил, од исламските култури од Шпанија, до Северна Африка, па сè до Средна Азија. Збирката минијатурни слики од одделот за исламска уметност од Иран и Могулското царство се најзначајните во збирката. Религиозната и световна калиграфија се одлично претставени во одделот за исламска уметност, започнувајќи од официјалните декрети на Сулејман Величествен, па сè до бројни ракописи од Куранот, кои одразуваат различни периоди и стилови во калиграфијата. Како и многу други оддели во Мет, галериите за исламска уметност содржат многу предмети од ентериери, како на пример една цела реконструирана соба Нур Ал-Дин од куќа од Дамаск која датира од почетокот на осумнаесеттиот век. Галериите за исламска уметност се рекнструираат од 2001 година и треба да се отворат на почетокот на 2011 година. До тогаш, мал број избрани предмети од оваа збирка се поставени привремено низ целиот музеј.[20]

Збирка Роберт Леман

уреди

По смртта на банкарот Роберт Леман во 1969 година, неговата Фондација донираше околу 3 000 уметнички дела на музејот. Сместена во „Крилото Роберт Леман“, музејот ја нарекува збирката „една од најневообичаените приватни уметнички збирки некогаш составени во САД“.[21] За да ја истакне личната природа на збирката Роберт Леман, Мет ја смести во специјален збир галерии кои потсетуваат на богато украсениот ентериер на куќата на Леман. Ова намерно одделување на збирката како „музеј во музејот“ предизвика различни критики и пофалби и покрај тоа што здобивањето со оваа збирка се смета за огромен успех за Мет.[22] За разлика од другите оддели, збирката Роберт Леман не се фокусира на специфични стилови или периоди во уметноста. Напротив, таа ги рефлектира личните интересирања на леман. Колекционерот Леман се концентрирал на слики од италијанската ренесанса, особено на сиениската школа. Збирката содржи ремек дела на Ботичели и Доменико Венециано, како и дела на значителен број шпански сликари, меѓу кои Ел Греко и Гоја. Збирката на Леман на цртежи од старите мајстори, која содржи дела на Рембрант и Дирер, е особено поради нејзината опсежност и квалитет.[23] Новинарите од Универзитетот во Принстон ја документираа масивната збирка во серија книги во повеќе томови објавени како „Каталози на збирката Роберт Леман“.

Библиотеки

уреди

Главната библиотека на Мет е библиотеката Томас Џ. Ватсон, именувана според нејзиниот добродетел. Библиотеката Ватсон првенствено содржи книги во врска со историја на уметноста, како на пример каталози од изложби и публикации од аукции и во основа има за цел да ја рефлектира постојаната збирка на музејот. Некои оддели од музејот имаат сопствени специјализирани библиотеки во врска со областа на нивната експертиза. Библиотеката Ватсон и одделните билблиотеки иста така поседуваат значајни примероци од историски важни книги кои се во својот домен уметнички дела. Помеѓу овие книги има и дела на Дирер и Атанасиус Кирхер, како и изданија од неделниот надреалистички магазин VVV и копија од „Le Description de l'Egypte“ пуштена во печат 1803 година од Наполеон Бонапарт и се смета за едно од најголемите достигнувања на француското издаваштво.

Некои од одделните библиотеки се отвроени за јавноста без претходно закажување. Библиотеката и центар за наставници, Ценатрот за образование Рут и Харолд Урис е отворен за посетители од сите генерации за учење на уметноста и истроијата на уметноста и за информации за музејот, неговите изложби и постојани збирки. Библиотеката Роберт Голдвотер во Одделот за уметности од Африка, Океанија и Америка ги документира визуелните уметности од потсахарска Африка, островите од Тихиот Океан и Америка од преколумбовскиот период. Отворена е за возрасни истражувачи, како и студенти. Повеќето од останатите одделни библиотеки се само за вработените во музејот или се отворени за јавноста само со закажување.

Средновековна уметност

уреди
 
Belles Heures of Jean de France, Duc de Berry од браќата Лимбург

Збирката од средновековна уметност се состои од подробен опсег од западната уметност од четвртиот до почетокот на шеснаесеттиот век, како и византиски и пред-средновековни европски антиквитети кои не се дел од грчката и римската збирка. Како и исламската збирка, средновековната збирка се состои од широк опсег од дводимензионална и тридимензионална уметност, со религиски предмети во фокусот. Одделот за средновековна уметност брои вкупно околу 11 000 одделни предмети, поделени во главната зграда на Петта авенија и The Cloisters.

Главна зграда

уреди

Средновековната збирка во главната зграда на Метрополитен музејот на уметност, поставена во галеријата за средновековна уметност на првиот кат, содржи околу 6 000 одделни објекти. Додека еден дел од европската средновековна уметност е изложена во овие галерии, повеќето европски дела се сместени во клоистерс (види подолу). Ова овзможува главните галерии да изложат голем дел од византиската уметност веднаш до европските дела. Главната галерија е исполнета со различни таписерии и црковни и погребни статуи, додека пак стрничните галерии изложуваат помали дела од скапоцени метали и слонова коска, како реликвии и световни предмети. Главната галерија, со својот висок свод, исто така служи за поставување на внимателно украсената божиќна елка на Мет.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 The Metropolitan Museum of Art: About, ARTINFO, 2008, Посетено на 2008-07-30
  2. 2,0 2,1 Brief History of The Museum
  3. 3,0 3,1 „The Metropolitan Museum of Art: The Permanent Collection and Special Exhibitions“. Посетено на 2007-04-17.
  4. 4,0 4,1 de Montebello, Philippe (1997). Masterpieces of the Metropolitan Museum of Art. New York: Metropolitan Museum of Art. стр. 6–7. ISBN 0300106157.
  5. 5,0 5,1 Pyhrr, Stuart W. (2003). Arms and Armor: Notable Acquisitions 1991-2002 - The Metropolitan Museum of Art. New Haven: Yale University Press. стр. 6. ISBN 0300098766.
  6. 6,0 6,1 Peck, Amelia (1996). Period Rooms in the Metropolitan Museum of Art. New York: Metropolitan Museum of Art. стр. 17, 275. ISBN 0300105223.
  7. 7,0 7,1 „The Metropolitan Museum of Art at HumanitiesWeb“. Архивирано од изворникот на 2012-06-01. Посетено на 2009-06-06.
  8. Current Special Exhibitions
  9. Miriam Kreinin Souccar (2008-09-10). „New Met Director has Lots of Company“. Crain's New York Business. Архивирано од изворникот на 2009-04-13. Посетено на 2008-09-10.
  10. Kelly Crow (2008-09-10). „Met Selects Curator to Run Museum“. Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на 2013-09-29. Посетено на 2008-09-10.
  11. Disturnell, John New York as it was and as it is, D. Van Nostrand, New York, 1876. «Metropolitan Museum of Art» page 101.
  12. Visitor’s Information at the Metropolitan Museum of Art website
  13. Halford, Macy (2008-12). „At the Museums: Four Eyes“. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Apollo Magazine 01/05/09[мртва врска].
  15. Ezra, Kate (1992), Royal Art of Benin — The Perls Collection, The Metropolitan Museum of Art, ISBN 0-87099-632-0
  16. „1944“. Playbill. Посетено на 2008-12-16. Philanthropist Irene Lewisohn died today in New York City. She and her sister Alice built and endowed the Neighborhood Playhouse. With Aline Bernstein she founded the Museum of Costume Art on Fifth Avenue in 1937.
  17. Postrel, Virginia (2007-05). „Dress Sense“. The Atlantic. стр. 133. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. Greek and Roman Art, The Metropolitan Museum of Art.
  19. Kimmelman, Michael (2007-04-20). „Classical Treasures, Bathed in a New Light“. New York Times. Посетено на 2007-04-25.
  20. Temporary Installations of the Museum’s Islamic Galleries
  21. Metropolitan Museum of Art press release, September 1999
  22. Thomas Hoving. Making the Mummies Dance. New York: Simon and Schuster, 1993.
  23. Art Review: Feast of Illuminations and Drawings, John Russell. New York Times, 18 февруари 2000

Надворешни врски

уреди