Моцартова куќа

Моцартова куќа (германски: Mozarthaus Vienna) – куќа во Првиот округ на градот Виена, недалеку од катедралата „Свети Стефан“(германски: Stephansdom). Во оваа куќа се наоѓа единствениот до денес зачуван стан на Волфганг Амадеус Моцарт кој живеел во него од 1784 до 1787 година.

Моцартовата куќа во Виена

ИсторијаУреди

Моцартовиот стан се наоѓа во ул. Домгасе бр. 5 во куќа која датира од 17 век. Првично двокатната куќа, во 1716 година била доградена и архитектонски преуредена. Моцарт изнајмил стан во неа во 1784 година од семејството Камесин[1]. Просториите на станот биле отворени за јавноста во 1941 година по повод обележувањето 150 години од смртта на Моцарт. Овој настан бил дел од „Моцартовата недела на Германскиот Рајх“ при што целта на нацистите било Моцарт да се претстави како типично германски композитор. Од 1945 година оваа куќа е под ингеренција на Музејот на градот Виена. Во 2004 година била започната опсежна реконструкција на оваа градба за да во 2006 година, точно на 250-годишнината од раѓањето на Моцарт, куќата-музеј на Моцарт се прикаже со нов сјај. Денес на 4 ката од овој музеј се достапни визуелни и аудио инсталации за животот и делото на Моцарт и многу историски експонати. Во 2015 година, овој музеј го посетиле преку 150 000 посетители [2].

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Mozarthaus Vienna“. Посетено на 12 февруари 2016.
  2. „Wien Besucherzahlen 2015“.

Надворешни врскиУреди