Морска ѕвезда
Морска ѕвезда | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Иглокожи |
Потколено: | Asterozoa |
Класа: | Asteroidea De Blainville, 1830 |
Ред | |
Brisingida |
Морски ѕвезди — иглокожи кои припаѓаат на класата Астероидеа.[2] Името морска ѕвезда во суштина се однесува на членовите на класата Астероидеа.
Градба на телото
уредиПовеќето од морските ѕвезди имаат пет краци кои излегуваат од средниот дел на телото (плочи). Постојат врсти и со поголем број краци. Краците се најшироки на местото каде што се сретнуваат со плочата. Горната страна на ѕвездите често се живи бои, уснената страна им е свртена спрема дното. На кожата на ѕвездата се наоѓаат подвижни и неподвижни боцки и штипалки.
Исхрана
уредиМорските ѕвезди се хранат со животинска храна. Поситниот плен го повлекуваат по телото, а поголемиот плен, на пример школки, ракови, ежови, преку устата го внесуваат во стомакот.
Морската ѕвезда како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Како се родила морската ѕвезда“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[3]
- „Морска ѕвезда“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Морска ѕвезда“ (англиски: Starfish) — албум на австралиската рок-група The Church од 1988 година.[5]
- „Морска ѕвезда“ (англиски: Star fish) — песна на американската панк-рок група Бикни Кил (Bikini Kill) од 1993 година.[6]
Наводи
уреди„Морска ѕвезда“ на Ризницата ? |
- ↑ Sweet, Elizabeth (22 November 2005). „Asterozoa: Fossil groups: SciComms 05-06: Earth Sciences“. Архивирано од изворникот на 2015-05-20. Посетено на 7 May 2008.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-12-04. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 18-19.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 77.
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
- ↑ YouTube, Bikini Kill - Pussy Whipped - 1993 - (Full Album) (пристапено на 3.7.2017)