Момчето молња
Момчето молња — роман за деца и возрасни од Јагода Михајловска-Георгиева. Главна улога во романот е момче со одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавна и возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
Автор | Јагода Михајловска-Георгиева |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Издавач | Издавачка куќа Три |
Издадена | 2015 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 192 |
ISBN | 978-608-230-403-8 |
– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме[1].
Наводи
уреди- ↑ „Момчето молња“. Архивирано од изворникот на 2018-09-03.