Veronica officinalis
Научна класификација
Ред: Lamiales
L.
Род: Veronica
Вид: V. officinalis
Научна класификација
Царство:
Plantae
Тип:
Magnoliophyta
Класа:
Magnoliopsida
Ред:
Lamiales
Семејство:
Plantaginaceae
Род:
Veronica
Вид:
V. officinalis
Биномно име






Модричица или Невестинска солза ( латински: Veronica officinalis), е повеќегодишно зелјесто растение од родот во фамилијата боквица.

Името на родот потекнува од verenikion, грчкото име за некое растение, кое било променето под влијание на женското име Вероника, латинизираната форма на грчкото име Вереники („донесувач на победата“). Името на видот значи „лековито“, бидејќи ова растение порано било користено и во службената медицина.

Синоними:

- Veronica officinalis var. glandulosa Form.

- Veronica repens Gilib.

Опис на растението уреди

Модричица има ползечки ризом од кој излегуваат речиси дрвенести, влакнести стебла. Освен стеблото, и листовите и цветовите се покриени со густи, жлездести влакна. Листовите се ситно назабен обем и сиво-зелена боја и спротивен распоред. Цветовите се со долги прашници, со светлосина до виолетова боја и прошарани темносини жилички. Собрани се во гроздести цветови кои во почетокот се збиени, а подоцна се издолжуваат. Плодот е кожурец покриен со жлездени дамки.

Хемиски состав на лекот уреди

За медицински цели, како лек се користи надземниот дел од цветното растение (), кој содржи:

Лековито дејство и употреба уреди

Модричица се користи само во народната медицина за полесно искашлување и излачување на секрет, при грозничави состојби, како антисептичко средство, аперитив, помага при варење на храната итн. Најчесто се применува кај болести на дишните органи, како што се бронхитис, хроничен катар или болки во градниот кош и при повишена температура. Антисептичното дејство на состојките нашло примена во лекување на гнојните рани, за кои се користи свеж сок од модричица или лушпа.

Употребата воглавно се состои од правење чаеви, тинктури, лушпи или цедење на свеж сок од оваа растение.

Лековити видови од родот уреди

Сличен хемиски состав имаат уште неколку видови на вероники кои се многу применети со иста намена и на ист начин.

Даб-модричица е најчесто со виолотово-сини цветови по кои има темно сини жилички и бел прстен во средината. Листовите по формата потсетуваат на дабови листови поради што го и добило името.

Персиската модричица расте сама во градините, полињата и околу патиштата. Цветовите се виолетово-сини и имаат темно сини жилички, поради што уште се нарекуваат и мачкини очи (види ја галеријата со слики).

Галерија уреди

Литература уреди

  • Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна книга, Белград, 1979 г.
  • Грлиќ, Љ: Enciklopedija samoniklog jestivog bilja, Август Цесарец, Загреб, 1986 г.
  • Дјук, А, Ј: Зелена аптека, политика, Белград, 2005 г.
  • Јанчиќ, Р: Лековити растенија со клуч за определување, Naucna knjiga, Белград, 1990 г.
  • Јанчиќ, Р: Botanika farmaceutika, Službeni list SCG, Белград, 2004 г.
  • Јанчиќ, Р: Сто од нашите најпознати лековити растенија, Naucna knjiga, Белград, 1988 година.
  • Којиќ, М, Стаменковиќ, В, Јовановиќ, Д: Лековити биљке југоистични Срби, ЗУНС, Белград 1998 г.
  • Марин, П, Татиќ, Б: Етимолошки речник, ННК Интернационал, Белград, 2004 г.
  • Миндел, Е: Витаминска Библија, ФаМилет, 1997 година.
  • Mišić Lj, Lakušić R: Livadske biljke, ZUNS Sarajevo, ZUNS Beograd, IP Svjetlost, 1990
  • Стаменковиќ, Во: Наше нешкодљиве лековите биљке, Тренд, Лесковац
  • Туцаков, Ј: Хербална медицина, Рад, Белград, 1984 г.

Надворешни врски уреди