Моденска катедрала

Катедралата во Модена (Успение на Богородица и Свети Геминијан) (италијански: Cattedrale Metropolitana di Santa Maria Assunta e San Geminiano, но едноставно колоквијално позната како Дуомо ди Модена) претставува римокатоличка катедрала сместена во градот Модена, Италија, посветена на Успението на Пресвета Богородица и Свети Геминијан. Катедралата порано претставувала седиште на Епархијата, а подоцна и Архиепископијата, во Модена. Од 1986 година таа е архиепископско седиште на надбискупијата Модена-Нонантола. Осветена е во 1184 година. Катедралата претставува важна романска зграда во Европа, а заедно со нејзината камбанарија наречена „Кулата Гирландина“ е прогласена како светско наследство.

Моденската катедрала со кулата Гирландина

Историја уреди

Од 5 век, на местото на сегашната катедрала постоеле две цркви. При откривањето на местото за време на погребување на Свети Геминијан во 1099 година, светецот-заштитник на Модена, довело до уништување на двете цркви и изградба на оваа катедрала. Првичниот дизајн и насока биле направени од архитект познат како Ланфранко. Инаку многу малку се знае нешто повеќе за овој архитект. Посмртните останки на светецот сè уште се изложени во криптата на катедралата. Сегашната катедрала била осветена на 12 јули 1184 година од страна на папата Луциј III.[1] Катедралата било местото каде градот Модена ја чувал таканаречената Болоњска Кофа од времето на Војната на кофата.

Украсување уреди

 
Натпис на апсидата.

По првото дело на архитектот Ланфранко, катедралата подоцна била украсена од страна на извесен Анселмо да Кампионе како и од неговите наследници, таканаречените „Кампионски мајстори“. Поради сето тоа, сегашната фасада покажува различни стилови. Величествениот прозорец од рози бил додаден од страна на Анселмо некаде во 13 век, додека двата лава што ги потпираат столбовите на влезот датираат уште од римско време, веројатно откриени при копање на темелите за катедралата.

Фасада уреди

Фасадата има и доста забележителни релјефи изработени од страна на Вилигелмус, современик на архитектот Ланфранко. Тие вклучуваат портрети од пророци и патријарси, а најмногу има присуство од таканречените Библиски приказни, инаку ремек-дело на романската скулптура. Научниците ги истакнале прекрасните достигнувања пред сѐ во создавањето на делото за Адам и Ева, но и во првобитниот грев и приказната за Ное.

За одбележување се и страничните порти. Од страната на плоштадот Гранде, porta regia di piazza (портата на плоштадот), исто така од страна на кампионезите (Кампионските мајстори), и porta dei principi (портата на принцовите), украсени со релјеф кој ги прикажувал периодите од животот на Светиот Геминијан, како ученик на големиот Вилигелмус. На северната страна се наоѓа porta della pescheria (портата на рибниот пазар), украсена со релјефи инспирирани од циклусот на дванаесетте месеци на праговите и приказни од Бретонскиот циклус на кралот Артур поставени на делот наречен архиволт.

Ентериери (внатрешно уредување) уреди

 

Внатрешноста е поделена на три кораби. Помеѓу централниот кораб и криптата се наоѓа мермерен парапет од Анселмо да Кампионе кој ги прикажува Страдањата Христови, вклучувајќи ја и Тајната вечера. Амвонот е на Ариго да Кампионе, украсен со мали статуи од теракота. Забележително е и дрвото распетие од XIV век.

Внатрешноста на катедралата е поделена на три таканаречени кораби. Помеѓу централниот кораб и криптата се наоѓа мермерен парапет изработен од страна на Анселмо да Кампионе кој ги прикажува Страдањата Христови, вклучувајќи ја и Тајната вечера. Амвонот пак, украсен со мали статуи од теракота е дело на Ариго да Кампионе. Забележително е и дрвото кое претставува распетие изработено во периодот на 14 век.

Во внатрешноста на катедралата Дуомо се сместени и сцените на раѓањето на двајца големи моденски уметници: на Антонио Бегарели (1527) , и онаа сместена во криптата, на Гвидо Мацони (1480), позната и како Мадона дела Папа („Мадона на Папата“).

Кон црквата е припоена таканаречената Кулата Гирландина или кулата на камбанаријата.

Во катедралата се одржал погребот на познатиот тенор Лучијано Павароти, инаку роден во градот Модена.

Порта дела Пешерија (Портата на рибниот пазар) уреди

Северната порта на катедралата, позната и како Порта дела Пешерија (Porta della Pescheria), содржи високи релјефни резби од секуларни сцени. Тие се поставени на делот од мермерниот архиволт и на надвратникот. Резбите поставени на архиволтот се доста забележливи особено со прикажувањето на една Артурска сцена.[2]

 
Горниот дел на Порта дела Пешерија.

Резбите на надвратникот се составени од крст, птици, животни и човек кој јава како хипокамп. Архиволтската резба, наречена „Моденски Архиволт“, во артурските кругови вклучува натписи кои ги идентификуваат фигурите како ликови на кралот Артур и ги поставува во сцена која има различни кореспонденции во артурската литература. Тоа најверојатно претставува најраната монументална скулптура која ја прикажува легендата за Артур. Скулпторот е наречен „Мајсторот на Артур“, а критичарите забележале дека иако неговата инспирација ја надминувала неговата вештина, тој верно прикажувал реални детали во архитектурата и облекувањето. За датумот на изработка на делото и изворот на уметникот доста жестоко се воделе полемики. Извесен Роџер Шерман Лумис спорел за датумот и за почетокот, односно XII век. Тој мислел дека резбата не може да биде поставена неколку децении порано од создавањето на најраните артуровските дела на континентот. Меѓутоа, други докази укажувале дека на датумот на создавање на резбите не е порано од 1120 година. Подоцнежната работа на Жак Стиенон и Рита Лежен покажувала дека датумот за изработка е сепак некаде помеѓу 1120 и 1140 година.[2]

Во центарот на сликата на Модена Архиволт е замок кој го бранат две кули, во внатрешноста на кои се наоѓаат две фигури идентификувани како „Мардок“ и „Винлоги“. Левата кула ја брани човек со пикари по име „Бурмалтус“, кој се соочува со Артус де Бретанија (кралот Артур), Исдернус (најверојатно Идер) и уште еден неименуван витез, кои сите ги носат своите копја против него. Од другата страна витезот „Карадо“ спарува со „Галвагин“ (најверојатно Гавeјн), додека „Че“ (Кеј) и „Галвариун“ (можеби Галешин) се приближуваат со копјата на рамениците.[2]

Името на „Винлоги“ најверојатно одговарало на сопругата на Артур, Гиневра.[2] Лумис ги предложил имињата изведени од бретонски како „Winlogee“ кое е слично на бретонското име Венловен, а името на Гиневра е преведено како Gwendoloena во латинската романса De Ortu Waluuanii. Киднапирањето на Гиневра е многу популарен и древен елемент на легендата за Артур. Тоа за првпат се појавило во пишана форма, во Животот на Гилдас од средината на XII век на Карадок од Ланкарфан. Оваа верзија опишувала дека кралицата на Артур од летната земја била киднапирана од страна на кралот Мелвас и одведена во Гластонбери. Артур успеал да ја заштити само со помош на Свети Гилдас. Подоцнежните верзии Мелегант го нарекуваат киднаперот и го именуваат како љубовник на кралицата Ланселот, наместо самиот Артур, кој бил нејзин спасител. Интересна е и тоа што во контекстот на Модена Архиволт била мрачната рана традиција во која ликот познат како Идер бил љубовник и спасител на кралицата. Оваа традиција била главно изгубена и заборавена, но се споменува во делото Томас од Британија Тристан и некако опстојува, во многу манипулирана форма. Овие варијанти постојат и во други романси, од кои најважна е онаа за Ајдер. Една таква слична романса, наречена Дурмарт ле Галоа, вклучува сцена во која Идиер учествува во спасувањето на кралицата Гиневра и јава невооружен, како што прави Исдернус од Модена Архиволтот.

Витезот Галвагин, единствениот со украсен штит, веројатно одговара на Гавејн, херојот на многу романси. Гавејн се бори со витез по име Карадос од лошата кула во циклусот Вулгата (Ланселот-Грал) и Смртта на Артур на Томас Малори, заснован на Вулгата. Дополнителни кореспонденции со материјалот во Вулгата, исто така се случуваат: особено, Вулгата вклучува сцена во која Артур, неговиот внук Галешин и неговиот сенешал Кеј го напаѓаат Карадос од Тајната кула; имињата на придружниците на Артур се слични на „Че“ и „Галвариун“ кои му приоѓаат на Гавејн на Модена Архиволт. Лумис тврдел дека сцената на Архиволт одговара на верзијата на Вулгата на киднапирањето на Гиневра и дека во раната верзија Гавејн можеби бил спасителот наместо Ланселот. Други пак тврделе дека сликата на Модена ја отсликува изгубената романса на Идер, или пак раната верзија на акции во која самиот Артур бил спасител. Некои други истражувачи тврделе дека сликата воопшто не е од Артурско потекло, иако ова мислење го поддржувале малкумина.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. San Geminiano di Modena
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Stokstad, Marilyn (1991), „Modena Archivolt“, Во Lacy, Norris J. (уред.), The New Arthurian Encyclopedia, New York: Garland, стр. 324–326

Белешки уреди

  • Lacy, Norris J. (1991). The New Arthurian Encyclopedia. New York: Garland. ISBN 0-8240-4377-4ISBN 0-8240-4377-4.
  • Loomis, Roger Sherman (1927). Celtic Myth and Arthurian Romance. Columbia University Press.

Надворешни врски уреди