Мишел де Монтењ
Мишел Екем де Монтењ (француски: Michel Eyquem de Montaigne; 28 февруари 1533 – 13 септември 1592) — француски благородник и еден од највлијателните писатели на француската ренесанса. Познат е како воведувач на есејот како посебен книжевен род. Нашироко се смета за татко на современиот скептицизам. Покрај есеите, негова главна одлика се обидите да користи „секојдневни“ анегдоти и автобиографијата во интелектуални расправи.[1]— томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт,[2] Блез Паскал, Жан Жак Русо, Вилијам Хазлит,[3] Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Штефан Цвајг, Ерик Хофер,[4] Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.
Животопис
уредиМонтењ зборувал пофално за својот татко и за брат му, кој бил протестант, но никаде не ја споменувал мајка му, која била покрстена Еврејка.[5]
Мисли и влијание
уредиВо своето време, Монтењ бил повеќе гледан како политичар отколку автор. Тенденцијата во своите есеии да вклучува анегдоти и лични размислувања се сметала за одлика на неговиот стил, а помалку како иновација, додека неговата мисла, „Јас сум предметот на мојата книга“, се сметала за самооградување од страна на неговите современици. Како што изминувало времето, Монтењ станувал сè попрепознатлив како отелотворување на духот на слободоумието, кој своите никулци ги има токму во тоа време. Веројатно е најпознат по својата скептичка забелешка Que sçay-je? („Што знам јас?“). Неверојатно современ дури и за читателите денес, обидот на Монтењ да гледа на светот низ призмата на единственото нешто на кое може суштински да се потпре — своето лично мислење — го прави подостапен за современите читатели од кој било друг ренесансен автор. Бројни писатели одо ден-денес црпат инспирација од неговата способност мајсторски да воспостави рамнотежа помеѓу интелктуалното знаење и личните впечатоци.
Монтењ го става пријателството над крвното сродство за кое смета дека сè уште не значи пријателство. Така, членовите на семејството можат многу да се разликуваат меѓу себе: едни се чесни, други лоши; едни умни, а други глупави. Затоа, само пријателството е навистина највисокото човечко чувство при што вистинското пријателство е над разумот и подлабоко од разумот.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Мишел де Монтењ“ на Ризницата ? |
- ↑ Овие анегдоти се само навидум „секојдневни“; Монтењ вели: 'Ниту моите анегдоти ниту моите цитати се со намера да бидат исклучиво како примери, за авторитет, или за украс. Често носат, под предметот на разговор, семе на побогата и длабока смисла, a посредно зрачат со поделикатен тон,' Michel de Montagne, Essais Pléiade, Paris (ed.A.Thibaudet) 1937, Bk.1,ch.40 p.252 (tr.Charles Rosen)
- ↑ Buckley, Michael J., At the Origins of Modern Atheism, Yale UP, 1990, p. 69.
- ↑ Kinnaird, John, William Hazlitt: Critic of Power, Columbia University Press, 1978, p. 274.
- ↑ од меомарот на Ерик Хофер „Замисли за вистината“ (Truth Imagined).
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 182.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 182-183.
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |