Михајло Керамитчиев

Михајло Керамитчиев — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција. Роден е во село Габреш, Костурско. Произлегува од селско печалбарско семејство. Основно образование завршил во родното село, а класична гимназија во Костур. Од 1934 година е симпатизер на КПГ, а од 1935 и нејзин член. Во 1939 година е уапсен во Костур, каде што во затворите е до мај 1940 година. Учествува во Грчко-албанската војна и од албанскиот фронт, заедно со други 400 Македонци, е интерниран на островот Кефалонија. Со капитулацијата на Грција се активира и е назначен за одоговорен по оружјето во Корештата. Во 1943 година е назначен за командант на резервната единица на СНОФ во Корештата. Избран е за пратеник на ПЕЕА за Костурска околија. Во 1944 година е назначен за политички комесар на Лериско-костурската бригада и на Првата егејска ударна бригада. Член е на Политичката комисија за ослободување на Македонците под Грција, а потоа е секретар и претседател на Главниот одбор на НОФ. Во ДАГ е произведен во чин потполковник.

Михајло Керамитчиев
Роден 1915
село Габреш
Починал јуни 1981
Скопје
Познат партизан

Литература уреди

  • Егејска Македонија во НОБ 1945, Том II, Скопје 1973.