Мистеријата на Обервалд (филм)

Мистеријата на Обервалд (италијански: Il mistero di Oberwald) - италијански филм од 1980 година, во режија на Микеланџело Антониони, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Моника Вити, Паоло Боначели и Франко Бранчароли.

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во 19. век. Една ноќ, младиот поет Себастијан (го игра Бранчароли) влегува во дворецот Обервалд со намера да ја убие кралицата (ја игра Вити) и така да ја ослободи својата земја. По смртта на нејзиниот сопруг, кралицата веќе 10 години тагуваа и живее повлечено. Себастијан, кој личи на убиениот крал, во минатото напишал поема која многу ѝ се допаднала на кралицата, иако поемата била против неа. Низ разговорот, Себастијан се зближува со кралицата и меѓу нив се раѓа љубов. Во меѓувреме, шефот на полицијата (го игра Боначели) се обидува да го искористи Себастијан со цел да ја принуди кралицата да ѝ ја пренесе власта на надвојвотката. Себастијан ја одбива соработката со полицијата, која го опколува дворецот, и шефот му дозволува да се поздрави со кралицата пред да биде уапсен. Тогаш, кралицата го обвинува Себастијан за предавство за да го натера да ја убие. Себастијан ја убива најпрвин кралицата, а потоа и себе.[1]

Наводи

уреди