Минхенска авионска несреќа
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Минхенската авионска несреќа се случила на 6 февруари 1958, кога летот 609 на Британската Авиокомпанија се судрил при третиот обид да полета од пистата која била прекриена со снег, на аеродромот Минхен-Рием во Минхен, Западна Германија. Покрај фудбалскиот тим на Манчестер Јунајтед со прекарот „Бебињата на Базби“ на авионот биле качени и голем број навивачи и новинари. Во судирот на авионот, загинале 20 од 44 патници. Некои од повредените кои се онесвестиле, биле одведени во болницата „Рехт дер Изар“ во Минхен, каде што уште тројца починале, и несреќата завршила со вкупно 23 загинати и 21 преживеан. Тимот бил на враќање од натпреварот за Европскиот Куп во Белград, Југославија против Црвена ѕвезда од Белград, но морале да запрат во Минхен за полнење на гориво, бидејќи директен лет бил надвор од дометот на Амбасадорскиот авион од Елизабетанската класа. Откако наполниле гориво, пилотите капетан Џејмс Тејн и капетан Кенет Рејмен, двапати се обиделе да полетаат, но морале да ги прекинат и двата обиди поради наглото зголемување на притисокот во левиот моторот. Плашејќи се дека многу ќе заостанат со распоредот, капетанот Тејн одбил да преноќи во Минхен обидувајќи се по третпат. При третиот обид почнало да паѓа снег, а на крајот од пистата се издигнал слој на кашест снег. Кога авионот удрил во снегот, започнал да ја намалува брзината, правејќи го полетувањето невозможно. Тој тешко се пробивал покрај оградата пред да го откорне левото крило при удирот во близина на една куќа. Од страв дека авионот може да експолдира, капетанот Тејн се зафатил да ги носи патниците што е можно подалеку. И покрај тоа, голманот на Манчестер Јунајтед, Хари Грег останал позади да ги извлече преживеаните од остатоците. Истрагата на властите на западно-германскиот аеродром, во почетокот го обвинувала капетанот Тејн за несреќата, тврдејќи дека не успеал да ги одмрзне крилата на авионот, иако очевидците го тврделе сосема спротивното. Подоцна било утврдено дека несреќата всушност, била предизвикана од големата количина снег на пистата, која што го оневозможила полетувањето на авионот. Името на Твејн конечно било исчистено десет години по несреќата, во 1968. Во периодот на несреќата, Манчестер Јунајтед се обидувал да стане третиот клуб којшто трипати едноподруго ќе ги освои титулите на Англиската Лига. Тие биле шест бода позади водачите во Лигата, Вулверхемптон Вандерерс и со 14 натпревари за одржување. Тие исто така биле сопственици на „Чарити Шиелд “ и само што стигнале до нивното второ по ред полуфинале на Европскиот Куп. Тимот исто така, останал непоразен на 11 натпревари и три недели порано, си резервирал место во Петтиот Круг на Фудбалскиот Куп.
Животопис
уредиВо април 1955, ФИФА го основала Европскиот Куп, како фудбалски натпревар за шампионските клубови на нејзините здружени народи , со почеток во сезоната на 1955-56. Меѓутоа, победниците на Англиската Лига, Челзи биле одбиени за влез, од страна на секретарот на Фудбалската Лига, Алан Хардејкер, кој верувал дека тие не требало да влезат за доброто на англискиот фудбал и за фудбалот воопшто. Следната сезона, Манчестер Јунајтед со менаџерот Мет Базби, ја освоил Англиската Лига. Фудбалската Лига во почетокот, повторно им го одбила влезот во Европскиот Куп, но Базби и неговиот претседател Харолд Хардмен со помош на претседателот на Фудбалскиот Сојуз, Стенли Роус им се спротивставиле на Лигата и тие станале првиот англиски тим којшто се осмелил да влезе во Европа. Управата на Манчестер Јунајтед ризикувала со тимот познат поради својата младост како „Бебињата на Базби “, и тоа и се исплатило, стигнувајќи до полуфиналето во 1956-57 и докажале на Фудбалската Лига дека погрешила, а биле елиминирани од можните победници Реал Мадрид. Со повторното освојување таа сезона на титулата од Првата Лига си ги осигурале квалификациите за турнирот во 1957-58, а како фаворити за негово освојување ги означил нивниот успех на Купот во 1956-57. Натпреварите во домашната лига биле одиграни на сабота, а Европските натпревари биле одиграни на сред недела, па иако патувањето со авион било ризично во тоа време, тоа бил единствениот практичен избор, доколку Јунајтед сакал да ги исполни закажаните термини за натпреварите во Лигата, а коишто требало да ги исполни доколку сакале да му докажат на Алан Хардејкер дека греши. Откако ги победиле Шамрок Роуверс во квалификацискиот круг и Дукла од Прага во првиот круг, Манчестер Јунајтед се нашле во четврт-финалето со Црвена Ѕвезда од Белград. По победата над Југословенците со 2-1, на 21 јануари 1958 на стадионот Олд Трафорд, клубот трбало да отпатува во Југославија за натпревар во гости на 5 февруари. Во претходниот круг, на враќањето од Прага, маглата над Англија го спречила тимот да се врати во Манчестер, па тие набрзина се подготвиле да одлетаат во Амстердам, пред да се качат на траектот од Хук во Холандија до Харвик и потоа со воз до Манчестер. Патувањето си го направило своето и играчите се задоволиле единствено со нерешен резултат од 1-1 со Бирмингем во Сент Ендрус. Со желба да не пропуштат во иднина некој од закажаните натпревари на Фудбалската Лига, а исто така и да не поминуваат повторно низ такво тешко патување, клубот изнајмил авион на Британската Авиокомпанија од Манчестер до Белград, за натпреварот во гости против Црвена Ѕвезда. Самиот натпревар завршил со 3-3, но тоа било доволно да им овозможи влез во полуфинале. Летот од Белград доцнел еден час, бидејќи играчот на Јунајтед, Џони Бери си го изгубил пасошот, потоа авионот според распоредот, направил пауза во Минхен за полнење на гориво, слетувајќи во 13:30.
Несреќата
уредиПилотот, капетан Џејмс Тејн го одлетал надвор од Белград Амбасадорскиот авион (со регистрација Г-АЛЗУ) од Елизабетанската класа, но на враќање ги предал контролите на неговиот копилот, капетанот Џејмс Рејмен. Во 14:19, на контролната кула на Минхенскиот аеродром и било кажано дека авионот бил подготвен да полета, и им било дадено дозвола да полетаат откако ќе измине 14:31. Меѓутоа, капетан Рејмен се откажал од полетувањето, откако капетанот Тејн забележал дека во левата страна на авионот се зголемил притисокот, којшто варирал кога авионот ја достигнал максималната енергија и моторот звучел чудно при забрзувањето. Три минути подоцна бил направен втор обид, но со 40 секунди од постапката, летот повторно бил откажан пред авионот да се подигне од земјата. Причината за неуспешните обиди бил заедничкиот проблем на авионите од Елизабетанската класа, тоа што моторите работеле со премногу мрсна смеса, предизвикувало преголемо забрзување во моторите. После вториот неуспешен обид, им било кажано на сите патници да се симнат од авионот, и тие се повлекле во чекалната на аеродромот. До тогаш, снегот започнал обилно да паѓа, и изгледало невозможно авионот да ги врати на истиот ден. Данкан Едвардс играчот на Манчестер Јунајтед ја искористил можноста да испрати телеграма на газдарицата на станот во Манчестер. Таа гласела: „Сите летови се откажани, пристигнуваме утре. Данкан“. Капетанот Тејн го информирал Бил Блек, техничарот во станицата, за проблемот со зголеменото бликање во левиот мотор, а Блек предложил дека, единствено решение кое им преостанало е да го задржат авионот во Минхен преку ноќта за одново штелување на моторот, откако директното забавено давање на гасот не успеало. Меѓутоа, Тејн настојувал да се придржува кон распоредот и предложил дека, сосема доволно би било уште побавното давање на гасот. Тоа значело дека авионот не би ја достигнал брзината за полетување сè до крајот на пистата, која што била речиси 2 км (1,2 ми) долга, а Тејн бил убеден дека тоа не би претставувало проблем. Поради тоа, и покрај снегот, патниците биле повторно повикани, после 15 минути откако го напуштиле авионот. Неколкумина од играчите не го поднесувале добро летањето со авион, особено Лиам Велан, којшто пред полетувањето, го слушнале како вели: „Ова би можело да биде смрт, но јас сум подготвен.“ Другите пак, вклучувајќи ги и: Данкан Едвардс, Томи Тејлор, Марк Џоунс, Еди Колман и Френк Свифт се преместиле назад во авионот, верувајќи дека таму е побезбедно. Откако сите биле повторно во авионот, на третиот обид за полетување во 14:56, капетан Тејн и капетан Рејмен, повторно го подмрднале авионот. Во 14:59, тие ја достигнале точката за полетување, каде што добиле дозвола да се подготват за полетување. На пистата, последните проверки во кабината биле извршени во 15:02, а биле контактирани за да им кажат дека дозволата за полетување ќе им истече во 15:04. После дискусијата, пилотите се согласиле да се обидат да полетаат, но будно внимавале на инструментите во случај на уште некое бликнување на моторите. Во 15:03, стапиле во контакт со контролната кула за да ги информираат за нивната одлука. Капетанот Рејмен бавно го дал гасот и ги отпуштил кочниците, како што било договорено, авионот почнал да забрзува, а радио-службеникот Бил Роџерс ја испратил следната порака на контролната кула: „Зулу Јуниформ Роулин“. Како што забрзувал авионот, го расфрлал снегот којшто му надоаѓал, а капетанот Тејн се навраќал на брзините од 10 јазли. На 85 јазли, моторот во левата страна започнала повторно да блика, и тој го поднамалил гасот пред повторно внимателно да даде гас. Откако авионот достигнал 117 јазли (217 км/ч), тој објавил „В1“, навестувајќи дека ја достигнале брзината на која што веќе не било безбедно да се поништи летот, а капетанот Рејмен го слушнал повикот „В2“ (119 јазли (220 км/ч)), минималната брзина кој била неопходна за да го подигне авионот од земја. Меѓутоа, кога Тејн го погледнал покажувачот на брзината на летање, очекувал стрелката да продолжи да расте, но таа варирала на околу 117 јазли пред наеднаш конечно да се спушти на 112 јазли (207 км/ч), а потоа на 105 јазли (194 км/ч). Рејмен извикал: „Исусе, нема да преживееме!“, додека Тејн погледнал нагоре за да види што им претстои. Авионот се лизнал на крајот од пистата и надвор од контролата, удрил во оградата која што го опкружувала аеродромот, а потоа преку патот, зафатил една куќа, дом на шестчлено семејство, со што го откорнал левото крило. Во тоа време, таткото и најстарата ќерка биле излезени, а мајката и другите три деца едвај успеале да се спасат додека куќата им ја зафатил оган. Пред да удри левата страна на кабината во дрво, опашката на авионот била делумно откорната. Десната страна на авионот удрила во дрвена колипка во која експлодирал камион, наполнет со гуми и гориво. Дваесет патници починале на авионот, а имало три подоцнежни смртни случаи. Кога видел дека пламените јазици почнале да се јазат околу пилотската кабина, капетанот Тејн се исплашил дека авионот би можел да експлодира од запаленото гориво, па затоа му наредил на неговиот екипаж да ја евакуира областа. Стјуардесите Роузмари Чевертон и Маргарет Белис први излегле преку изгаснатиот прозорец за итни случаи во кујната, а по нив следувал и радио-службеникот Бил Роџерс. Тејн му свикал на Рејмен да го напушти седиштето, но тој бил заглавен од сплесканиот авион. Рејмен му рекол на Тејн да продолжи без него. Тејн се искачил до прозорецот во кујната. Кога стигнал на земјата, ги видел пламените јазици коишто се искачувале кон десното крило, чијшто недопрен резервоар сè уште имал 500 империјални галони (2,300 L) гориво. Тој му свикал на екипажот да избегаат колку што е можно подалеку и повторно се искачил во авионот за да ги пронајде двата преносни апарати за гаснење на пожари, застанувајќи привремено за да му каже на Рејмен дека ќе се врати по него кога ќе се справи со огнот. Во меѓувреме, во кабината за патници, голманот на Манчестер Јунајтед, Хари Грег се освестувал со помислата дека е мртов. Ја почувствувал крвта која што му течела по лицето и не се осмелувал да ги крене рацете нагоре. Помислувал дека горниот дел од главата му бил отстранет како на тврдо варено јајце. Точно над него, зрак ја осветлил кабината, па Грег се упатил кон него и ја удрил дупката, која била доволно широка за да може да се протне низ неа.
Истрагата
уредиИако во почетокот пилотот бил обвинуван за несреќата, подоцна било откриено дека причината била зголемениот снег на крајот од пистата, кој предизвикал забавување на авионот и го спречил да ја достигне брзината за безбедно летање. За време на полетувањето, авионот достигнал 117 јазли (217 км/ч), но навлегувајќи во снегот, брзината се намалила на 105 јазли (194 км/ч), која била премала за да го поткрене авионот од земјата и со недоволно преостанат дел од пистата за да го прекинат летот. Авионот вртејќи со тркалата во круг, не бил многу погоден од снегот, заради геометријата на тие тркала, кои биле пропорционални со центарот за гравитација на авионот. Но, поновите видови како што е „Амбасадорот“ било утврдено дека се ранливи поради механизмот за слетување на предното тркало, а главните тркала позади како центар за гравитација. Како резултат на несреќата, отпочнало ограничување за дозволена количина на снег на пистите при работата. Покрај овој заклучок, властите на германскиот аеродром, (кои според законот биле одговорни за состојбата на авионските писти, но најчесто биле несвесни за опасноста која што ја претставува снегот на пистите за авионите, како што е Амбасадорскиот) го тужиле капетанот Тејн, бидејќи тој бил единствениот од преживеаните пилоти во несреќата. Тие тврделе дека тој полетал без да ги одмрзне крилата и дека бил единствениот одговорен за несреќата, покрај неколкуте сведоци коишто изјавиле дека тоа не било точно. Случајот на германските власти се засновал врз сликата од авионот пред полетувањето (објавена во неколку весници), која што се чини дека го покажувала снегот на горните површини на крилата. Сепак кога негативот бил испитуван, не се гледале ниту снегот ниту мразот, а „снегот“ се должел на објавените слики направени од копијата на оригиналот. Сведоците не биле повикани испрашување од страна на Германците, а судската постапка против Тејн се влечела сè до 1968, кога конечно бил ослободен од каква било вина за несреќата. Како официјална причина, Британските власти снимиле натрупување на растопениот снег на пистата, што ја спречил Елизабетанската класа да ја достигне неопходната брзина за полетување. Веднаш по несреќата, Британската Европска Авиокомпанија (БЕА) го отпуштила Тејн и никогаш повеќе не го ангажирала, тој се пензионирал и се вратил на живинарската фарма во Беркшајр. Починал од срцев напад во 1975 на 53 години.
Последици од несреќата
уредиСедум играчи на Манчестер Јунајтед починале веднаш, а Данкан Едвардс починал на 21 февруари од повредите во болницата „Рехт дер Изар“ во Минхен. Поради тешките повреди Џони Бери и Џеки Бланшфлауер никогаш повторно не играле фудбал. Мет Базби бил сериозно повреден во несреќата, и морал да остане повеќе од два месеци во болница и двапати му биле направени претсмртните ритуали. Откако бил отпуштен од болницата, отишол во Швајцарија за да закрепне во местото Интерлакен. Повремено имал чувство дека целосно се откажал од фудбалот, сè додека неговата жена Џин не му рекла: „Знаеш Мет, момците би сакале ти да продолжиш понатаму.“ Таа изјава го кренала Базби од депресивноста и тој се вратил во Манчестер, пред да го види неговиот тим како игра во финалето на Фудбалскиот Куп во 1958. Во меѓувреме, имало претпоставки дека клубот ќе се затвори, но непоразениот тим на Манчестер Јунајтед ја завршил сезоната во 1957-58 со [[Џими Марфи, помошникот на Базби како замена за менаџерот. Тој не отпатувал за Белград, бидејќи тогаш бил во Кардиф раководејќи со велшката репрезентација. Tимот во првиот натпревар после несреќата главно се состоел од [[резервни и [[млади играчи, кои го победиле Шефилд Венздеј со 3-0. Програмата за тој натпревар едноставно прикажала празно место на оние места каде што требало да стојат имињата на секој од играчите на Манчестер Јунајтед. По загубата на толку многу играчи во несреќата, Јунајтед бил очаен во потрагата на искусни замени, па затоа Марфи им се обратил на играчите како Ерни Тејлор (кој се преместил од Блекпул и потпишал за 8000 фунти) и Стен Краутер, централниот играч на Астон Вила, кој играл против Јунајтед во финалето на Фудбалскиот Куп од 1957. Исто така, имало промени помеѓу персоналот на клубот, коишто следувале по смртта на секретарот Волтер Крикмер и тренерите Том Кари и Берт Вејли. Голманот на Јунајтед, Лес Олив, којшто во времето на несреќата сè уште бил регистриран како играч, се пензионирал од играњето фудбал и ги преземал должностите на Крикмер, како секретар на клубот, додека другиот поранешен голман на Јунајтед, Џек Кромптон, го преземал тренирањето, откако претседателот на Јунајтед, Харол Хардмен преговарал со тогашниот работодавач на Кромптон „Лутон Таун “ за негово ослободување. После несреќата, Јунајтед освоил само една игра од лигатаи со тоа си ги намалиле шансите за освојување на титулата и тие паднале на деветтото место во лигата. Стигнале до финалето на Фудбалскиот Куп, меѓутоа, изгубиле со 2-0 од Болтон Вандерерс, а на стадионот Олд Трафорд во полуфиналето на Европскиот Куп успеале да го победат дури и Милан, единствено изгубиле со 4-0 на стадионот Сан Сиро. Базби продолжил како менаџер наредната сезона (1958-59), и конечно создал втора генерација на “Бебиња на Базби” вклучувајќи ги и Џорџ Бест и Денис Лоу, коишто десет години подоцна го освоиле Европскиот Куп, со победата над Бенфика. Единствените двајца преживеани од несреќата, коишто се приклучиле во тој тим биле Боби Чарлтон и Бил Фоулкс.
Споменици
уредиСтадионот Олд Трафорд
уредиПрвиот споменик на стадионот Олд Трафорд за загинатите играчи и екипажот бил свечено откриен на 25 февруари 1960. Првата спомен-плоча, во облик на стадион со зелен терен и со испишаните имиња на жртвите во црно и златно стакло била сместена над влезот на главната ложа. Над спомен-плочата, имало гравура од тиково дрво на играч и на навивач со наведнати глави од двете страни на венецот и со топка на која била изгравирана годината 1958. Спомен-плочата била проектирана од страна на Џ. Вајпонд, архитект од Манчестер, а била изградена од „Друштвото со ограничена одговорност Месерс Џаконело“ од Манчестер, по цена од 2100 фунти, а свечено ја открил Мет Базби. Истиот ден свечено бил откриен и споменикот посветен на членовите на печатот кои загинале во Минхен, којшто се состоел од бронзена спомен-плоча со имињата на осумте загинати новинари. Свеченото откривање го извршил преживеаниот од несреќата Френк Тејлор во името на Сојузот на пишувачите за фудбалот. Оригиналната спомен-плоча била украдена во 1980 и била заменета со копија, која сега се наоѓа позади шанкот кај влезот за новинари. Последниот споменик бил едноставниот Минхенскиот часовник со две лица, кој бил платен од страна на Комисијата за спортски терени и бил прицврстен за југоисточниот агол на стадионот, со датумот „6-ти Феб 1958“ на врвот и „Минхен“ на дното на двете лица. Часовникот останал на истата местоположба од неговото монтирање. Часовникот бил свечено откриен на 25 февруари 1960 г. од страна на Ден Марсден, претседателот на Комисијата за спортски терени. Кон средината на 1970-тите, кога стадионот бил реновиран, потребно било спомен-плочата да се премести од главниот влез за да се извршат потребните промени. Сепак, невозможно било да се премести спомен-плочата без да се оштети, па така, било одлучено едноставно да се соѕида стариот споменик во Главната Трибина и да се нарача нов. Заменетата спомен-плоча сега се состоела единствено од терен со имињата испишани во листа и била поедноставна од оригиналот. Третиот модел на споменик кој ги вклучувал штандовите околу теренот со имињата и бројките над него, повеќе наликувал на оригиналот отколку вториот модел, и бил поставен во 1996 г. истовремено со поставувањето на статуата од Мет Базби, којшто свечено го открил оригиналниот споменик. Овој трет модел бил создаден од каменоресците од Трафорд парк, Мејтер и Елис, а вториот бил сместен во складиште. Во моментов, се очекуваат нови приказни плочи, пред да се постават за прикажување во музејот на клубот во Минхен. Третата спомен-плоча и статуата на Базби, првично биле сместени во северниот дел на Источната трибина, но после проширувањето на трибината во 2000 г., статуата била преместена во предниот дел на Источната трибина, а спомен-плочата во јужниот дел на трибината.
Минхен
уредиВо Германија има исто така два споменика. Првиот, мал дрвен споменик на Исусовото распнување, украсен со камено корито исполнето со цвеќиња е сместен во селото Трудеринг, на аголот меѓу улиците Каротчтрасе и Емплштрасе. На коритото е поставен натписот: "Im Gedenken an die Opfer der Flugzeugkatastrophe am 6.2.1958 unter denen sich auch ein Teil der Fußballmannschaft von Manchester United befand, sowie allen Verkehrstoten der Gemeinde Trudering" (На македонски) „Во спомен на жртвите во авионската несреќа на 06.02.1958, вклучувајќи ги и членовите на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед, како и жртвите во сообраќајот на општината Трудеринг.“
На 22 Септември 2004, темносина, гранитна спомен-плоча била поставена на тротарскиот рабник, и свечено била откриена во близина на стариот Минхенски аеродром, на аголот меѓу улиците Рапенвег и Емплштрасе, на неколку метри од дрвениот споменик. Тој гласи (на англиски и на германски): Во спомен на сите оние, кои ги загубија животите во авионската несреќа во Минхен на 6 февруари 1958”. Под неа се наоѓа спомен-плоча, која ја изразува благодарноста на Јунајтед кон локалната управа на Минхен и кон неговите жители. Новиот споменик бил финансиран од самиот Манчестер Јунајтед и на свеченото откривање присуствувале службениците на клубот, вклучувајќи ги и генералниот директор Дејвид Гил, менаџерот Алекс Фергусон и директорот Боби Чарлтон, којшто ја преживеал несреќата. На 24 април 2008, градскиот совет во Минхен одлучил местото каде што е поставен споменикот да го именува како „Манчестерсквер“.
40 години од несреќата
уредиВо доцната 1997, Џон Доерти му пришол на претседателот на Јунајтед, Мартин Едвардс во името на Сојузот на поранешни играчи на Манчестер Јунајтед, барајќи проштален натпревар за жртвите на Минхенската авионска несреќа: за преживеаните и за членовите на семејствата на оние кои загинале. Едвард се двоумел, но добротворниот натпревар бил конечно потврден во близина на 40 годишнината од несреќата. Навивачите купувале билети пред противниците да бидат избрани, а како можни противници за натпреварот биле рекламирани Црвена Ѕвезда од Белград и Баерн од Минхен. На сред подготовки, поранешниот играч на Јунајтед, Ерик Кантона, којшто се стремел кон филмска кариера летото во 1997 и се пензионирал од фудбалот, сепак пројавил интерес за враќање во Манчестер Јунајтед за да го одигра прошталниот натпревар. Стопанственикот Едвардс, како и секогаш ја искористил оваа можност за да ги спои тие два настани во еден. Оттогаш наваму, некои сметале дека натпреварот започнал да се одржува повеќе во чест на Кантона, а не за да им се оддаде признание, пред сè на „Бебињата на Базби“. Според новиот распоред во глумата, Кантона не бил слободен во февруари, па натпреварот бил преместен за 18 август, а се противел и на тоа да биде во тимот „Европските 9“. Мартин Едвардс бил критикуван поради тоа што го претворил натпреварот во рекламен трик, додека пак, Елизабет Вуд, бившата жена на преживеаниот Реј Вуд го споредила односот кон жртвите со „играње на мечки во циркус“. И покрај тоа, секое од семејството на жртвите заработило по 47000 фунти од натпреварот, додека Ерик Кантона повторно добил повеќе од 90000 фунти, директно од фондот за натпреварот, а не од клубот.