Минимакссредноевропски кабелски и сателитски детски канал. Достапен е во Србија, Унгарија, Чешка, Словачка, Босна и Херцеговина, Романија, Македонија, Молдавија, Словенија и Црна Гора со аудио на српски, унгарски, чешки, словенечки и романски. Минимакс на 27 март 2013 година го променил своето лого во .

Минимакс
СопственикAMC Networks International Central Europe (2007–present)
Веб-странаОфицијално мрежно место

Во Србија Минимакс првобитно се емитовувал од 6 часот наутро до 8 навечер,[1] а после тоа одела содржина на каналот Cinemania plus. Во декембри 2017 година објавено е дека од 1 јануари 2018 година Минимакс ќе премине во 24-часовна шема на емитување.[2]

Од 28 август до 18 декември 2018 година каналот Минимакс, како и останатите канали од AMS групата, не се емитувал на платформите на кабелските оператори СББ, Тотал ТВ и Телемакс.

Историја уреди

Телевизијата започнала со емитување во 1999 година во Унгарија. Таа моментално е достапна на подрачјето на Унгарија и Романија од 2001 година, во Чешка и Словачка од 2003 година, во Србија од 2008 година и на територијата на Полска од 1999 до 2004 година. Во Украина од април 2007 година ја дели платформата со Анимаксом (Аниме) после осум часот. ТВ Канали кои (до 2018) го делеле каналот со Минимакс се: MusicBox (Музички спотови) GameOne (Видео Игри) iTV (Видео игри) и Cherry Music (Музички спотови).

Српска варијанта уреди

Српската варијанта се емитува од 2008 година на територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, во потполност синхронизирана на српски јазик. Синхронизацијата за овој канал ја продуцирале српските студија Суперсоник и Студио, унгарското студио Сабвеј, како и македонското студио Кларион. Исто така се емитувани и синхронизации продуцирани од страна на студијата Лаудворкс, Блу хаус, Идеограм, Призор и Маркони, како и детските телевизии Хепи. На 1 јануари 2018 година каналот преминал на 24-часовна шема на емитување. Од 28 август до 18 декември 2018 година каналот Минимакс, како и останатите канали од Еј-Ем-Си групата, не се емитувале на платформите на кабелските оператори на СББ, Тотал ТВ и Телемакс.

Наводи уреди

  1. „Минимакс Србија, званична фејсбук страница“. Фејсбук.
  2. „Минимакс ће почети 24-часовну шему“. Mts. Архивирано од изворникот на 2018-07-01.

Надворешни врски уреди