Милош Цветковиќ

Милош Цветковиќ (роден на 6 јануари 1990 година) е српски фудбалер кој игра на позицијта на десен бек. Моментално настапува во екипата на Младост од Лучани.

Клупска кариера уреди

Земун уреди

Милош Цветковиќ е роден во Белград.[1] На тимот на ФК Земун му се приклучил во 2005 година. Таму ја изградил својата младинска кариера, а подоцна започнал да игра професионален фудбал за сениорскиот тим. Претходно бил член на младинските категории екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Цветковиќ својот прв натпревар за сениорската екипа на Земун ја имал на 10 ноември 2007 година, на 17-годишна возраст, заменувајќи го Бошко Чворков во второто полувреме од натпреварот против екипата на РФК Нови Сад. Тој одиграл уште еден натпревар, против тимот на ОФК Младеновац до крајот на сезоната 2007–08. Откако клубот испаднал од српската прва лига, Цветковиќ одиграл дополнителни 24 натпревари во сезоната 2008-09 но во српската лига на Белград, придонесувајќи за враќање на клубот во повисок ранг на натпреварување.[1] Помеѓу 2009 и 2011 година има одиграно 45 натпревари во Првата лига за клубот на Земун.[1]

Рад / Палиќ уреди

Милош му се приклучил на тимот на ФК Рад во летото 2011 година, но, набргу потоа бил позајмен на тимот на Палиќ, каде што ја поминал првата половина од сезоната 2011-12. За екипата на Палиќ одиграл 10 натпревари во српската лига на Војводина со просечен рејтинг на оценки од 7,05.[1]

Хајдук Кула уреди

На почетокот на 2012 година Цветковиќ се преселил во тимот на Хајдук од Кула.[2] Тој пристигнал во клубот како резерва за фудбалерот Бранко Пауљевиќ. Настапувал на позицијта на лев бек до крајот на сезоната 2011–12 во српската Суперлига. По својата прва сезона во Суперлигата, Цветковиќ ја започнал новата сезона како резервен играч, но подоцна станал прв избор и тоа на десната бековска позиција. На 20 октомври 2012 година, постигнал гол на натпреварот против екипата на Војводина.[3] Во текот на сезоната играл и како лев бек и како дефанзивен играч за врска. Цветковиќ го напуштил клубот како слободен играч, откако истиот се распаднал и прекинал да постои.[4]

Напредак Крушевац уреди

Во летото 2013 година, Цветковиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Напредок од Крушевац.[5] Тој одиграл 27 лигашки натпревари и 2 натпревари во купот во сезоната 2013-2014. Во првата половина од сезоната 2014-15, со клубот на Напредок од Крушевац имал одиграно 10 натпревари во лигашкиот дел и еден натпревар во делот на купот.

Црвена ѕвезда Белград уреди

По повредата на Марко Петковиќ,[6] Милош Цветковиќ се приклучил на екипата на Црвена ѕвезда од Белград и тоа по препорака на Ненад Лалатовиќ. Тој во декември 2014 година потпишал двегодишен договор со клубот.[7] До крајот на сезоната одиграл 14 натпревари и постигнал 1 гол, и тоа против тимот на Нови Пазар.[8] Откако тренерот Миодраг Божовиќ го заменил тренерот Лалатовиќ, Цветковиќ и понатаму останал во првиот тим на почетокот на сезоната 2015-16, но подоцна постепено се преселувал на клупата за резервни играчи и остатокот од сезоната во најголем дел бил на таа позиција. Подоцна заработил повреда и бил оддалечен од тимот.[9] Тренерот Божовиќ во новата сезона започнал да го користи Цветковиќ како прв избор на десната бековска позиција. И покрај тешкиот пораз од екипата Лудогорец од Разград, во вториот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампиони 2016-2017, Цветковиќ бил еден од најдобрите поединци на тој натпревар.[10] Тој имал асистенција на неговиот прв одигран натпревар во сезоната 2016-17 во српската Суперлига, против клубот на Вождовац.[11] По истекот на договорот, Цветковиќ го напуштил клубот.[12]

Враќање во Напредак Крушевац уреди

Во февруари 2017 година, Цветковиќ се вратил во екипата на Напредок Крушевац.[13]

Левски Софија уреди

На 16 јуни 2017 година, Милош Цветковиќ потпишал со бугарскиот клуб Левски од Софија за период од 2+1 година.[14]

Статистика во кариерата уреди

Клубска статистика уреди

Обновено на 1 Јули 2019[15]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Земун 2007–08[1] Прва Лига 2 0 2 0
2008–09[1] Белградска Лига 24 0 24 0
2009–10[1] Прва Лига 31 0 31 0
2010–11[1] 14 0 14 0
Вкупно 71 0 71 0
Рад 2011–12[1] Суперлига
Палиќ (како позајмен играч) 2011–12[1] Лига на Војводина 10 0 10 0
Хајдук од Кула 2011–12 Суперлига 8 0 8 0
2012–13 25 1 2 0 27 1
Вкупно 33 1 2 0 35 1
Напредак од Крушевац 2013–14 СуперЛига 27 0 2 0 29 0
2014–15 10 0 1 0 11 0
Вкупно 37 0 3 0 40 0
Црвена ѕвезда од Белград 2014–15 Суперлига 14 1 14 1
2015–16 8 0 1 0 2 0 11 0
2016–17 2 0 0 0 6 0 8 0
Вкупно 24 1 1 0 8 0 33 1
Напредок од Крушевац 2016–17 Суперлига 10 0 10 0
Левски Софија 2017–18 Прва Лига 29 0 4 0 4 0 37 0
2018–19 28 0 2 0 2 0 32 0
Вкупно 57 0 6 0 6 0 69 0
Вкупно во кариерата 242 2 12 0 14 0 268 2

Признанија уреди

Клубски признанија уреди

Земун
  • Освоена е Српската лига Белград: 2008–09[1]
Црвена ѕвезда Белград

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 „Cvetkovic, Milos“. srbijafudbal.com (Serbian). Посетено на 18 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Zvezda i Vojvodina najbolje pazarili“. Večernje novosti (Serbian). 4 February 2012. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „VOJVODINA-HAJDUK 1: 1“. FK Vojvodina official website (Serbian). 20 October 2012. Архивирано од изворникот на 2016-10-09. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Hajduk Kula: Posle 101 godine postojanja i 22 u vrhu srpskog fudbala, gasimo klub“. Blic (Serbian). 30 July 2013. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Trujić zatvara prelazni rok u Napretku“. Večernje novosti (Serbian). 3 August 2013. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „CVETKOVIĆ: Nisam očekivao da ću igrati sa decom“. srbijadanas.com (Serbian). 15 March 2015. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Милош Цветковић прво појачање“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 18 December 2014. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „ŠOK Istorijski poraz Crvene zvezde u Novom Pazaru!“. Blic (Serbian). 4 April 2016. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Miloš Cvetković polomio kost stopala“. B92 (Serbian). 17 March 2016. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „OCENE: Ozbiljan klub Kangu kažnjava dvomesečnom platom! Fibel je kritičan, a Le Talek van forme! Veliko srce Miloša Cvetkovića“. mozzartsport.com (Serbian). 3 August 2016. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Цветковић - Столету за рођендан“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 11 August 2016. Посетено на 25 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Буран прелазни рок у Звезди: Цветковић без уговора, раскид са Моучеом, вероватно и Фибелом, Виеира и Петковић на продају...“. Sportski žurnal (Serbian). 18 December 2016. Посетено на 22 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Cvetković se vratio u Napredak“. Večernje novosti (Serbian). 17 February 2017. Посетено на 18 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Милош Цветкович подписа договор с Левски“ (Bulgarian). levski.bg. 16 June 2017. Архивирано од изворникот на 2018-09-07. Посетено на 2022-01-23.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. Милош Цветковиќ на soccerway

Надворешни врски уреди