Милош Богуновиќ (роден на 10 јуни 1985 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач.

Клупска кариера уреди

Почетна кариера уреди

Откако ги поминал своите развојни и почетни години во локалните клубови Земун и Телеоптик, Богуновиќ својот прв официјален натпревар го имал во 2003 година за тимот на Срем од Јаково во Српската лига на Белград.Во зимскиот преден рок во 2006 година Богуновиќ преминал во првиот тим на екипата на Рад. Сепак, клубот на Рад во таа сезона доживеал испаѓање во второто лига на крајот на сезоната. Во следната сезона, Милош бил трет стрелец на тимот со осум првенствени гола, зад Филип Ѓорѓевиќ (16) и Брана Илиќ (9). И покрај одличните игри клубот на Рад во таа сезона не успеал да се врати назад во првата лига, бидејќи во плеј оф натпреварот со клубот на БСК Борча доживеал пораз. Во наредната 2008 година екипата на Рад сепак успеала да оствари влез во првата лига победувајќи го тимот на Сартид од Смедерево. Таа сезона Богуновиќ ја завршил сезоната како најдобар стрелец на клубот со 13 голови пред Брана Илиќ со 6 и Владимир Јованчиќ со 4.

Партизан уреди

На 18 јуни 2008 година, Богуновиќ се преселил во екипата на Партизан, потпишувајќи четиригодишен договор.[1] Својот прв натпревар за клубот го имал во второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампионите 2008-09. Тоа било на 29 јули 2008 година, постигнувајќи го првиот гол во нерешениот натпревар од 1:1 на гостувањето кај екипата на Интер од Баку.[2] На 13 август 2008 година, Богуновиќ постигнал гол во 14та минута во првиот натпревар од третото квалификациско коло против клубот на Фенербахче од Итанбул за водство на неговиот тим од 2:0. Подоцна постигнал уште еден неверојатен гол од далечина, кој на крајот бил поништен поради офсајд. Натпреварот на крајот завршил нерешено со 2:2.[3] На 18 септември 2008 година, Богуновиќ го постигнал победничкиот гол во победата со 2:1 на гостински терен над екипата на Темишвар во првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА 2008-09.[4] Богуновиќ му помогнал на тимот од Белград да ја освои двојната круна во српското првенство.

Во јануари 2010 година, Богуновиќ се преселил во Шпанија и му се приклучил на тимот на Кадис од Сегунда Дивизион (втората шпанска лига) на шестмесечен договор како позајмен играч.[5] Првиот натпревар за Кадис му бил против тимот на Албасете на 7 март 2010 година, кој Кадис го добил со резултат од 4:3. До крајот на сезоната, Богуновиќ одиграл уште само два натпревари. На крајот од сезоната клубот на Кадис испаднал за уште еден ранг и тоа во Сегунда Дивизион Б.

Откако се вратил од позајмицата, Богуновиќ му помогнал на тимот на Партизан да се квалификува за групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2010-11, но не успеал да заигра на ниту еден натпревар од групната фаза односно во главното натпреварување. На крајот на сезоната неговиот клуб повторно ја освоил двојната круна во српското првенство.

Подоцнежна кариера уреди

Во јули 2011 година, Богуновиќ потпишал двегодишен договор со новопечениот прволигаш во Суперлигата, тимот на Нови Пазар. Тој поминал две сезони во клубот, одиграл 48 лигашки настапи и постигнал шест гола. Во летото 2013 година, Богуновиќ по втор пат заминал во странство и овој пат се приклучил на тајландскиот клуб Бангкок Јунајтед.

Во почетокот на 2015 година, Богуновиќ се вратил во својата земја и му се приклучил на Суперлигашкиот клуб Долен Срем. Подоцна, во месец август, истата година се префрлил во клубот на Спартак од Суботица.

Репрезентација уреди

Богуновиќ својот прв натпревар на репрезентативно ниво за екипата на Србија го имал на 14 декември 2008 година во пријателскиот дуел и пораз од 0:1 против репрезентацијата на Полска.[6]

Статистика уреди

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Рад 2005–06 13 1 0 0 13 1
2006–07 35 8 35 8
2007–08 31 13 1 0 32 13
Вкупно 79 22 1 0 80 22
Партизан 2008–09 32 6 3 2 10 3 45 11
2009–10 8 0 0 0 8 0 16 0
2010–11 6 1 3 0 3 0 12 1
Вкупно 46 7 6 2 21 3 73 12
Кадис (како позајмен играч) 2009–10 3 0 0 0 3 0
Нови Пазар 2011–12 28 3 1 0 29 3
2012–13 20 3 2 0 22 3
Вкупно 48 6 3 0 51 6
Бангкок Јунајтед 2013 10 3 0 0 10 3
2014 26 2 0 0 26 2
Вкупно 36 5 0 0 36 5
Долен Срем 2014–15 14 1 0 0 14 1
Спартак од Суботица 2015–16 10 0 2 1 12 1
Телеоптик 2016–17 19 4 0 0 19 4
Жарково 2018–19 15 0 0 0 15 0
Вкупно во кариерата 270 45 12 3 21 3 303 51

Признанија уреди

Партизан
Телеоптик
  • Освоена е Српската лига на Белград: 2016–17
Жарково
  • Освоена е Српска лига на Белград: 2017–18

Наводи уреди

  1. „Bogunović u Partizanu!“ (Serbian). partizan.rs. 18 June 2008. Посетено на 17 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  2. „Partizan pegged back in Baku“. uefa.com. 29 July 2008. Посетено на 17 July 2015.
  3. „Fenerbahçe fightback foils Partizan“. uefa.com. 13 August 2008. Посетено на 17 July 2015.
  4. „Pobeda Partizana u Temišvaru - 2:1“ (Serbian). b92.net. 18 September 2008. Посетено на 8 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Milos Bogunovic, refuerzo invernal del Cádiz CF“ (Spanish). cadizcf.com. 4 January 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 5 January 2010.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Poraz Srbije od Poljske“ (Serbian). b92.net. 14 December 2008. Посетено на 8 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски уреди