Милица Димитријовска Радевска

Милица Димитријовска-Радевска e македонска поетеса, научен истражувач во областа на литература и педагогија, родена е 1967 во село Вирово, Демир-Хисар.

Милица_Димитријовска-Радевска
Занимањепоет
Државјанствомакедонско
ОбразованиеУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошки факултет, во Скопје

Биографија уреди

Дипломирала на Универзитетот на Филолошки факултет, во Скопје, група македонски јазик. Работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ „Таки Даскало“ во Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонското научно друштво од Битола. Радевска има објавено голем број на творби во литературни списанија, билтени, алманаси како во ,,Современост‘‘ , „Современи дијалози“, „Стoжер “, „Раст“, „Синтези“, „Акт“, „Книжевни елементи“, „Прилози“, „Зенит“, „Ријеч“, Брчко, Босна и Херцеговина, ревијата ,,Бранување“, списанието за литература и култура „Хелис“ од Романија и др. Трудови од областа на воспитно-педагошка дејност има објавувано во: „Воспитни крстопати“, „Образовни рефлексии“, „Литературен збор“, „Просветно дело“.

Автор е на стихозбирките на повеќе стихозбирки, а својот научен и истраќувачки труд го реализира со подготовка на наставното помагало ,,Јазикот и графиката“, во соавторство со Весна Мундишевска-Велјановска.

Учествувала на повеќе книжевни манифестации и научни средби од областа на литературата и воспитно-педагошката дејност. Нејзината поезија е преведена на српски, англиски, романски јазик. Свои критички огледи, записи, рецензии напишала за повеќе современи македонски автори: Радован П. Цветковски, Раде Силјан, Веле Смилевски, Панде Манојлов, Владимир Костов, Весна Мундишевска-Велјановска, Весна Мојсова-Чепишевска, Борче Панов, Лидија Димковска, Даниела Андоновска Трајковска, Кире Неделковски, Петко Шипинкаровски и други.

Дела уреди

,,Обидници‘‘ Книжевна младина на Македонија, Скопје 1988 година;

„Лечебница“ ( Развиток -Битола 2000 г. );

,,Поетски дијалог“ во соавторство со Весна Мундишевска–Велјановска, Матица, Скопје, 2010 „Воздишки на ветрот“,Матица, Скопје, 2013;

„Лузни на зборот“,Битолскиот книжевен круг, Битола, 2016;

„Сам во пределите на сонот“,Матица, Скопје, 2019; к

,Јазикот и графиката“, во соавторство со Мундишевска–Велјановска.