Миле Ангеловски

македонски писател

Миле Ангеловски (1 мај 1936 во Горна Бошава4 ноември 2000) — македонски поет и писател за деца. Роден е во село Горна Бошава на 1 мај 1936 година. Завршил Педагошки факултет во Скопје. Бил просветен работник. Член на ДПМ од 1990 година.

Автор е на книгите: Далечни градини (поезија, 1969), Зрачиња со многу бои (поезија за деца, 1972), Повик на долината (публицистика, 1973), Бели ради сред ливади (поезија за деца, 1978), Сребрени ѓерданчиња (поезија за деца, 1980).[1]

Наводи уреди

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 23.