Микросам

(Пренасочено од Микросам АД)

Микросам АД — претпријатие од Прилеп за производство на современи, сметачки управувани машини за производство на композитни материјали [1][2]. Таа зема активно учество на многу светски саеми за композитни материјали меѓу кои „JEC Composites Show Paris“[3] и саемот за воздухпловство и вселенска опрема „МАКС“ во Русија[4]. 97% од производството на претпријатието е наменето за извоз, а меѓу земјите во кои претпријатието извезува се и Русија[5], Кина[5], Германија[5] итн.

Микросам А.Д.
Типјавно
Oснована1990
СедиштеПрилеп, Република Македонија
Опслужувано
подрачје
Цел свет
Клучни личностиБлагоја Самакоски, Самоил Самак
Дејносткомпозитни материјали
автоматика
роботика
Производимашини за напредно намотување на влакна
машини за предимпрегнирани композитни влакна
прототипни машини за поставање влакна
прилагодено композитно машинство
интегрирани производни линии
Вработени80+
Порталmikrosam.com

ИсторијаУреди

Претпријатието „Микросам“ е формирано во 1990 г. во Прилеп , градот под Маркови Кули - Република Македонија . Запишан е со Решение во Трговскиот Регистар при Централниот Регистар на Р.Македонија како друштво за електроника, дизајнирање и производство.„Микросам“ е светски конкурентно претпријатие на пазарот кое произведува машини за современи композитни материјали.После отцепувањето на Република Македонија од Југославија како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена на повеќето приватници кои во тогашното време самостојно се истакнале. Токму „Микросам“ е основано во тоа време, како едно од ретките приватни претпријатија, со цел производство на високотехнолошки производи и спречување на одливот на мозоци од регионот.

Микросам започнала со работа со прилично мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант. Почнува да работи на консултирање за дизајн изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство.„Микросам“ континуирано инвестирала во големи производствени капацитети во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини.

Исто така компанијата активно работи и со клубот на млади таленти односно Микросам Академијата која е формирана во 2007 година и има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци.

Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на роботиката, 3Д дизајн, програмирање и друго. Последниот зафат на оваа компанија беше да создаде „Институт за напредни композити и роботика “ со визија да стане центар за практично истражување за добрата на целото општество. До денес, Микросам АД има произведено и успешно инсталирано повеќе од 200 производни линии во околу 40 земји низ светот.

СегашностУреди

Микросам АД е сместена на идиличниот почеток на историски богатиот Пелагониски регион. Главното седиште на компанијата се наоѓа во периферијата на градот Прилеп, на патот за Крушево, познато историско обележје за Македонија. Објектите во главното седиште ги содржат канцелариите за администрација и дизајн,заеедно со фабриките за модерни машини и истражувачка лабораторија за композити. Близу до седиштето се наоѓа место каде што Институтот за современи композити и роботика има изградено своја фондација.

Инженерскиот тим во Микросам се состои од луѓе со различни искуства во различни полиња за производство на модерни машини. Располага со инженери по електротехника и автоматика, машински инженери, софтверски инженери (развивачи на софтвер), инженери-технолози, и група за производство. Сите тие работат заедно како еден тим за да го остварат крајниот производ. Тимот се состои и од доктори во различни научни полиња, како и универзитетски професори кои перманентно се посветени на барање идејни решенија за клиентите.

Тимот располага со истражувачки лаборатории за современи композити, каде што се развиваат технологии за намотување на влакна, технологија за производство на препрег и технологија за полагање на влакна каде што работата и експериментите се неизбежни.

Откако композитите и автоматизацијата стануваат секојдневни, тие работат со нивните клиенти на нивните специфични барања, тестирајќи ги концептите во лабораториски услови пред нивно крајно производство.

Организациска СтруктураУреди

 
Организациска структура на компанијата

Микросам АД како компанија се издвојува во многу аспекти од класичното производство, а својата организација и раководство ги гради пред сè на капацитетот на знаење коj го поседува секој вработен. Не постои класична хиерархија на управување, туку на знаење и поседување на претпримачки дух во било кој од вработените. Како последица на се почестите промени кои се случуваат во современото работење, компанијата имплементира алтернативни системи на управување и вреднување на работата, ставајќи го во прв план постојаното учење и флексибилноста на вработените кои поседуваат различни знаења и способности. Според овој систем на работа не постои класичниот шеф, туку водач на знаење со кој останатите се консултираат. Општо земено, поттикнувајќи постојано учење и стекнување нови вештини, овој систем има низа предности вклучувајќи зголемена флексибилност, ротација и задоволство на вработените како и подобро извршување на работата и зголемена можност за давање предлози за иновации и сугестии во насока на подигнување на вкупната организациска способност и флексибилност, како и кон смалување на отсуствата на вработените.

 
Органограм на Микросам АД

Органограм на Микросам АДУреди

Тимот на вработени во компанијата се состои од универзитетски професори, доктори на наука, машински, електро и хемиски инженери, програмери и работници во производство. Бројот на вработени соодветно годишната сметка за 2014 година, изнесува 97. Од вкупниот број вработени, околу 60% се со висок степен на образование по инженерски науки.

Услуги и производиУреди

Експертиза за производство на композитиУреди

За да се пронајде вистинското решение за производство на композитен дел, треба да се има подлабоко разбирање за тоа што го прави композитот посебен и поразличен од изотропните материјали. Голем број искусни инженери се вклучени во дизајн и поризводство, повоќе од 35 години. Токму тоа искуство им овозможува да им помогнат на нивните клиенти да ги решат проблемите кои ги имаат во текот на призводството. Композитните материјали постојано се развиваат во нивната финална апликација и нивната техника на производство. За да се случи тоа развивање Микросам АД има извонредна лабораторија која нуди најсовремена опрема за работа со композитни материјали, изработка на мали делови, како и пронаоѓање на нови автоматизирани можности. Така, претпријатието Микросам, комбинирајќи го нивното знаење за композитите и рачната автоматизација, го добива клучот за успех во процесот на производство.

Микросам АД го поседува и гарантира најбогатото портфолио на производи и услуги на пазарот за композитно производство:

  • машини за (влажно и суво) намотување на композити
  • линии за производство на композитни боци под висок притисок
  • линии за импрегнација - производство на унидирекционален препрег, препрег ткаенина и tow-препрег
  • машини за сечење и премотување на препрег
  • машини за композитна обработка
  • машини за полагање на влакна и лента (AFP/ATL)
  • интегрирани производни линии

За да ја олесни и подобри прецизноста на управувањето на машините, да понуди континуирана инспекција на целиот производен процес, тимот на Микросам АД развива контролни системи и софтверски пакети за креирање, промена и симулација на програми за намотување и офлајн програмирање на AFP/ATL машините со можност да се дефинира композитниот ламинат и да се генерираат програми во Г-код.

Машини произведени од страна на Микросам АДУреди

За оние кои се несигурни во можностите кои ги нуди композитното производство и во имплементацијата на нивните бизнис идеи, Микросам АД нуди најсовремена лабораторија во која има инсталирано машини за клучните технологии врз кои го гради своето портфолио на производи. Со цел да им помогни на потенцијалните купувачи да ја одберат опремата која ќе ја максимизира нивната производна флексибилност, ефективност и капацитет, компанијата ги нуди следните услуги:

  • демонстрација
  • тестирање
  • прототипирање
  • развој на нови производи и технологии
  • компаративна анализа на конкурентни технологии и опрема
  • програмирање
  • тестирање и спојување на платформи за контрола на движењето
  • софтверско инженерство
  • ретрофитирање
  • технички консалтинг
  • тренинг за управување со машини и софтвер
  • одржување на опремата
  • истражување на пазарот

Корпоративна општествена одговорностУреди

Паралелно со инвестициите кои Микросам АД ги прави на професионален план во областа во која ја обавува својата основна дејност, не заостанува и во вложувањето кое го прави во прилог на општествената заедница која го опкружува. Во 2007 година компанијата ја има основано Микросам Академијата за млади таленти од 18 до 30 години, која нуди бесплатни курсеви и постои како можност за кандидатите кои сакаат да го надоградат своето знаење, да се обучат и да се приклучат кон Микросам тимот. Главната цел на Академијата е да го поттикне интелектуалниот и личниот развој на младите талентирани луѓе преку понатамошно образование и обука. Академијата има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристп до најмодерна технолошка библиотека. Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца од 12 до 17 години во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на програмирањето, апликации, видео игри, 3Д дизајн и роботика. Микросам АД преку Интитутот за современи композити и роботика, е една од акредитираните институции во Македонија која што може да спроведува програми за обука и образование на возрасни, како дел од ЈУ Центар за образование на возрасни, под покровителство на UNDP и Агенција за вработување на Р.Македонија. Според програмата, возрасни лица се субвенционираат да посетуваат обука за помошници машински и електро инженери во траење од 4 месеци. Учесниците добиваат сертификати за успешно завршена обука, а најуспешните добиваат можност да се вработат во Микросам АД. Програмата освен што нуди надоградба на знаењето, нуди и можност за преквалификација. Микросам од 2010 година е вклучен во програмата ИАЕСТЕ (Меѓународна размена на студенти на техничките факултети), нудејќи пракса за странски студенти. Досега во компанијата пракса имаат остварено студенти од Шпанија, Германија, Јапонија и Велика Британија. Микросам АД редовно ја следи работата на своите вработени и инвестира во надоградба на нивната професионлна подготвеност и образование. Со таа цел, најдобрите и наjистакнати вработени се поттикнуваат и финансиски се поддржуваат да се запишат на магистерски и/или докторски студии на програмите понудени од страна на Интитутот за современи композити и роботика и Универзитетот Гоце Делчев.

ТехнологииУреди

Автоматика и автоматизација на процеситеУреди

Автоматиката е главна област на компетенција за Микросам. Тие инвестираат во оваа област уште од времето на формирање на компанијата, и имаат оформено методи и техники што му дозволуваат да ги исполнат некои од најтешките подвизи во нивната индустрија. Нивната способност се крие во енергетскиот инженерски тим, направен од повеќе технички области кои ја сочинуваат мехатрониката, овозможувајќи им да работат заедно на еден целосно интегриран производ.

Кога станува збор за одбирање електрични и механички компоненти, за разлика од своите конкуренти, тие се одлучиле тоа да го прават на поинаков начин. Нивната цел е да се користат специјални механички делови на продукти направени по мерка, и да ја искористат полицата на електричнен хардвер за автоматизација. Сите заедно, тие се стремат да изградат машина која лесно може да се одржува со текот на својот долг животен век.

Проширувањето на оваа филозофија е дека кога станува збор за комуникациските протоколи и софтверските платформи, тие своите одлуки ги носат предводени од нивната имагинација. Нивните машини користат отворени стандарди на комуникација и популарни платформи. Тие им овозможуваат на своите понапредни корисници да истражуваат, и во случај да најдат нови подобри решенија, истите да се искористат во развојот на машинската интеграција направена по мерка.

Развој на специјализиран софтверУреди

Микросам АД исто така има развиено специјализиран софтвер за секоја машина која е претходно изработена од ова претпријатие. За да има подобри резултати работниците на овој софтвер ја сфаќаат работата многу сериозно и го замислуваат процесот низ кој еден корисник на машината треба да помини за да изработи сопствен производ. Специјализираниот софтвер е извонредна стратегија на ова претпријатие, која им овозможува на корисниците брз, едноставен и лесен начин за користење на направената машина.

Технологии за производство на композитни материјали кои ги развива Микросам АД се:

ПроизводиУреди

Микросам АД произведува машини за производство на композитен материјал или делови од композитен материјал. Машините ги произведува според желбите и потребите на клиентите, таа нема сериско производство на машини.

Меѓу производите на Микросам АД спаѓаат:

  • MC-10“ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали.
  • SCR 2500“ машина за сечење и кaлибрирање на композирани краеви на цевки.
  • Automated Fiber Placement (AFP)“ машина за производство на композитни материјали. Дизајнирана за лабаратории и истражувачки центри.
  • MikroPlace“ офлајн програмирање и анализа.

Автоматското положување на влакна и на препрег ленти (AFP/ATL) се технологии кои за повеќе од 2 децении го револуционизирале производството на композитни структури за авијација и вселенската индустрија, и денеска тие влегуваат во нови индустрии како што е искористувањето на енергијата од ветерот.

 
Држави кои моментално користат Микросам продукти

Комплексни композитни структури кои се правеле рачно, денеска се произведуваат со AFP/ATL технологиите што резултира до:

  • повисока продуктивност (10–40 kg/h)
  • подобрен квалитетот на композитната структура со подобра компакцијa
  • намален отфрлен материјал
  • намалена цената
  • намален трудот
  • полесно за употреба (пониски знаења се потребни за користење)
  • намалено времето за произведување
  • прецизност и повторливост на процесот
  • сеопфатни софтверски решенија кои им овозможуваат на комплексни форми да се програмираат брзо
  • Последните делови произведени од овие технологии целосно ги искористуваат не-изотропските композитни карактеристики поради слободата кои овие процеси му даваат на дизајнерот

Додека AFP положува повеќе индивидуални препрег ленти, ATL положува еднонасочни ленти. Двата сета користат термосет, термопластични смола или суви континуирани влакна. Која технологија ќе се користи зависи од површинската геометрија и продуктивноста која ја сака корисникот.

Намотувања на влакна е процес на фабрикување композитни материјали во кои продолжени влакна, кои или биле претходно импрегнирани со матричен материјал или импрегнирани во процесот на намотување, се мотаат прецизно со предодредена шема. Брзото, прецизно поставување на засилувањето во преодредена шема е основата на процесот на намотување влакна.

  • помошна опрема
    • бањи за импрегнирање
    • единица за песочно дозирање
    • станица за сушење
    • машина за тензија на влакната
    • мандрел и дизајн на мандрели
    • станица за испуштање на мандрели
    • екстрактор на мандрели

Микросам понудува машини за импрегнирање за различни апликации кои би му годеле на квантитетот од производот и истовремено даваат флексибилност.

Со зголемување на обемот на арматура, матриците од смола и подобрените методи за производство, резултирале до намалување на цените на импрепрегнирање, поголем квалитет, можност за поголем волумен и леснотија во процесирањето кои го донеле импрегнирањето до автомобилската, маринската, воздушната, спортската и други индустрии.

Машините за импрегнирање имаат повеќе поволности вклучувајќи стратешки, економски и легални.

Ваквите машини можат да користат различни видови на арматура како: Јаглен, стакло, арамид, хибридни влакна и др. Можат да користат различна ширина на импрегнирањето и различна брзина на произведување.

  • Li 3000 (растворувачки систем) се тип на најмодерни машини кои најдуваат примена во авијација, вселенската, железничката и број други индустрии.
  • Систем за жешко топење е систем кој користи топлина и притисок да импрегнира влакна со смола. Овие системи работат во 2 фази: пре-ламинација и импрегнирање на влакната. Влакната се поминуваат по чешел за еднакво да се постават.

Машините за сечење на импрегрирани материјали се здобија со популарност откако се разви свеста за

бенефициите на сечење на импрегрирани ленти и нивната примена во автомобилската, воздушната, вселенската и други индустрии.

  • машините за широко сечење на ленти од Микросам се наменети главно за тие композитни произведувачи кои користат ATL технологија

во нивното производство на композитни стурктури

  • машините за тесно сечење на ленти од Микросам ги вклучуваат MSR- 300D и SRM- 10 100
    • MSR- 300D овозможува сечење на еднонасочна лента и замотување, тоа е двочекорен процес со опсег на дебелина од 0.1 - 0.3 mm.
    • SRM- 10 100 е интегрирано решение на Микросам за сечење на тесна импрегнирана лента и паралелно премотување и е наменета за оние композитни производители кои применуваат автоматско поставување на влакна (AFP) и намотување (FW) во нивното произведување на композитни структури

АкадемијаУреди

  Главна статија: „Микросам Академија.

Микросам Академијата за таленти е основана во јуни 2007 година. Таа работи во склоп на Микросам АД, и се состои од:

1. Обука за програмирање во С++ и Инженерска математика;

2. Обука за машински инженери;

3. Обука за електро инженери;

4. Клуб за талентирани средношколци;

Од 2007 година досега, низ бесплатни курсеви и клубови, Академијата има обучено над 250 лица (од кои 150 средношколци) чиј број постојано се зголемува, преку проектна настава, пристап до најмодерна технолошка библиотека како и учество на натпревари.

Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца од 12 до 17 години во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на програмирањето, апликации, видео игри, 3Д дизајн и роботика.

Микросам Академијата верува дека сите луѓе можат да учат и нејзината основна цел е да го поттикнува интелектуалниот и личниот развој на талентираните млади луѓе. Преку развојот на способностите за планирање, размислување и стратегиите кои им се неопходни за успех во областа на техничките науки, Академијата помага во создавањето на високо конкурентна работна сила на глобалниот пазар на труд. Академијата Микросам користи модерни методи во предавањето, мултимедиско образование, елементи на самостојно учење, вистинско животно искуство итн. За задоволување на образовните потреби на студентите, Микросам располага со огромна база на податоци, која вклучува: стручна литература, видео–материјали, дополнителна документација, како и директен пренос на предавања од истакнати професори од универзитети во САД. Предавањата и презентациите во текот на курсевите ги држат домашни и странски афирмирани експерти, стопанственици и професори.

Во скоп на својата програма, Академијата има четири типа на обука:

  1. Обука на програмери. На младите им се дава можност да посетуваат организирана настава на подолг временски рок. Преку својата настава, има намера да го дефинира идниот програмер, експерт за програмирање во С++, отворајќи му ги развојот и перспективите на програмирањето и математиката.
  2. Обуката за машински инженери се одвива во неколку сесии. Се изучуваат инженерска математика и физика, структурна анализа, техничко цртање и моделирање, машински елементи. Микросам Адна учесниците им ги обезбедува сите услови за посетување на курсот, како и соодветна пракса во просториите на Микросам АД.
  3. Обука за електро инженери. Учесниците на тој курс стекнуваат знаења од многу подраќја како користење на современи софтвери за проектирање на електрични кола, основи на автоматско управување на електрични машини, серво електромоторни погони, ПЛЦ и ЦНЦ управувачки системи, сензори и друго.
  4. Во 2008 е формиран Клубот за талентирани средношколци кој функционира најинтензивно во текот на летниот период. Во него, средношколците имаат можност да го пронајдат, развиваат и надоградуваат својот талент кон областа која нив ги интересира. Клубот всушност претставува вон наставна, проектно заснована активност. На располагање на средношколците им стои и богатиот фонд на стручна литература со преку 5000 наслови од печатената библиотека и преку 30 000 наслови од дигиталната библиотека.

Микросам–Академијата е дел од целокупниот концепт на Микросам којшто придонесува за промена на пристапот на работа, образованието и подигање на нивото на техничко–технолошки развој на Република Македонија.

МисијаУреди

Мисијата на Микросам е да биде светски водач во производство на високо квалитетна опрема за композитни материјали и да им нуди на клиентите прилагодени решенија со развивање на врвни технологии, проширување на обемот на производи, развивање на високи бизнис перформанси и воспоставување на долготрајни врски со клиентите.

Систем на вредностиУреди

Вредностите се многу важни за компанијата. Тие и овозможуваат на компанијата да прави точни одлуки и да комуницира со купувачите и заедницата. Вредностите на компанијата вклучуваат:

  • Компанијата да е место на креации, каде што содејствуваат интердисциплинарните полиња со цел да се добијат висококвалитетни продукти
  • Формирање на соработничка атмосфера чија главна цел е високо задоволство од страна на клиентите
  • Обезбедување на заедницата со прогресивна и практична поддршка.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Весник „Време“, 14 мај 2010, стр 9
  2. Весник „Бизнис“, број 482, 22 април 2010, стр 4
  3. Весник „JEC Composites Magazine“, број 56, април 2010
  4. Весник „Зенит“, 2 Септември 2011, стр 5
  5. 5,0 5,1 5,2 Весник „Капитал“, број 661, 27 јуни 2012, стр 23

Надворешни врскиУреди