Мизар: Ѕвезда на надежта
Македонски документарен филм
Мизар: Ѕвезда на надежта е македонски документарен филм по сценарио и режија на Марко Џамбазоски. Тоа е првиот документарен филм за една од најуспешните македонски групи Мизар.[1]
„Мизар: Ѕвезда на надежта“ | |
---|---|
Режисер | Марко Џамбазоски |
Сценарист | Марко Џамбазоски |
Главни улоги | Горазд Чаповски Панта Џамбазоски Горан Таневски Илија Стојановски Слободан Стојков |
Кинематографија | Александар Ристески |
Монтажа | Марко Џамбазоски |
Студио | ФДУ - Скопје |
Премиера | 27 април 2014(Скопје филм фестивал) 27 април 2014 (Република Македонија) |
Времетраење | 17 минути |
Јазик | Македонски |
Содржина
уредиФилмот ја раскажува приказната за почетоците на легендарниот македонски бенд „Мизар“ и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, Мизар станува еден од најважните бендови во историјата на македонската рок култура.
Премиера
уредиПремиерата на филмот се одржа на 27 август 2014, на Скопскиот филмски фестивал.[2][3] По премиерата, следат филмот е прикажан на повеќе фестивали на Балканот меѓу кои „ДОРФ“ (Хрватска), „МакеДокс“ (Македонија), „Стариград Пакленица Филм фестивал“ (Хрватска), „КРАФ“ (Србија), „Заечарска гитаријада“ (Србија), „Balkan's Beyond Borders“ (Грција) итн.
Наводи
уреди- ↑ „Краткометражен документарен филм посветен на легендарните „Мизар"“. NOVATV.MK. 27 јуни 2015.[мртва врска]
- ↑ „КИНО ФРОСИНА: Премиера на документарниот филм за култниот бенд 'Мизар'“. TELEGRAF.MK. 27 April 2014.[мртва врска]
- ↑ „Frosina Cinema's premiere of short documentary od Mizar's career“. REPUBLIKA.MK (англиски). 28 April 2014.[мртва врска]