Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“
Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ е уметничка манифестација на која секоја година творат македонски и странски сликари. Основачи на колонијата се некои од најпознатите македонски сликари, како: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Никола Иванов-Балтон, Димитар Стојчевски и Златко Поп-Стефанов.[1]
28. Ликовна колонија 2014
уреди28. ликовна колонија се одржала во септември 2014 година, во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, под патронат на Македонската православна црква, а финансирана од Министерството за култура на Македонија. Координатор на колонијата бил Наум Михајловски, а изработените дела биле изложени во манастирската галерија во стариот конак. Учесници на колонијата биле сликарите:[1]
- Алиса Јакоби од Естонија
- Олја Нечај од Белорусија
- Ѓулистан Караѓузел од Турција
- Демет Јалчинкаја од Турција
- Толга Боштопрак од Турција
- Елена Темелкова од Бугарија
- Свилен Блажев од Бугарија
- Јовица Дејановиќ од Србија
- Димитар Стојчевски од Македонија
- Гоце Божурски од Македонија
- Стефан Хаџиниколов од Македонија
- Мирослава Цветковиќ од Македонија
- Александар Симоновиќ од Македонија
- Лазо Ѓоргиевски од Македонија