Мешина[1][2] — одрана и препарирана цела животинска кожа (обично овча или козја кожа). Порано се користела за складирање и пренесување на течност или житни и растресити намирници. Исто така дел е и од некои народни дувачки музички инструменти, во кои служи како мев за добивање воздушна струја за создавање тон (гајда, вид дипли и сл.). [3]

Мешини подготвени за правење гајди

Мешината често се користи во традиционалната подготовка на млечни производи, односно за зреење сирење и кајмак. Вака подготвената храна има специфичен вкус и арома[4] и претставува гастрономско доживување.[5]

Изработка на мешина уреди

Мешината обично е направена од овча или јагнешка кожа, поретко од козја. Добиени се со колење на животното на посебен начин, таканаречено „дерење на мешина“. „Дерењето на мешината“ се прави со сечење на кожата по едната задна нога, за да може да се одере целата кожа. Дерењето секогаш се прави рачно, одвојувајќи ја кожаta од месото со притисок на раката. Најважно е кожата да остане неоштетена.[4]

Подготовка на мешина за чување течности и храна уреди

Одерената кожа веднаш се мие со чиста ладна вода и се бричи со остар нож или брич. По бричењето, со врвца се врзуваат отворите на мешината - големиот сек на задната нога и на другите три нозе. Преостанатиот отвор на вратот добро се посолува, и се пристапува на надувување на мешината. Кога мешината ќе се надуе, се проверува дали некаде испушта воздух. Се случува отворите да не се добро врзани или да се оштети кожата при дерењето. Ако мешината се користи за складирање, оштетувањето на кожата може да се поправи. Овие дупки исто така се врзуваат, како и отворите. На помалите дупки одвнатре се ставаат лешници или помали тркалезни камчиња, а однадвор се врзуваат со конец. За поголеми оштетувања се користи орев.

Кога ќе се утврди дека мешината не испушта воздух, таа се превртува така што внатрешноста е однадвор. Потоа повторно се надувува, се стружи за да биде што почиста и убаво се брише со чиста крпа. После тоа, се врзува и последниот, вратниот отвор. Така подготвената мешина се остава да се суши. Сушењето обично се врши на чад, поретко на провев. Кога ќе се исуши, мешината се потопува во чиста вода или сурутка за да омекне. После тоа убаво се мие во ладна вода, се одврзуваат нозете, големиот сек и отворот на вратот и добро се посолува. Потоа повторно се превртува, за да се врати внатрешната страна внатре и повторно да се врзат сите отвори освен вратниот, за да може мешината да се посоли од внатрешната страна и да се надува. Надуената мешина се остава да се исуши 1-2 часа. Мешината не смее да се пресуши за да остане свитлива. Вака подготвената мешина е спремна за употреба, односно во неа да се ставаат сирење и кајмак за зреење.[4]

Време на сушење уреди

Ако мешината е наменета за зреење на сирење треба да се суши најмалку еден месец, а ако е наменета за кајмак, се суши до една година.[4]

Подготовка на мешина за изработка на народни дувачки музички инструменти уреди

 
Мешина за гајда изработена од телешка кожа

Изработката на мешина за музички инструменти се разликува во неколку детали од изработката за употреба во домаќинство.

Кога се свлече целата кожа од закланото животно, влакната не се бричат, туку се сечат на должина од 5-10 мм. Влакната во овој случај, покрај естетската, имаат и практична улога бидејќи ја штитат кожата одвнатре од прекумерна кондензација и насобрана плунка при свирењето.

Бидејќи исушената кожа е крута, таа е неупотреблива за мешина. Затоа пред да се изработува инструментот, се потопува во вода во која стои 4-5 дена за да омекне. Омекнатата кожа се вади од водата, се превртува така што влакната се внатре и со нож се стружи и добро се чисти. Така исчистена, добро се посолува со кујнска сол и на крајот во неа се втрива пченкарно брашно. Составот на оваа смеса и воопшто начинот на штавење е различен кај различни мајстори.

Одбирањето на кожа за правење мешина зависи од искуството и барањата на свирачот. Квалитетот на мешината зависи првенствено од големината, а потоа и од бојата на волната или влакната, еластичноста (порозноста), староста на животното, периодот на колење итн.[6]

Наводи уреди

  1. „мешина“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мешина“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Речник српских говора Војводине. Књ. 2, З-М (Измењено и допуњено. изд.). Нови Сад: Матица српска : Тиски цвет. 2019. ISBN 978-86-7946-259-6.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Adžić, Jovan. „Tehnologija proizvodnje autohtonog sira Prlja“. Tehnologija hrane. Посетено на 4. 12. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Prljo“. TasteAtlas - WORLD FOOD ATLAS (енглески). Посетено на 4. 12. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Радисављевић, Владан. „Гајде у традиционалној култури Срба“ (PDF). Свевлад. Посетено на 5. 12. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)