Мексиканска ситуација

Мексиканска ситуација или мексиканска пресметка (англиски: Mexican standoff) во филмот претставува термин кој означува сцена каде што повеќе ликови имаат вперени оружја еден кон друг, со што се создава стратегиска сотојба каде ниедна страна не може да делува на начин кој овозможува победа.

Тројца мажи го реконструираат мексиканскиот судир

Потекло уреди

Фразата доаѓа во употреба во доцниот 19 век, кога оригинално била употребувана да се прикаже состојбата на неодлучност на мексиканската влада. Фразата се употребува и за вооружени и за невооружени конфликти на статус кво, каде одделните страни не можат да преземат акција.

Мексиканската ситуација во филмовите уреди

Во филмската уметност, мексиканската ситуација често е портретирана преку многубројни противници со вперени оружја меѓусебе, со што секој противник се чувствува подеднакво загрозен и не верува дека може прв да го употреби своето оружје без последици по сопствениот живот; еден првичен застел може решително да ја уништи нестабилната рамнотежа со што сите противници межусебно ќе се застрелаат. Оваа ситуација се појавува на крајот од филмовите Добриот, Лошиот и Грдиот и Касапски кучиња. Аналогна нестаблина ситуација може да се појави кога оружјето е во подеднаков дофат на двајца противници, како што е климаксот на филмот Повторно мртов. Мексиканската ситуација денес се смета за филмско клише поради претераната негова употреба во шпагети вестерните и акционите филмови.