Мајадаг

село во Гуменџиско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Маја Даг)

Мајадаг (грчки: Φανός: , Фанос, до 1926 година Μαγιαδάγ, Мајадаг,[2] на турски: Mаyаdаğ, Мајадаг) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на област Централна Македонија, Грција.[3]

Мајадаг
Φανός
Џамија во Мајадаг во XX век
Џамија во Мајадаг во XX век
Мајадаг is located in Грција
Мајадаг
Мајадаг
Координати: 41°07′N 22°47′E / 41.117° СГШ; 22.783° ИГД / 41.117; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000294000000294 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно168
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во североисточните падини на планината Пајак на 14 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).

Историја уреди

 
Плоштадот во Мајадаг, во Првата светска војна

Во XIX век Мајадаг е големо турско село во казата Аврет Хисар (Кукуш) на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маада (Mааdа) е населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 600 домаќинства, како и тоа дека жителите се 1.496 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Мајадаг е село во гевгелиската каза со 3.200 жители Турци.[5]

Во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1926 година селото е преименувано во Фанос.[6] Во 1928 година целото село е бегалско со 146 семејства и 582 жители бегалци.[7]

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαγιαδάρ -- Φανός
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.