Машка кошаркарска репрезентација на Канада

Канадската кошаркарска репрезентација ја претставува Канада во спортот кошарка и е исто така позната како „Тим Канада“. Оваа е една од репрезентациите под покровителство на Канада Баскетбол, канадската кошаркарска федерација. Најголем успех на репрезентацијата е освојувањето на второто место на ЛОИ во далечната 1936, а во понови времиња, под најдобриот канадски кошаркар на сите времиња, Стив Неш, учеството и освојувањето на седмото место на ЛОИ во Сиднеј во 2000. Канадската репрезентација поминува низ период од транзиција на почетокот на новиот век, но со време, младите играчи добиваат неопходно искуство. Водач на младиот канадски тим од 2007 сè до денес е Семјуел Даламберт од Филаделфија Севентисиксерс од НБА.

Канадска кошаркарска репрезентација

ФИБА ранк 17ти
член на ФИБА од 1936
ФИБА зона ФИБА Америка
Национална федерација Канада Баскетбол
Тренер Лио Ројтинс
Олимписки настапи
Настапи 8
Медали Сребро 1936
Светски првенства
Настапи 11
Медали 0
ФИБА Американски првенства
Настапи 13
Медали Сребро 1980, 1999
Бронза: 1984, 1988, 2001

ФИБА Квалификации за ЛОИ 2008 одржани во АтинаУреди

Канада се извлече од фазата на групи, со минимална победа од 78-76 над Јужна Кореја, со кам-бек во последните минути. Во четврт-феналето, се сретна со Хрватска, и беше убедливо поразена од Хрватите, кои се пласираја и на самите Летни олимписки игри. На мечот против Јужна Кореја и против Хрватска, тренерот Лио Ројтинс го имаше суспендирано неговиот најдобар играч Семјуел Деламберт, запечатувајки ја судбината на Канаѓаните, кои беа ослабени со неиграњето на Стив Неш, Џамал Меглор и суспендираниот Денхам Браун. Извршниот одбор на репрезентацијата одлучи во иднина да самите селектираат репрезентативци, и тренер кој ќе ги води за тој одреден циклус, место тренер/селектор со полно работно време.

СелекцијаУреди

ФИБА Олимписки Квалификации за Летни олимписки игри 2008 .

# Позиција Име и презиме Година на раѓање Висина Клуб
бек Рован Берет 1972 196   Шалон-Сур-Саон
бек Карл Инглиш 1981 196   Гран Канарија
бек Џермејн Андерсон 1983 188   Туебинген
бек Тајлер Кепкеј 1987 182   Универзитетот Јута
бек Енди Ројтинс 1986 196   Универзитетот Сиракјус
крило Олу Фамутими 1984 198   КК Кимик
крило Левон Кендал 1985 206   КК Панајониос
крило Дејв Томас 1976 204   КК Мелбурн
крило Хуан Мендез 1981 208   Ришон
крилен центар Џеси Јанг 1980 209   КК Естидијантес
центар Семјуел Деламберт 1981 210   Филаделфија Севентисиксерс
центар Џоел Антони 1982 207   Мајами Хит
- тренер Лио Ројтинс