Мауна Кеја

вулкан на Хаваите
(Пренасочено од Мауна Кеа)

Мауна Кеја (хавајски: Mauna Kea - „бела планина“) — неактивен штитест вулкан на островот Хаваи во американската сојузна држава Хаваи. Тој е највисок од петте вулкани кои се наоѓаат на островот Хаваи.

Мауна Кеја
Mauna Kea
Mauna Kea from the ocean.jpg
Мауна Кејаво декември 2007 г. со видливата сезонска снежна капа
Највисока точка
Надм. вис.4207,3 м [1]
Истакнатост4207,2 м [1]
Изолираност3947 км [2]
Координати19°49′14″ N; 155°28′05″ W / 19.820664075° N; 155.468066397° W / 19.820664075; -155.468066397Координати: 19°49′14″ N; 155°28′05″ W / 19.820664075° N; 155.468066397° W / 19.820664075; -155.468066397[1]
Географија
МестоХаваи, САД
Матичен венецХавајски Острови
Геологија
Старост на карпатаНајстара датирана карпа: 237.000 ± 31.000 п.с.[3]
Приближно: ~1 милион[3]
ВидШтитест вулкан
Вулкан на жешката точка
Вулкански лак/појасХавајско-царска подморска верига
Последен избув2460 п.н.е. ± 100 години
Искачување
Прво освојувањесо писмен запис: Гудрич (1823)[4]
Најлесен патпатека Мауна Кеја
Прогласено:ноември 1972

Неговата надморска висина изнесува 4.207 м, а од морското дно висока е 9100 м. Надморската висина на соседниот вулкан Мауна Лоа изнесува 4.169 м.

На хавајски јазик името на вулканот значи „Бела Планина“ заради тоа што врвот на вулканот е редовно прекриен со снег, иако постојат теории дека името на вулканот потекнува од „Мауна-о-Вакеја“ што би значело „Планина на божеството Вакеја“.

На врвот на планината е изградена опсерваторија, па заради поволните климатски и временски услови како и нејзината положба, се смета за едно од најдобрите места за посматрање на семирот.

Вулканот последен пат избил околу 2460 г.п.н.е. (± 100 години)

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Mauna Kea“. NGS Station Datasheet. United States National Geodetic Survey.
  2. „Mauna Kea“. Summits of the World. peakbagger.com.
  3. 3,0 3,1 „Mauna Kea: Hawai'i's Tallest Volcano“. Hawaiian Volcano ObservatoryUnited States Geological Survey. May 22, 2002. Посетено на August 8, 2010.
  4. Hartt, Constance E; Neal, Marie C. (April 1940). „The Plant Ecology of Mauna Kea, Hawaii“. Ecology. Ecological Society of America. 21 (2): 237–266. doi:10.2307/1930491. JSTOR 1930491. (бара претплата)

Надворешни врскиУреди