Материјални историски извори

Материјалните историски извори претставуваат историски извори од живеењето на нашите предци коишто останале во нивната материјална вредност.Како такви денес се останати повеќе видови на алати,орудија,оружје,накит,пари,садови,ѕидини,уметнички изработки,како и цели градби.Тие се најзначајни докази при истражувањето и проучувањето на одредено минато на некој народ или држава.Денес материјалните историски извори може да се најдат главно по музеите и на археолошките наоѓалишта,како и во самите градови или населени места и тоа градби коишто и денес функционираат како што тоа било и во далечното минато.