Масларче, или познато како поте или јамче, е метален сад кој се користел во кујната за топење масло. Масларчето по форма и декорација варирало, побогатите семејства изработувале масларчиња со повеќе декоративни детали.

Опис

уреди

Масларчето служело за топење масло. Тоа е тркалезно по форма, со рамно дно и право тело, во горниот дел со еден вдлабнат раб, а на самиот отвор со мал чембер свиткан нанадвор. На предната страна отворот е извиткан во „устинка“, од каде што истекува растопеното масло. Од страната, прицврстена со две чивии, додадена е широка плоскава рачка од тенок лим со полусрцевиден облик. Постоеле и масларчиња со капаци, каде капакот е со тркалезна форма, на врвот има додадено пупка која е прицврстена со чивија. Работ на капакот е свиткан навнатре, поради што тој добро лежи на отворот од телото на јамачето. Рачката е со полукружна форма, на долниот крај прицврстена со една, а на горниот дел на две места со две бакарни чивии.[1]

Наводи

уреди
  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 63, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

уреди