Марта Арсовска Томовска

политичарка
(Пренасочено од Марта Арсовска-Томовска)

Марта Арсовска Томовска (1 март 1973 во Скопје) — министер за информатичко општество и администрација на Македонија во периодот 2015–2017. Претходно била заменик-министер во истото министерство.[1]

Марта Арсовска-Томовска
Министер за информатичко општество
На должноста
11 ноември 2015 – 1 јуни 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Иво Ивановски
Наследник Дамјан Манчевски
Лични податоци
Роден(а) 1 март 1973(1973-03-01)(51 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање политичар
Вероисповед православен христијанин

Животопис

уреди

Арсовска-Томовска е родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломирала на електротехничкиот факултет во Скопје, а магистрирала на економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

До 2011 година работела на раководни функции во Првиот семрежен услужник во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи. На нејзина иницијатива во 2004 година бил реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.

Во 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација. Од јануари 2013 година е член на големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември 2014 е и неизвршен член во одборот на директори на World Summit Awards. Добитник е на различни признанија, а била избрана и меѓу најдобри 10 менаџерки на годината.

Наводи

уреди
Политички функции
Претходник
Иво Ивановски
Министер за информатичко општество и администрација
2015–2017
Наследник
Дамјан Манчевски