Марко Кешељ (Белград, 2 јануари 1988) е поранешен српски кошаркар. Играл на позицијата крило.

Марко Кешељ
Марко Кешељ на СП 2010 година
Марко Кешељ на СП 2010 година
Позицијакрило
Висина2,08 м
Тежина94 кг
ЛигаКошаркарска лига на Србија
Јадранска лига во кошарка
Евролига во кошарка
КлубЦрвена Ѕвезда мтс
Роден2 јануари 1988 година
Белград СФРЈ СФРЈ
НационалностСрбија Србија
Драфт2010 / Не драфтуван
Проф. кариера2004–2010
Клубови
2004–2006Авала Ада / Мега Исхрана
2006–2007КК Сент Хосеп
2007–2008КК Келн најнтинајнерси
2008–2010КК Црвена Ѕвезда
2010-2012КК Олимпијакос
2012–2013КК Валенсија
2013КК Ле Ман Сарт баскет
2013-2014КК Асвел
2014-2015КК Мега баскет
2016КК Лаврио
2016-2017КК Остенде
2017-2019КК Црвена Ѕвезда
Репрезентација

Клупска кариера уреди

Кариерата ја започнал во белградска Мега Исхрана, за која настапувал две сезони. Светислав Пешиќ го повикал и кратко играл за КК Сент Хосеп, а потоа како позајмен играч на Келн, каде тренер му бил Саша Обрадовиќ.

После тоа, Светислав Пешиќ го носи во Црвена звезда, каде одигрува две многу забележителни сезони. Играше за Црвена звезда од 2008 до 2010 година и за тоа време на 99 официјални натпревари постигнува 874 поени. Во првенството на Србија во 2010 година постигнува 11,6 поени, а во плејофот по 14 поени по меч. Во втората сезона во Звезда постигнува 492 поени на 47 натпревари и беше меѓу најдобрите играчи во тимот, но до трофејот не стигна во црвено-белиот дрес. Од многу талентиран млад кошаркар стигна до дресот на сениорската репрезентација. Иако без титула во Звезда, добива целосна афирмација.

Голем интерес го однесе во грчкиот Олимпијакос, за кој играше до 2012 година. Со Олимпијакос ја освои Евролигата во сезоната 2011/12.[1]

Сезона 2012/13 ја започнува во редовите на шпанската Валенсија, но ја напушта во февруари 2013 година поради кратка минутажа и заминува во францускиот Ле Ман до крајот на сезоната. За сезоната 2013/14 потпиша договор со Асвел.

Во октомври 2014 година се вратил во Србија и потпишал отворен договор со Мега Лекс.

Репрезентативна кариера уреди

 
Марко Кешељ на ЕП 2011 година

Кешељ е освојувач на бројни трофеи во помладите категории на српската репрезентација. Колекцијата вклучува злато со јуниорската репрезентација на Светското првенство во Нови Сад во 2007 година, злато со репрезентацијата до 20 години од Европското првенство во Рига во 2008 година и златен медал од Универзијадата во Белград во 2009 година.

Во сениорскиот дрес на Србија се истакнал на Светското првенство во Турција 2010 година, кога шутирал тројки со одлични 60 oтсто (21 од 35) и бил втор тројкаш на првенството. Тогаш бил трет стрелец на репрезентацијата со 100 поени, само три помалку од лидерот Ненад Крстиќ. Србија потоа го зазела четвртото место. Кешељ одиграл добро и на ЕП 2011 во Литванија, кога Србија го зазела еседмото место.

Успеси уреди

Клубски уреди

  • Ѓирона :
    • ФИБА Еврокуп (1): 2006/07.
  • Олимпијакос :
    • Евролига (1): 2011/12.
    • Грчко првенство (1): 2011/12
    • Куп на Грција (1): 2011
  • Остенде :
    • Белгиско првенство (1): 2016/17.
    • Куп на Белгија (1): 2017
  • Црвена звезда :
    • Српско првенство (2): 2017/18, 2018/19.
    • Јадранска лига (1): 2018/19.
    • Суперкуп на Јадранска лига (1): 2018

Репрезентативни уреди

Наводи уреди

  1. „Olimpijakos šokirao Tea i Krstića u poslednjoj sekundi, Ivković prvak Evrope!“. sport.blic.rs. 13. 5. 2012. Посетено на 5. 9. 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски уреди