Марко Касагранде
Марко Касагранде, (роден 7 мај 1971), е фински архитект, еколошко пејсажен уметник, теоретичар на архитектура, писател и професор по архитектура. Дипломира на Хелсиншкиот Универзитет за Технологија, во областа на архитектурата (2001)
Рани години
уредиКасагранде е роден во Турку, Финска, во влијателно Финско-Италијанско католичко семејство.[1] Своето детство го поминува во Илиторнио, Лапонија (Финска), додека на училиште оди во Каржа, мал град во јужна Финска, од каде се преселува во Хелсинки за да студира архитектура.
Војник и писател
уредиПосле својата служба во Финската армија, во 1993 Касагранде волунтира за Одбранбените Сили на Хрватската Република Херцег Босна HVO. Под име Лука Моконеси, пишува контроверзна книга Mostarin tien liftarit/Автостопери на патот до Мостар (WSOY 1997) [2] за своите искуства во Босанската Граѓанска Војна. Засновано на описот на воено злосторство извршено од главниот карактер во автобиографската книга, тој e под сомнение дека е воен злосторник. Во одбрана, подоцна тој изјавува дека во суштина книгата се заснова на невистинити случувања.[3]
Лично Касагранде покажува нулта толеранција кон секое воено злосторство, во секој случај. "Таа војска знаеше дека постапува погрешно. Ова е целосно спротивно на колективната способност и заедничкиот дух. Секој може да разбере дека по ниту една цена не е военa ефикасност да ги разбиваш вратите на домовите на стари луѓе." Касагранде држи настава за стратегија и водство на Националниот универзитет за одбрана на Финска, уште од 2006 г.[4]
Архитект и уметник
уредиОд раната фаза на својата кариера Касагранде почнува да ја меша архитектурата со други дисциплини од уметноста и науката, појавувајќи се во светот со серија на еколошко свесни архитектонски инсталации.[5] Откако станува финалист во UK дневникот Архитектонска Критика, натпревар Појавување Архитектура (1999) [6] Марко Касагранде и неговиот тогашен партнер Семи Ринтала, беа поканети на Венециско Биенале 2000. Репортерот на Њујорк Тајмс го избира нивниот проект "60 Минути Човек", како личен фаворит на Биеналето. Во проектот Касагранде и Ринтала посадуваат дабова шума во напуштена лаѓа каде стојат отпадоци од човекот собрани за 60 минути во градот Венеција. Контроверзното архитектонско дело на Казгранде го опфаќа доменот на архитектурата, урбано и еколошко планирање, еколошка уметност, циркус и други уметнички дисциплини.[7]
Во потрага по потсвесна архитектура, вистинска реалност и врска помеќу модерниот човек и природата. Тој верува дека човекот не треба да биде заслепен од стресот, економската средина, онлајн пристапот за забава и информации. Вредно е она кое е вистинско. [8]
Проектите и предавањата на Казагранде се движат слободно помеѓу архитектура, урбан и еколошки дизајн и наука, еколошка уметност и циркус, доградувајќи се со контроверзната архитектонска мисла commedia dell'architettura, широка визија на средина изградена од човекот, врзана помеѓу социјалната драма и еколошката свест. Не постои друга реалност освен природата. [5]
После проектот Ридот на Богатството, во кој Касагранде променува нелегална населба на урбани фармери во експериментална лабораторија за еколошки урбанизам, Касагранде беше избран за професор по еколошко урбано планирање на Тамканг Универзитетот, во Република Кина.[9] Преобразбата добива различни реакции од заедницата.
Градот на третата генерација
уредиКасагранде гледа на градовите како сложени енергетски организми во кои различно преклопување на енергетски слоеви го одредуваат движењето на граѓаните како и развојот на градот. Со комбинирање на еколошко пејсажна уметност и урбан дизајн Касагранде развива методи на прецизна(точно одредена) манипулација на урбаната енергетска циркулација со цел да созаде еколошки одржлив урбан развој во насока на таканаречениот Град на третата генерација (постиндустриски град).[10]
Касагранде ги користи принципите на акупунктурата: ги третира точките со препрека и ја разнесува болката низ телото. Директноста и чувствителноста кон потребите на заедницата отколку традиционалните форми на урбаните интервенции за обнова во голем размер, не само што ќе одговори на локалните потреби, туку тоа ќе го направи преку знаење за тоа како функционираат големите градски системи и конвергираат во зедничка точка. Ослободувајќи притисок во точките на стратегија, ослободува притисок за целиот град.[11]
Теоријата на Градот на Третата Генерација гледа на постиндустриската урбана состојба како машина уништена од природата вклучувајќи ја човековата природа и архитектите како шамани кои преку дизајн едвај толкуваат што пренесува поголемата природа на заедничката мисла. [12] Оваа органска машина преживеа низ континуирани и спонтани процеси на распаѓање кои ги вршат граѓаните, кои Касагранде ги именува како 「градинари анархисти」по пат на урбани фарми,[13] илегална архитектура [14] и урбана акупунктура.[15] Елементот на Урнатината е согледан како нешто што е направено од човекот станува дел од природата.[16] Теоријата е развиена во самостојниот мултидисциплинарен истражувачки центар Ruin Academy (2010-).[17]
Градот на третата генерација ја следи првата генерација каде луѓето по мирен пат коегзистирале со природата и насекаде изградените ѕидови и градби од камен на втората генерација како обид да се изолираат од природата. Како и да е, во третата генерација, природата, која никогаш не може вистински да се изолира, израснува низ урнатините, низ пукнатините во ѕидот, ја повлекува човековата природа назад во пошироката природа. Градот на третата генерација се ориентира кон на локално знаење и урбана акупунктура отколку на централно контролирано урбанистичко планирање.[18]
Касагранде ја опишува урбаната акупунктура како:
контроверзна архитектонска манипулација на колективниот чувствителен градски интелект. На градот е согледан како повеќе димензионален чувствителен енергетски организам, односно жива средина. Урбаната акупунктура се стреми за допир со таквата природа' [19] и Чувствителност за да го разбере движењето на енергијата на колективниот дух chi кое е под видливиот град и да реагира во загрените точки на таквиот дух. Архитектурата е во состојба да ги произведува иглите за акупунктурата на урбаниот чиchi. [20] па така тревките ќе продарат и во најмалата пуканатина на асфалтот и конечно ќе го разрушат градот. Урбаната акупунктура е коренот тревка а точка на акупунктурата е пукнатината. Веројатноста на влијанието е целосна, поврзувајќи ја човековата природа како дел од природата. Теоријата ја отвора вратата на неконтролирана креативност и слобода. На секој граѓанин му е овозможено да учествува во креативниот процес, да се чувствува слободно користејќи го градскиот простор за било која намена и да ја развива својата средина според својата волја.[21] Застапниците на Градот на Третата Генерација се чувствителни граѓани кои го чувствуваат повикот за одржлива соработка со остатокот од природата, чувствителни граѓани кои се свесни за уништувањето кое безчувствителната модерна машина го прави врз природата вклучувајќи ја човековата природа.[22]
Позицијата на архитектите и дизајнерите за органското знаење е деликатна. Ние не сме оние кои продолжуваат да ја носат оваа колективна генетска меморија, но ние сме во подобра позиција да ја толкуваме и преговараме со неа, чекор по чекор, како што шаманот добива одговори од органското потекло. Ова лесно може да стане погрешно, кога архитектот на неговото его си припишува авторски права од локалните знаења. Претпоставувам дека често ќе биде доволно да се создаде платформа на случајности за органското знаење да стане површина, почне да се подготвува, и ги наоѓа своите сопствени форми и динамики. Дизајнот овде не е нужно потребен и дизајнот не треба да ја замени реалноста- додека органското знаеање е поблиску до реалноста, природата.[23]
Проектите на Касагранде се одбрани трипати на Венециското Биенале за Архитектура; 2000, 2004 и 2006 година.[24]
Соработка со Ринтала
уредиКасагранде & Ринтала - Марко Касагранде и Семи Ринтала - е Фински архитект и уметничка група која произведува архитектонски инсталации 1998-2003 за интернационални собири на современа архитектура и уметност. Нивните проекти се движат помеќу архитектура и еколошко пејсажна уметност.[25]
За нивната пејсажна инсталација 1000 Бели Знамиња (лето 2002), на пример, уметниците означија ридска падина за скијање во Природниот Парк Коли, Финска, со знамиња направени од искористени чаршафи од ментална болница. Касагранде и Ринтала тука привлекоа внимание кон лудилото на стопанствениците кои ги сечат прастарите шуми.[26] Проектот Land(e)scape на Касагранде и Ринтала беше награден во Архитектонската Критика Појавување Архитектура Награда, Натпревар во 1990 г.[6] и избран за Венициско Биенале 2000. Критичарот на архитектурата од Њујорк Тајмс Херберт Машамп, го избра нивиот проект 60 Минути Човек како личен фаворит на Биеналето.[27]
Касагранде и Ринтала лично ги дизајнираа и реализираа своите дела. Процесот на дизајн продолжи и за време на изградбата.
"Проектот само по себе вообичаено ја менува својата форма или задржува повеќе слоеви за време на реализацијата. Отворени сме за промени за време на изградбата. Кога си ја наоќа својата форма, вообичаено почнува да ни кажува повеќе за себе." [28]
Значајни проекти
уредиLand(e)scape
уредиLand(e)scape (1999), претставува архитектонска инсталација од Финските архитекти Касагранде и Ринтала, со Марко Касагранде и Семи Ринтала, во поранешно поле во Савонлина. Проектот се однесува на процесот на дезертација во Финските приградски населби. Три од овие напуштени колиби, 『беа доведени』, објаснува архитектот, 『до точка каде тие мораа да ја прекинат својата врска со солите. Изолирани, тие се издигнаа на своите нозе нишајќи се кон градовите на југот. 』[29]
Проектот е награден во Архитектонската Критика, Појавување Архитектура 1999 Натпревар и избран за Венециското Биенале 2000. Land(e)scape ја означува интернационалната кариера на Касагранде и Ринтала.[30]
Уметничкото дело е запалено од авторите во октомври 1999.[31]
Land(e)scape ја претставува Финска во Новите Трендови на Архитектурата во Европа и Јапонски изложби 2001.[32]
Redrum
уредиRedrum (2003) е архитектонска инсталација во Енкориџ, Алјаска од финските архитекти Касагранде & Ринтала. Проектот е овластен од Алјаска Формуот за Дизајн.[33] 3 танкови за нафта од Железничката во Алјаска, пресечени во вкупно 12 делови создаваат градба на Храм наспроти Федералната Зграда на Енкориџ во вкрстувањето на C-улицата и 7та Авенија. Внатрешноста е обоена со светлоцрвена боја во контраст на запуштената и груба надворешнност. Подот е изработен од 3500 кг школки, потекло на целата нафта во Аласка.[34]
Читајќи од назад "Redrum" е "убиство". Дизајнерите имале намера да остават коментар на врската помеѓу нафтата, војната и околината. Локалните медиуми местото го опишуваат како "шамар во лице за населението на Алјаска." [35]
Потемкин
уредиПотемкин е архитектонси парк изработен од челик на Касагранде & Ринтала за селото Курамата во Јапонија 2003. Челично изработена комбинација на храм и машина.[36] Проектот содржи внатрешни и надворешни простори за пост-индустриска медитација.[37] Потемкин е овластен од Ечиго-Џумари Триенале на Современа Уметност 2003.[38]
Потемкин поставен како Акропол да биде пост индустриски храм за да се размисли на врската помеѓу модерниот човек и природата. Потемкин го гледам како култивиран отпаден двор сместен помеѓу античките оризови полиња и реката со правата оска ко храмот Шинто. [39]
Локацијата е поранешна нелегална површина за отпад претворена во крајречен парк.[40] Архитектурата на паркот е нацртана на локацијата врз снег во размер 1:1 преку одење по патеките со чевли за снег и потоа изградена кога снегот се стопил.[41]
Паркот е изграден од еден инч тенок Кавасаки челик и рециклиран урбан и индустриски отпад. Долг е 130 метри и широк 15 метри со серија на надворешни и внатрешни простори.[42]
Други проекти
уреди- 60 Minute Man, архитектонска инсталација, Касагранде & Ринтала, Венециско Биенале за Архитектура 2000
- 50 метри долга напуштена лаѓа во која е посадена дабова градина каде стојат отпадоци од човекот собрани за 60 минути во градот Венеција.
- Uunisaari Summer Theatre, современа архитектура, Касагранде & Ринтала, Хелсинки Финска 2000 [43]
- Современ кружен театар зграда на Суоменлина-остров надвор од Хелсинки
- 1000 White Flags, еколошко пејсажна уметничка инсталација, Касагранде & Ринтала, Коли Финска 2000
- Бели знамиња од искористени постелнини од душевна болница поставени на ридска падина за скијање за да го излечат ридот.[44]
- Quetzalocoatlus, инсталација, Касагранде & Ринтала, Хавана Биенале 2000
- 300 кг железна решетка протегајќи се помеќу зградата на двата универзитети со 10 км долга патека за риболов.[45]
- Bird Hangar, архитектонска инсталација, Касагранде & Ринтала, Јокохама Триенале 2001
- Решетка и јаже од коноп ослободуваат балса птици допрени до метеролошки балони кои носат семиња од јапонски зеленчук во градот.[46]
- Installation 1:2001, јавна инсталација, Касагранде & Ринтала, Фиренца Биенале 2001
- Кружен ѕид од 15000 политички, филозофски и религиски книги, околку кој насловот на книгата се повлекува а белата хартија е напред. Првично намерта била проектот да биде поставен во Куба, но поради отпорот на владата проектот приморано е во Италија.[47]
- Dallas-Kalevala, уметничко патување, Касагранде & Ринтала, Деметра Енвиронментална Уметност, Хокаидо Јапонија 2002
- Патување на копно од Финска до Јапонија со автомобил собирајќи слики од баби, стари секири и локален радио звук.[48]
- Chain Reactor, архитектонска инсталација, Касагранде & Ринтала, Монтереал Биенале 2002
- 6 x 6 x 6 метри коцка од I-греди и рециклиран челичен синџир врамуваат огниште.[49]
- Anarchist Gardener, уметност на перформанс и инсталации. Порторико Биенале 2002
- Парада на измислен Бог да се сопре сообраќајниот метеж на автопатот со цел да се создаде серија на Зен градини.[50]
- Floating Sauna, современа архитектура, Касагранде & Ринтала, село Розендах Норвешка 2002
- Лебдечка транспарентна сауна на завршетокот на фјорд како јавен простор во селото на риболов. 6 Круг победник на 20+10+X Архитектонски Награди.[51]
- Treasure Hill, реставрација на станбен простор, Тајпеј Тајван 2003
- Еколошка рехабилитација реализација на нелегална станбена површина.
- Post Industrial Fleet, бродоградителство, ЕКИПА*31 Венеција Биенале за Архитектура 2004
- Стратегии на архитектонско рециклирање за индустриските бродови на повик.
- Human Layer, урбана акупунктура, Поздрави од Лондон[52]- Хелсинки Фестивал - Тајпеј во движење 2004
- Серија планови на урбана акупунктура за градовите на Лондон, Хелсинки и Тајпеј.[53]
- Chamber of the Post Urbanist 104, инсталација животен стил, Тајпеј Музеј на Современа Уметност 2005
- Мебел изработен од челик за живеење на пост урбаниот пештерски човек.[54]
- Future Pavilion, Тајван Дизајн Експо
- CityZenGarden, инсталација, заедно со 3RW Архитекти,[57] Венеција Биенале за Архитектура 2005
- Ориентална камена градина од рециклирано стакло во Венецискиот затвор. Видео документација на Тајванските урбани фармери.[58]
- Chen House, Планини Датун, Тајван. Награда Светска Архитектура 2009.
- Урнатина е кога човечки направеното станува дел од природата. Преку оваа ќуќа ние имавме цел да дизајнираме урнатина.[59]
- Bug Dome, СЛАБОСТ! за SZHK Биенале 2009.[60]
- Неофицијален социјален клуб за нелегални работници; инсект архитектура.ref>[41] Архивирано на 12 септември 2010 г. - Daily Tonic: Bug Dome at the 2009 Biennale of Urbanism/Architecture by the WEAK!, 2009</ref>
- Ruin Academy, површина на Урбано јадро во Тајпеј, Тајван 2010.
- Поединечен контроверзен архитектонски истражувачки центар поставен за премислување на индустрискиот град и човекот во кутија.[61]
- Cicada, Тајпеј, Тајван 2011
- Sandworm, Beaufort04 Триенале на Современа Уметност, Вендуин, Белгија 2012[64]
Наводи
уреди- ↑ Kohuttu palkkasoturi päätyi arkkitehdiksi Архивирано на 30 септември 2007 г. - Turun Sanomat January 27, 2001 (фински)
- ↑ The mind of a fanatic Архивирано на 30 септември 2007 г. - Helsingin Sanomat, 18 September 2001
- ↑ taiteen palkkasotureita[мртва врска] - Voima 4/2002 (фински)
- ↑ Anttalainen & Vasaramäki, Casagrande (KALPA, Maanpuolustuskorkeakoulu, 2011), 38-41.
- ↑ 5,0 5,1 Architektur zwischen Landart und Konzeptkunst Архивирано на 26 јануари 2021 г. - Hochschule Munchen 6/2011
- ↑ 6,0 6,1 [1] - Architectural Review 12/1999
- ↑ [2] Архивирано на 22 ноември 2008 г. - Thurrock: A Visionary Brief in the Thames Gateway General Public Agency 2004
- ↑ [3] - Berkeley Prize Committee and Jury University of California, Berkeley 2007
- ↑ [4] Архивирано на 29 јуни 2012 г. - Atelier 3: Treasure Hill 10/2003
- ↑ INTERVIEW WITH M. CASAGRANDE ON URBAN ACUPUNTURE[мртва врска] - Laurits Elkjær, Bergen School of Architecture 4/2010
- ↑ Urban Acupuncture Архивирано на 16 април 2013 г. - Urban Applications - Community + Design Placemaking 2013
- ↑ [5] - Marco Casagrande: Cross-over Architecture and the Third Generation City Epifanio 9 2008
- ↑ The Community Gardens of Taipei - P2P Foundation 2010
- ↑ Illegal Architecture in Taipei - Kelsey Campbell-Dollaghan, Architizer 2011
- ↑ Anarchist Gardener Issue One 安那其建築園丁 – Nikita Wu: Anarchist Gardener 2010
- ↑ Chen House by C-Laboratory - Dezeen 2009
- ↑ Ruin Academy - Landezine 2010
- ↑ Returning Humans to Nature and Reality Архивирано на 8 март 2012 г. - Nick Couson, eRenlai 2011
- ↑ Urban Acupuncture: Revivifying Our Cities Through Targeted Renewal - Kyle Miller MSIS 9/2011
- ↑ Ruin Academy - Marco Casagrande Epifanio 14 2011
- ↑ Compost City - Guoda Bardauskait p. 30-31, Sustainable Urban Design Journal 1 2011
- ↑ An alternative learning platform: Ruin Academy – Anarchist Gardener Архивирано на 21 јуни 2012 г. - Mizah Rahman, Asian Urban Epicenters 2012
- ↑ Change from organic city - M. Casagrande, International Society of Biourbanism 2013
- ↑ [6] Архивирано на 30 август 2012 г. - World Architecture Community
- ↑ [7] Архивирано на 14 мај 2008 г. - World Architecture Community Contemporary -magazine 2003
- ↑ [8] Архивирано на 31 мај 2007 г. - Biennale de Montreal: Casagrande & Rintala (Finland) 2002
- ↑ [9] - New York Times 2000
- ↑ [10] Архивирано на 18 октомври 2006 г. - ARCH'IT: Casagrande & Rintala 2001
- ↑ [11] Архивирано на 15 април 2001 г. - The Architectural Review: A dramatic architectural installation designed to draw attention to the plight of the Finnish countryside., 12/1999
- ↑ [12] Архивирано на 14 мај 2008 г. - Adam Mornament: When Attitude Becomes Form Contemporary -magazine 2003
- ↑ [13] - The Architectural Review: Burning Passion., 12/1999
- ↑ [14] Архивирано на 4 септември 2011 г. - Catalog 1: Participating Architects (New Trends of Architecture in Europe and Japan 2001), 2001
- ↑ „Alaska Design Forum“. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2013-04-10.
- ↑ „Camp for oppositional architecture 25.6.2004“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-09. Посетено на 2013-04-10.
- ↑ Ditmars, Hadani (2003-06-21), Artfully pushing the boundaries in Anchorage, The Globe and Mail, Архивирано од изворникот 2012-05-26, Посетено на 2007-12-14
- ↑ [15] - Tamkang University: 卡馬可 Marco Casagrande 2004
- ↑ [16] Архивирано на 9 октомври 2007 г. - Camp for Oppositional Architecture 2004
- ↑ [17] - Echigo Tsumari Art Triennial 2003
- ↑ [18] Архивирано на 7 јули 2011 г. - Archi-Europe: Potemkin
- ↑ [19] - Japan-Guide: Echigo Tsumari Art Triennial Festival Highlights
- ↑ [20] - Landezine: Potemkin - Post Industrial Meditation Park by Casagrande & Rintala
- ↑ [21] Архивирано на 18 јули 2012 г. - Architecture News Plus: Potemkin - Post Industrial Meditation Park
- ↑ [22] - Architectural Review: Little Top
- ↑ [23] Архивирано на 18 октомври 2006 г. - ARCH'IT: Casagrande & Rintala
- ↑ [24] - Architizer: Quetzalcoatlus
- ↑ [25] Архивирано на 29 септември 2007 г. - Yokohama 2001: Artist Data Sheet
- ↑ [26] - Firenze Biennale Press Release 2001
- ↑ [27] - Demeter: Dallas-Kalevala (2002)
- ↑ [28] Архивирано на 31 мај 2007 г. - La Biennale De Montreal: Casagrande & Rintala 10/2003
- ↑ [29] Архивирано на 9 октомври 2007 г. - Camp for Oppositional Architecture, 2004
- ↑ [30] Архивирано на 22 март 2010 г. - 6th Cycle of 20+10+X Architecture Awards, 2010
- ↑ [31] - Human: Greetings from London
- ↑ [32] - Epifanio: Human Layer_Taipei, 2005
- ↑ [33] Архивирано на 28 септември 2007 г. - Taipei MOCA: Chamber of the Post-Urbanist 104, 2005
- ↑ [34] - Taipei Times: Design Expo Attracts Curious, 2005
- ↑ [35] Архивирано на 20 јули 2011 г. - C-LAB: The Art of Taiwan in Psychosis, 2005
- ↑ [36] Архивирано на 9 јули 2007 г. - 3RW Architects: Urban Farmers, 2006
- ↑ [37] Архивирано на 21 август 2007 г. - Taipei Representative Office: An Architect Takes Care of a Stone Garden in a City of Water, 2006
- ↑ [38] Архивирано на 28 мај 2010 г. - World Architecture: Winners / 4th Cycle, 2009
- ↑ [39] - Dezeen: Bug Dome by WEAK!, 2009
- ↑ [40] - Designboom: c laboratory: ruin academy, 2010
- ↑ Marco Casagrande’s Gorgeous Bamboo “Cicada” Pavilion Snakes its Way Through Urban Taipei - Lori Zimmer, Inhabitat 2012
- ↑ Marco Casagrande's bamboo pavilion Cicada wins the RED DOT AWARD 2012 Архивирано на 7 април 2012 г. - Finnish Architecture, 2012
- ↑ Marco Casagrande Sandworm Архивирано на 27 декември 2012 г. - Beaufort 04, 2012
- ↑ SANDWORM / Marco Casagrande - Diego Hernandez, Arch Daily 2012
- ↑ Marco Casagrande's Sandworm - Katrina Tan, Trendland 2012
Надворешни врски
уреди„Марко Касагранде“ на Ризницата ? |
- Casagrande Laboratory's official web page
- e-architect Архивирано на 11 јануари 2010 г.
- World Architecture Архивирано на 5 април 2011 г.
- Architizer Архивирано на 8 декември 2012 г.
- Casagrande's Work Chronology Архивирано на 25 август 2009 г.
- Interview with Marco Casagrande Архивирано на 29 април 2010 г., Linda Bennett, Archi-Ninja, Aug 2009
- Flesh is More Архивирано на 16 јули 2011 г., Jirawit Yamkleeb, art4d, Oct 2009
- Performative space: the loose boundary of architecture Nathalie Pozzi & Rebecca Jones, Epifanio 11, Nov 2009
- Cicada Nikita Wu, Shenzhen & Hong Kong Bi-City Biennale of Urbanism/Architecture, Dec 2009
- Architecture of the WEAK! Архивирано на 20 декември 2009 г. Robin Peckham, Kunsthalle Kowloon, Dec 2009
- HUMAN C-Laboratory, free newspaper, London 2004
- ar2com talks with Marco Casagrande Архивирано на 18 декември 2020 г. about his architecture, urban acupuncture, teaching and real and unreal spaces, Mar 2010