Маријка Бојаџиева

Маријка Г. Бојаџиева (18 септември 1900 во Јакоруда, Разлошко — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Уште за време на кралството Југославија со семејството се преселила во Ваташа, Кавадаречко. Активно и организирано учествувала во НОД од почетокот на 1942 година. Во нејзиниот дом организацијата изградила специјална скривница за сместување на илегална техника. Тука се печател Билтенот на Главниот штаб на НОВ н ПОМ. За време на работата на печатницата, Марика чувала стража. Во нивното лозје кое се наоѓало во месноста Катуништа се криеле илегалци, познати раководители на НОД, а таа се грижела околу нивната исхрана.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1003.