Марија Комнина (ќерка на Мануил I)

Марија Комнина Порфирогенита (грчки: Μαρία Κομνηνή, Maria Komnēnē, март 1152 - јули 1182) била византиска принцеза, најголема ќерка и прво дете на цар Мануил I Комнин и Берта Зулцбашка. Марија била наречена Порфирогенита, бидејќи по старата традиција царицата го родила своето прво дете, за кое сите се надевале дека ќе биде машки наследник на престолот, во посебна сала во царската палата, наречена "Пурпура сала".

Марија Комнина
Роден(а)март 1152
Починал(а)јули 1182
СопружникРајнер Монфератски
ДинастијаКомнини
ТаткоМануил I Комнин
МајкаБерта Зулцбашка

Во 1163 година Марија Порфирогенита била свршена за унгарскиот крал Бела III. Цар Мануил, кој не верувал дека ќе се здобие со машки наследник, планирал да го посочи за наследник на престолот идниот зет, за што го удостоил со титулата деспот и името Алексиј. Веридбата на Марија и крал Бела III била повлечена во 1169 година, веднаш откако втората сопруга на царот, Марија Антиохиска родила син на Мануел I, Алекссиј. Набргу потоа Марија Порфирогенита биласвршена за крал Вилхелм III Сицилијански, но и овој брак бил повлечен е од Мануил I. Конечно во 1180 година Марија се омажила за Рајнер Монфератски (1162-1183), кој го променил своето име во Јован и ја добил титулата Цезар.

По смртта на царот Мануил I Комнин во февруари 1181 година, Марија Порфирогенита и сопругот организирале заговор против регентството на Марија Антиохиска која управувала од името на малолетниот Алексиј II Комнин. Тие на своја страна го привлекле цариградскиот патријарх и Андроник Комнин, братучед на царот. Како првородена ќерка на Мануил Комнин, Марија Порфирогенита се сметала за легитимна наследничка на власта во империјата, а и имала години за да може да владее. Заговорот сепак бил откриен во почетокот на март истата година и патријархот бил уапсен по наредба на Алексиј Комнин, што го означило почетокот на крвавата одмазда по улиците на Цариград. За време на овие настани Марија Порфирогенита, Рајнер Монфератски и група нивни истомисленици биле опседнати во црквата Св. Софија (пред Велигден на 5 април). Првично Марија Антиохиска и Алексиј Комнин им понудиле на двајцата амнестија, но тие категорично одбиле, бидејќи се потпирале на помошта на населението на градот, што во најголем дел ги поддржувале. Во подготовките за освојувањето на црквата Алексиј ја испратил против бунтовниците царската гарда, а луѓето на Марија Антиохиска ги уништиле зградите околу црквата и Августајон кои служеле за прикривање на бунтовниците.

Големата битка меѓу царската војска и оние во црквата започнала на 2 мај 1181 година. По одреден отпор некои од луѓето на Марија Порфирогенита и цезарот Рајнер се предале, а други се самоубиле во самата црква. Рајнер направил обид да ја пробие опсадата, но подоцна во текот на денот бил принуден да отстапи повторно зад ѕидовите на храмот. Во меѓувреме, во негово име, патријарх Теодосиј ги замолил на регентите за привремен прекин на борбите. Марија Антиохиска и Алексиј Комнин го прифатиле предлогот и испратиле делегација, која да преговара. Марија и Рајнер добиле гаранација дека нема да го изгубат статусот во дворскат хиерархија, по што борбите конечно биле прекинати[1] .

Во 1182 година Андроник Комнин влегол во градот и ги потикнал неговите жители да извршат масовни колежи во соседството на Латините, односно населбите населени претежно од Венецијанците и Генуезци[2][2]. Откако Андроник воспоставил контрола над Цариград, царицата Марија Антиохиска била уапсена и фрлена во зандана, а Марија Порфирогенита и Рајнер Монфератски биле отруени по негова наредба. Самиот Андроник Комнин застанал на чело на регентскиот совет на малолетниот Алексиј II Комнин, кој го убил подоцна.

Наводи уреди

  1. Garland, Lynda, & Stone, Andrew, "Maria Porphyrogenita, daughter of Manuel I Comnenus", De Imperatoribus Romanis
  2. 2,0 2,1 Nicol, Donald M. (1992). Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations. Cambridge University Press. стр. 106. ISBN 978-0-521-42894-1.

Литература уреди