Отвори го главното мени

Марински дворец (Киев)

дворец во Киев, седиште на претседателот на Украина

Марински дворец (украински: Маріїнський палац) — службено седиште на претседателот на Украина во Киев, сместено до државното собрание. Објектот бил изграден во барокен стил и се наоѓа на брегот на реката Днепар.

Марински дворец
Маріїнський палац
Maryinsky Palace, residence of the Ukrainian President.JPG
Општи податоци
Стилбарок
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Завршена1755
НарачателПретседател на Украина
Проектирање и изградба
АрхитектБартоломео Растрели
Иван Мичурин

Дворецот започнал да се гради во 1744 година, во времето на руската царица Елисавета Петровна, а била проектирана од Бартоломео Растрели, најпознатиот архитект во Руската Империја во тоа време. Еден од студентите на Растрели, Иван Мичурин, заедно со група на други архитекти, го завршиле дворецот во 1752 година. Првата царска посета на дворецот ја направила Катерина II во 1787 г.

Кон почетокот на XIX век, објектот бил опожарен. Бо 1870 година, Александар II го преградил гворецот, а како главен архитект бил Константин Мајевски.

За време на Руската граѓанска војна во 1917-1920 г. дворецот служел како како штаб, особено во текот на Киево-болшевичкото востание. Во 1920-тите години, зградата била претворена во музеј. Во текот на Втората светска војна, зградата била многу оштетена, а обновена кон крајот на 1940-тите. Друга голема реставрација објектот доживеал во 1980-тите години.

Координати: 50°26′54″N 30°32′15″E / 50.44833° СГШ; 30.53750° ИГД / 50.44833; 30.53750