Манастир „Пресв. Богородица Мавровска“
Пресвета Богородица Мавровска или Мавриотица (грчки: Παναγία Μαυριώτισσα, Панагија Мавриотиса или Μεσονησιώτισσα, Месонисиотиса) — православен манастир кај Костур, Егејска Македонија. Ова е поранешен Македонски манастир, изграден во времето на Охридската архиепископија, кој денес ѝ припаѓа на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
![]() Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Други имиња | Мавротица |
Основан | X век |
Матична црква | Цариградска патријаршија |
Епархија | Костурска |
Место | |
Место | Костур |
ГеографијаУреди
Манастирот е сместен 3 км источно до градот Костур, на крајот на Костурскиот Полуостров. Преку Костурското Езеро се наоѓа селото Маврово, по кое е наречен.
ИсторијаУреди
Црквата е изградена во X век, а живописот во неа е насликан во XIII. Се верува дека е изградена од царот Алексиј I Комнин (влад. 1081-1118) на местото каде војсководецот Георги Палеолог ги заобиколил и поразил Норманите, кои нападнале во 1083 г.[1]
Манастирот најпрвин се нарекувал Средоостровски. На почетокот на XVII век е преименуван во „Крпенички“ (т.е. „Богородица Крпеничка“) по блиското село Крпени. а некаде од средината до крајот на истиот век го добил денешното име, по селото Маврово на спротивниот брег.
Особено забележителна е сцената „Страшниот суд“. Резбаната влезна врата исто така е од X век.[2]
ЛитератураУреди
- Γούναρης, Γεώργιος Γ. Η Παναγία Μαυριώτισσα της Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1993.
ГалеријаУреди
Богородица на фреска
Свети Сисој в параклисаот „Свети Јован Богослов“ (1552)
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Манастир „Пресв. Богородица Мавровска““ на Ризницата ? |
- „Манастир „Богородица Мавровска" - Костур“. Манстири на Грција. (грчки)