Манастир Св. Илија (Бањани)

Северозападно од Скопје, во долината на Бањска река, во непосредна близина на С.Бањани се наоѓа црквата Св.Илија.

Нема писмени документи и историски извори и податоци за поблиско датирање на црквата Св.Илија. Тоа е мала, еднокорабна црква слепена со северната страна на една карпа.Затоа во литературата се спомнува како пештерска црква. Апсидата од надворешната страна е тристрана.

Во внатрешноста на црквата се распознаваат два слоја живопис. Вториот слој не претставува уметничка вредност. Меѓутоа според зачуваните остатоци од првиот слој, би можело да се претпостави дека црквата била изградена во 15 век.

Денес ова претставува многу популарно излетничко место посебно поради тоа што самата црква има свои конаци кои преку целата година се зафатени.